3 декември, 2008 - 20:38
[веб кирилица]

Бесплатен интернет

од lujka на 29 дек 2006 - 06:00

Бесплатен интернет за новогодишните празници

Бесплатен интернет за македонските граѓани во периодот од 31 декември 2006 до 2 јануари 2007 година ќе овозможи Владата.

„Владата во текот на новогодишните празници на сите граѓани на Македонија ќе им овозможи бесплатен Интернет. Секој корисник на интернет со впишувањето на корисничкото име „Влада на РМ“ и лозинка „остваруваме“ ќе има бесплатен Интернет пристап“, изјави новиот министер без ресор Иво Ивановски. (Корисничкото име веројатно треба да биде заедно напишано - „владанарм“, плус без големи букви, иако би било логично корисничкото име и лозинката да не бидат case sensitive за да нема забуни.)

Според министерот, во насока на развојот на информатиката во земјата, македонската Влада кон крајот на март следната година ќе организира масовна програма за едукација, на која ќе може да се пријави секој граѓанин што сака да се запознае со начинот на кој функционира интернетот.

Новиот министер најави дека плановите за идните чекори и проекти што ќе ги презема во насока на развој на информатичкото општество ќе ги соопшти на почетокот на следната година.

Извори:

http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=48827&NrIssue=228&NrSection=10&search_x=4&search_y=7

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CCA915BFDF2D3D46B24394F55B447395

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=968&ArticleID=63905

http://www.vmro-dpmne.org.mk/vesti/vest.asp?id=1736

Опции за гледање на коментари


сликата на Зелен
убаво... - од Зелен на 29 декември, 2006 - 11:04

убаво...

сликата на dimitar27
Не разбирам, - од dimitar27 на 29 декември, 2006 - 14:15

Не разбирам, како ќе се најавуваме? Сеедно на кој провајдер сме? Сеедно на каков пакет сме? И еве се закачуем со тој владиниот пас, и каква конекција добивм, каква што е мојата или дајл ап? Некако полунедокажано ми е муабетчево.У секој случај добра акција, ем реклама за влада, ем нек се порадува народ. Сигурен сум дека нашиов народец и да има флет рејт пак ке се закачи на ова, зошто пусто „Кад је гага и вода је блага (петревска)“ [се смее]))

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

сликата на lujka
Еве што најдов - од lujka на 29 декември, 2006 - 20:13

Еве што најдов за тоа:

Бесплатен dial-up

Од Интернет Македонија
Креирано 29 Дек 2006 - 09:29
Владата преку оглас во дневните весници, ги објави детаљите како да се искористи бесплатниот интернет обезбеден во сабота, недела, понеделник и вторник. Бесплатниот телефон е 055-200-200, username: vladanarm, password: ostvaruvame.

Изворно URL:

http://internetmk.blog.com.mk/node/61092

За понатамошни информации веројатно можеш да пишеш e-mail до некој од одговорните. Ако претпоставиме дека нив писма секој ден гарант по катаљарда им стигнуваат, можеби би било покорисно и побрзо да се обратиш до нивните канцеларии, советници и сл., или пак пиши секаде, па од каде ти одговорат. Секако, одговорот би бил многу пополезен во форма на едно соопштение до медиумите во кое би биле содржани сите информации за се’ што би можело да ги интересира граѓаните околу ова. Потоа би можеле да бидат повторени кусите информации за тоа како конкретно граѓаните би се закачиле на интернет бесплатно (тоа што веќе е кажано, само за да се потсетат луѓето и да се информираат оние кои не знаеле).

Инаку, кога сме веќе кај тоа, ми изгледа дека општо земено на село народот пројавува повеќе граѓанска иницијатива отколку народот во град. Мојот впечаток е дека на село луѓето воглавно се запознаени со информациите врзани за работите кои нив ги засегаат - колку им е откупна цена на ова-она, кој, како и за колку им доведува струја, вода итн. (односно што точно плаќаат, колку и зошто), што се случува во кооперација, која одлука на владите како ги тангира, дали според тој и тој АБВ план ќе им се исплати за Х години да произведуваат тоа-и-тоа, дали да ја продадат кравата Меџеџа, и не знам веќе што. [се смее]

Оф топик: Алекс Букарски доби награда од „Темплум“ за книгата „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“.
Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=129005&idg=6&idb=1958&rubrika=Kultura
(Мој коментар: Па што. Се’ уште е простак без причина.)

For free, open and networked everything.

сликата на nistapetnaes
Бесплатен интернет - од nistapetnaes на 1 јануари, 2007 - 17:19

lujka напиша:

Бесплатен интернет за новогодишните празници

Бесплатен интернет за македонските граѓани во периодот од 31 декември 2006 до 2 јануари 2007 година ќе овозможи Владата.

Абе дечки ние вчера пробавме да се уклучиме на бесплатниов интернет ама не го препознаваше пасвордот ! Што така?

сликата на ГоранОдЧаир
конфузија - од ГоранОдЧаир на 1 јануари, 2007 - 21:10

Цитат:

Бесплатен интернет за македонските граѓани во периодот од 31 декември 2006 до 2 јануари 2007 година ќе овозможи Владата.

Абе дечки ние вчера пробавме да се уклучиме на бесплатниов интернет ама не го препознаваше пасвордот ! Што така?

њу брачко и кај мене викаше така денес, али ја ево упорен и се убацив [намигнува] така да не знам што е проблемот, али додека функционира нема проблем [намигнува]

пс. или пробај пак напиши ги корисничкото име и лозинката...

------------------------------------------------------------------
по повод празниците : ...само барабани [намигнува]