4 декември, 2008 - 00:48
[веб кирилица]

И по Тито-Тито! ! ! Или Бранко??

од dimitar27 на 20 дек 2006 - 15:35

Читам сега ова:

-----------------------------------------------------------------------------------------------
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E5B751E571A9944DA47B4DD15F15076F

------------------------------------------------------------------------------------------------
ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ШТО ГО ПОЧИТУВААТ ЈОСИП БРОЗ

Протест против уривањето на споменикот на Тито
Во Општина Центар велат дека ќе ја поддржат иницијативата за обележјето, но само ако се почитува процедурата за поставување, во спротивно ќе го урнат

Почитувачите на ликот и делото на Јосип Броз Тито денеска ќе протестираат пред Домот на АРМ и ќе бараат од надлежните институции да издадат дозвола за поставување на споменикот на поранешниот претседател на СФРЈ. Здружението пред три недели почна да го гради постаментот за споменикот во зеленилото пред Домот на АРМ и покрај тоа што немаше градежна дозвола. Слободан Угриновски, претседател на Здружението на почитувачите на Тито и на партијата Титови леви сили вели дека врховниот командант на некогашната ЈНА заслужува спомен-обележје во центарот на Скопје.

- Целото членство ќе застане во одбрана на постаменот од намерите на општинските власти од Центар да го урнат - вели Угриновски.

Во Општина Центар велат дека ќе ја поддржат идејата на граѓаните за подигање споменик на Тито, но само ако се почитува легалната процедура за поставување споменици и спомен-обележја.

Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на градоначалничката Виолета Аларова, вели дека покрај постаментот, членовите на Здружението викендов нелегално поставиле и биста на Тито.

- Општина Центар ќе го отстрани постаментот бидејќи е поставен без одобрение. Градежната инспекција вчера направи увид и констатира дека споменикот е дивоградба, по што издаде решение за негово отстранување. Здружението поднело барање за локација за споменикот и во него навеле три места - во зеленилото пред Домот на АРМ, спроти Владата или во Градскиот парк, зад споменикот на Гоце Делчев. Барањето е разгледано и на Здружението му одговоривме дека според деталните урбанистички планови, за овие локации нема можност за издавање техничка документација за споменик. На тие места нема маркички за споменици - се вели во соопштението од Општина Центар.

Градоначалничката Аларова вчера попладне требаше да се сретне со иницијаторите за да најдат заедничко решение за подигање на споменикот. Во знак на поддршка, Општината Центар е подготвена да учествува во градежните работи и уредувањето на околниот простор, но се' мора да биде легално.

Од Здружението велат дека пред два месеца поднеле барање до Општината Центар, Градот, Владата, министерствата за култура, транспорт и врски и финансии и до Собранието во врска со споменикот, но досега никој не им одговорил. Оттаму се повикуваат на Законот за управните постапки, според кој, ако институцијата во рок од 30 дена не се изјасни за барањето, тоа значи дека се согласиле.

Обележјето на Јосип Броз ќе ја надмине височината од два метра, а самата биста ќе биде висока 1,8 метар. Почитувачите на Тито велат дека ги побарале неговите споменици што стојат во депоата на Генералштабот и Министерството за одбрана. Ако не им биде даден споменик, велат дека ќе го купат од Титово Ужице и за него ќе платат околу 17 илјади евра.
-----------------------------------------------------------------------------------------------

Е до кога бе другари и другарки вака?

Лицето Б.Ц. АКА Прецеднико уште у Мај је нафрли оваа идеа, ама сега очигледно Угро и компанија му го одработуваат проектот „Споменик на Тито во главниот град на самостојна и суверена Македонија“.

И тоа у денешно време, во година во која цел свет го осуди комунизмот како опасна идеологија виновна за смртта на милиони луге и скоро го изедначи со фашизмот.

Па нели е срамота за нас како народ и како држава да ставаме споменик на човекот кој 50 години тоталитарно владееше на овие простори, човек кој испрати сургун повеќе од 10000 Македонци чиј единствен грев беше нивното залагање за самостојна Македонија?!?

Па уште Аларова ке подржела ова ама да било легално??!!Со чиви пари Госпоѓо Аларова??? Камо сега да прати багери да го рушат споменикот кој Угро и екипа НЕЗАКОНСКИ го поставија пред АРМ?Ај да пробаме ние да ставиме споменик на наш омилен јунак кај ке ни текна, или уште подобро во центарот на Скопје, па да видиме како ќе реагира општината.

Знам јас дека половина од овој народец сеуште жали за бившата ни Југа (btw затоа и не се оправаме 15 год), ама мора да сватиме дека тоа што тогаш имало ,редовни плати и вработување , нема да ни се врати ако изградиме споменик на „другарот“.

Да не зборувам каква порака испраќаме на светот.Истиот оној свет кој оваа година го осуди комунизмот и сите негови лидери, а свет кон кој барем декларативно сите се стремиме.

Најголем виновник за оваа глупост ни е лицето Б.Ц., а овие смешни и бедни човечиња кои гордо стојат до споменикот на тиранот и се спремни да двојат од бедните им пензии (не сите) за да дадат 17 факинг иљади евра за скулптура на „другарот“ се само дел од замаената маса која сеуште верува во „враќање наМаршалот“. Имате бре кафана „Кај Маршалот“ идете таму, пијте по една ракија и спомнувајте си за времето кога сте била фраери,ама сватете дека тоа нема да Ви се врати, прво затоа што тоа не се варќа со градење споменици, а второ затоа што Вашата младост одамна поминала Господа Другари.

За крај ке парафразирам дел од филмот „Лепа Села Лепо Горе“ каде ликот кој го игра Никола Којо му сржува на еден јунак (го игра Бата Живојиновиќ) од „чесните југословени“ нешто во врска со чесноста.

Сигурен сум ова ќе го разберат оние кои сакаат да го слават ликот и делото на ЈБТ, иако се надевам ќе го разбрете сите:

„Ваше чувено поштење.Увек сте били пуни срања о том Вашем поштењу.Док Вам је чопави загорац трпао америчке доларе у дупе знали сте да кењате о братсву и јединству.50 година карали најбоље рибе, возили најскупља кола,па сад, кад се кита више не диже, ајде мало да се бавимо поштењем.Епа серем се у то ваше чувено поштење, пиза Вам материна да Вам пизда материна свима вама...поштенима“

Опции за гледање на коментари


сликата на lujka
Споменик на Боб Рок - од lujka на 20 декември, 2006 - 18:59

Еден споменик на Боб Рок во кругот на Клинички центар и споменик на Супермен пред Храмот на Партизанска би ги решиле работите, гарант. Камења би се набавиле од планињево, а скулптурите (во карактеристичните пози, се разбира) би ги изработиле млади ентузијастични студенти од Факултетот за уметност, насока скулпторство. Треба само некој да се најде да шлепа камења од некаде со автомобил, камионче или слично.
За да биде аналогијата поверодостојна, секако барања за ваквите акции треба да се испратат до институциите каде што и споменатото здружение на граѓани испратило, па ако не одговорат во рок од 30 дена, илерииии со ставање споменици од јунаци од стрипови. Потоа може и свежо цвеќе да им се сади во свежо џитнатата црница пред спомениците.
А до мајка Тереза идеално би било да се постави Флеш Гордон како ја поминува со Гајгеров бројач.

Само нека каже некој дека е против Супермен. Само нека се обиде да го тргне. Ќе го бранам со сето срце и душа.

For free, open and networked everything.

сликата на B.
На Атомската Мравка - од B. на 20 декември, 2006 - 19:29

Споменик на Атомската Мравка треба, нема ни многу место да зафаќа, нема никој да се буни, ме,а и на никој нема да му боде очи. [скока] и ако може да се изведе вака да рипа.

Да, да...

сликата на Zelka
јас би од - од Zelka на 20 декември, 2006 - 18:54

јас би од хелмут њутн. тука кај платото на АРМ. и тоа со леан женски модел како тој го фотографира.
100 mu gromova...

сликата на GoodBytes
Комуна - од GoodBytes на 21 декември, 2006 - 05:57

'Баму комуњарата & БиЦи, немаат попаметна работа. Ако го изградат сепак, ај да им се собереме и во колона по еден да им се испразниме во подножјето на бистата? Или може да се направи нешто со награди за тие кои ќе досегнат највисоко со млазот.

А овие Титови леви гнили се многу симпатични: го тегнат по митинзи некој внук од ЏејБи, а политичка платформа им е да го изнајдат новиот маршал кој ќе ја поведе Македонија во просперитет. Просечна старост на членството е троцифрен број.

Ова е причина повеќе зошто ни е потребна не само лустрација, туку и детално објавување на сите шитови кои ги правеа тие гнаси. Половината се уште на власт, или нивните синови или внуци.
---

сликата на dimitar27
GOODBYTES-добар - од dimitar27 на 21 декември, 2006 - 10:13

GOODBYTES-добар мајсторе [се смее]
Титови леви ГНИЛИ бе-ха ха ха, свака част.
И јас прво помислив да идам и да им се измочам на маршалот им.Ама јебена држава сме ние, ке ме апсат па лицето БЦ ке се јави кај лицето ЛС ака Ленче Софрониевска која е доживотен прецедник на РСС и ке ме осудат на милион години робија заради плукање на ликот и делото на најголемиот син на ЈУ народите.Ке пробаме да се организираме со некои што мислт ко нас па да поднесеме барање за отсранување на споменикот, не е битно дал сегашниов или евентуално новиот.Ако тоа не успее, ке соберам екипа и ке им го рушиме онака најбезобразно.А ако се до толку фраери, нека одвојат од пензиите уште 10 иљадарки у ЕУРима па нек стават и камери и обезбеџење, Маршалот заслужил, нели:)
Лујка, за СУПЕРМЕН љубителите препорака да ја гледаат епизодата од SOUTH PARK посветена на СУПЕРМЕН [се смее]

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Џон Вејн - од VciTe на 21 декември, 2006 - 08:12

Па најдобро би било да го поставиме Џон Вејн на плоштад, и тоа што поголем споменикот тоа подобро. На тој начин сите револвераши во Македонија ке можат да се поклонуваат на својот идол.

Воедно сигурен сум дека за неговата изградба ке има најголеми донации од страна на сите мафии - тутунска, урбана, царинска, шлеперска... како и од револверашите за човекови права од планините. Тој ке биде “личноста кој сите не гледа!“

P.S. Robotek ke врти на промоцијата [намигнува]

Ја сакам една - од fLeX на 21 декември, 2006 - 18:59

Ја сакам една биста на МОДЕСТИ БЛЕЈЗ, во природна величина насред жена-парк! Што се тиче мочање останати бисти ин паблик, ќе мора да не ви се придружам, не иде да чунам тука пред силен народ и да се изпразнам;) Мислам дека и Модести истото би го направила;)))

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на GoodBytes
Има чаре - од GoodBytes на 22 декември, 2006 - 06:28

Види мис Блејз, ќе има шатори со полици на кои ќе се ставени тегли/кофи зависно од физиолошкиот профил на натпреварувачот. Влегуваш, полниш и си застануваш во ред. Ма важно е само да се учествува! [се смее]
---