Нудат 10 милиони евра по цена од 5.000 долари

Локалната власт од Крива Паланка доби понуда да вложи 5.000 долари за да добие 10 милиони евра. Понудата стигна од Станка Кировска, извршна директорка на канцеларијата на ВВВХПФИ во земјава.

Кировска тврди дека организацијата е со седиште во Англија, а поседува и своја банка во Њу Касл, позната како ААС (Адвансед аутомотив системс лтд). На интернет не може да се најде ниедна организација со назив ВВВХПФИ, а под името ААС излегува работилница за поправка на автомобили и за виткање цевки.
„На нашите потрошувачи им нудиме над 25-годишно искуство во виткање цевки за потребите низ целиот свет“, пишува на веб-страницата на ААС. На сликите, пак, е прикажана автомеханичарска работилница.

Но, советниците во Крива Паланка добија поинакви информации од Кировска.

- Оваа меѓународна компанија преку својата банка ААС првпат донира во Македонија. Земјава се наоѓа на првото место за инвестирање. Донаторите планираат економски пресврт за Крива Паланка, која треба да стане туристички центар. Ќе се инвестира во вкупно 14 проекти, а успешната реализација на одобрените грантови ќе зависи само од подготвеноста на Општината да ги спроведе избраните проекти - им објасни таа на советниците.

Кировска информира дека организацијата одобрила и 12 милиони евра за Општина Струга, кои ќе бидат инвестирани по завршувањето на проектите во Крива Паланка, каде што пак приоритетна инвестиција е изградбата на туристички центар на Калин Камен. Планирани се и пари за изградба на гасификациона градска мрежа, брана на Станечка Река, станбени објекти за ромското население, пречистителна станица, довршување на спортската сала и на градскиот стадион, уредување на речното корито на Дурачка и на Крива Река и други инфраструктурни објекти.

Поради убавите ветувања, градските советници, иако ја примија веста со резерва, се согласија да вложат 5.000 евра за да ја добијат донацијата.

- Оваа донација е одлична можност за решавање на натрупаните проблеми за кои Општината не може да обезбеди пари. Сега ни се дава можност да ги изградиме капиталните објекти кои нудат огромна перспектива за развој на Крива Паланка - смета градоначалникот Драги Трајчевски.

Тој и градските советници се обврзаа дека ќе понесат одговорност ако не се реализира овој проект и и' се нанесе штета на општината.

Кировска тврди дека станува збор за сериозна меѓународна организација, во чиј Борд на претседатели има и членови-советници на американскиот претседател Џорџ Буш. Организацијата имала и своја берза на која се вршела трговија со целиот свет, а доставувала и банкарска гаранција од секоја земја. Само во Кина досега донирала осум милијарди долари, а за Македонија биле планирани дури пет милијарди.

Слика на miopa

Нудат 10 милиони евра по цена од 5.000

Цитат:
Тој и градските советници се обврзаа дека ќе понесат одговорност ако не се реализира овој проект и и' се нанесе штета на општината.

Многу ме интересира како изгледа тоа „понесување одговорност“ кај нас. А инаку отсекогаш сум се прашувал кој може да биде толку глуп да падне на оваа финта, особено сега после толку години и муабети!

--
Краткиот живот гори појасно

Слика на mites

па

Нешто слично за малку ке ми се случеше и мене. Пред некаде 3-4 години по меил добив слична понуда но му испратив телефонски број и типов ми се јави правевме муабет едно 10 пати и ми вика дека треба да му пратам на наекој си адвокат 500 долари и дека готова е работата и дека 10% од парите се за мене . Тоа беа околку 2 милиони долари онака се загреав ама малку појке побарав и излезе дека ФБИ има потерница и дека типовиве се занивааат со измами па и киднапирања и дека прилично се опасни

Тие шо не мразат деца наши да гледет

Слика на nanodot

ах

ова ти сериозно? и после се чудам што моето сандаче се полни со глупости! таквите како тебе придонесуваат за тоа да денес 65% од сите пораки испратени во светот се спам!!

Live long and prosper

Слика на PetarK

Можеби му

Можеби му понудиле на градоначалникот во пакет со ова дека ќе го стават во списокот на најзначајните луѓе на 21-от век...

Слика на miopa

Или барем

Или барем личност на годината во „Тајм“ :)

--
Краткиот живот гори појасно

Слика на dimitar27

Пази ова, у КИНА

Пази ова, у КИНА донирани 8 миљарди, а у МК „само“ 5 ???

која е бе таа Кина поише пари од нас да лапне? Па што ако се миљарда и пол народ, и нашиве 2 милиони имаат реални потреби :))

Кретино ди капри - тоа ми доаѓа како асоцијација за советницте и градоначалинкот.
Ке понеле одговорност бе??? Ама онака народ да им суид по кратка постапка, само така признавам одговорност.

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Слика на excellent

Димитар, не се

Димитар, не се единствениот град и градоначалник (и школо, и други објекти) кои се заебале со женава. Само што овие јадни ја имале таа несреќа да ги открие некој новинар.

So, I’ve decided to take my work back underground.
To stop it falling into the wrong hands.

Агрегирање содржина