Преземено од Блог за психолошки работи [1] [psiholog1.blogspot.com]
__________________
Владата води медиумска кампања за да Ви укаже дека: имате право да не платите за производ или услуга доколку не Ви биде дадена фискална сметка за купениот производ или искористената услуга.
Во автобусот број 5 на ЈСП-Скопје возачите не даваат фискални сметки за билетите што ги продаваат, па решив да се возам без билет. Контролата дојде побара билет, јас немав и одлучија да ме казнат 200 денари. Извадив 500 денари за да платам казна, арно ама и контролорите не издаваа фискални сметки па одлучив да не ја платам казната. Контролорите ми побараа лична карта, јас одбив да им дадам бидејќи тие немаат право да ме легитимираат. Викнаа полиција и полицаецот ми побара лична карта. Јас побарав од полицаецот прво тој да се легитимира. ПОЛИЦАЕЦОТ ОДБИ ДА СЕ ЛЕГИТИМИРА!!! Ме одведоа во полициската станица во Ново Лисиче и таму добија информации за мене.