8 октомври, 2008 - 02:45
[веб кирилица]

Ако барате фискална сметка ќе ве уапси полицијата

од блогбастер на 18 дек 2006 - 05:07

Преземено од Блог за психолошки работи [psiholog1.blogspot.com]
__________________

Владата води медиумска кампања за да Ви укаже дека: имате право да не платите за производ или услуга доколку не Ви биде дадена фискална сметка за купениот производ или искористената услуга.

Во автобусот број 5 на ЈСП-Скопје возачите не даваат фискални сметки за билетите што ги продаваат, па решив да се возам без билет. Контролата дојде побара билет, јас немав и одлучија да ме казнат 200 денари. Извадив 500 денари за да платам казна, арно ама и контролорите не издаваа фискални сметки па одлучив да не ја платам казната. Контролорите ми побараа лична карта, јас одбив да им дадам бидејќи тие немаат право да ме легитимираат. Викнаа полиција и полицаецот ми побара лична карта. Јас побарав од полицаецот прво тој да се легитимира. ПОЛИЦАЕЦОТ ОДБИ ДА СЕ ЛЕГИТИМИРА!!! Ме одведоа во полициската станица во Ново Лисиче и таму добија информации за мене.

Опции за гледање на коментари


сликата на lujka
Тужи - од lujka на 20 декември, 2006 - 05:26

За сево ова консултирај се со адвокат. Тужи се’ што можеш. И на Уставен и Врховен суд ако треба. Плус раструби по медиуми. И немој случајно да си заборавил сите (ама сите) чекори од оваа рапсодија на нелегитимноста да ја пријавиш во Хелсиншки Комитет за човекови права. Всушност, тоа направи го прво, а потоа информирај го истиот Комитет како напредуваат/назадуваат работите.

For free, open and networked everything.

сликата на lujka
А бе тужи! - од lujka на 20 декември, 2006 - 19:10

Ова сериозно го мислев. Тоа цајканите нема да се свестат додека не почне некој да ги спенка по легален пат и додека на многу од нив не им засјае како реална можноста да го изгубат работното место.
Па ако проблемот не е во нив, тоа не е твоја работа; тие нека си решаваат кој за што е одговорен и нека си ја префрлуваат топката од еден на друг. Ти си бил непотребно ангажиран, шетан и малтретиран. Тоа треба да се уновчи, бе, човек! Имаш право на соодветна компензација за своите патила. Плус ќе доведеш до напредок во општеството. Па нели е тоа уште подобро? Ситуацијава плаче за разврска.

For free, open and networked everything.

сликата на Chombe
А бе тужи! - од Chombe на 21 декември, 2006 - 02:07

lujka напиша:

Ова сериозно го мислев. Тоа цајканите нема да се свестат додека не почне некој да ги спенка по легален пат и додека на многу од нив не им засјае како реална можноста да го изгубат работното место.

Секоја чест за храброста. Ама чим „Процес“ не се реши у првите 24 саата, па од кого ќе бараш ти правда ако некој џандар те претепа заради курташак.

сликата на lujka
Капитулација? - од lujka на 22 декември, 2006 - 01:11

И што сега, ќе капитулираме? Денес тоа, утре и по домови ќе влегуваат и/или од секоја маалска продавничка рекет ќе бараат.
Ти така мртов ладен ќе си останеш ако те претепа некој? Ни реакција ни ништо? Ќе го чекаш следниот да ти се наврти?
Така не се живее; така се умира бавно.
Ако стилот ти е тивко да зборуваш, тоа си е работа на личен начин на изразување. Во секој случај продолжи да зборуваш. Кој вели дека мораш да бидеш воин? Биди адвокат. Но немој да му забиваш нож в грб на ближниот. Да ги охрабруваш луѓето околу тебе да молчат е чекор напред кон амбисот. Каде сакаме да бидеме? Не сме деца па постојано некој да не’ бејбиситува и да ни’ ги носи на златно послужавниче нештата кои ни’ се потребни.
Ти барем си натпросечен. Несомнено ти е јасно дека понекогаш мораш да кажеш и „не“.

For free, open and networked everything.

сликата на Chombe
Капитулација? - од Chombe на 22 декември, 2006 - 01:48

lujka напиша:

Да ги охрабруваш луѓето околу тебе да молчат е чекор напред кон амбисот. Каде сакаме да бидеме? Не сме деца па постојано некој да не’ бејбиситува и да ни’ ги носи на златно послужавниче нештата кои ни’ се потребни.
Ти барем си натпросечен. Несомнено ти е јасно дека понекогаш мораш да кажеш и „не“.

Не извлекувај погрешни заклучоци. Јас никаде не реков дека треба да се молчи или дека ти треба да се самозапалиш у автобус на ЈСП за да привлечеш внимание. Ако ти така си решила да реагираш, тоа е твое. Јас само искажав песимистички став околу твоето „битисување“. Бркај работа, биди Јан Палах наместо Ганди.

сликата на lujka
Ганди - од lujka на 22 декември, 2006 - 03:19

Моја грешка е што помислив дека велиш дека треба да се молчи.

Кога зборуваме за форми на дејствување против непријателски сили во градот, земјата итн. реков дека не е задолжително да се биде воин и дека од моја гледна точка е пожелно барем да се биде адвокат, асоцирајќи на терминот "advocacy". Тоа значи дека што и да кажеш против таквите силеџии е подобро отколку да молчиш.

Од друга страна, бездруго знаеш дека ширењето на атмосфера на дефетизам не е без влијание врз волјата и перцепцијата на оние кои те читаат/слушаат/гледаат, што и да е во една конкретна ситуација. Многу работи во животот зависат од ставот.

Во склад со примерот на Ганди, дали би бил ти „граѓански непослушен“ кога би ти пришле некои насилници на улица и туку-така би ти барале пари, или само би ти поставувале незгодни прашања, би ти се смееле, можеби би те туркале и навредувале? Би пројавил ли ти истрајност како онаа на индиските граѓани доколку таквите арамбаши би биле насекаде по земјата и би напаѓале народ како им дојде?

For free, open and networked everything.

сликата на Chombe
Ганди - од Chombe на 22 декември, 2006 - 04:42

lujka напиша:

Во склад со примерот на Ганди, дали би бил ти „граѓански непослушен“ кога би ти пришле некои насилници на улица и туку-така би ти барале пари, или само би ти поставувале незгодни прашања, би ти се смееле, можеби би те туркале и навредувале? Би пројавил ли ти истрајност како онаа на индиските граѓани доколку таквите арамбаши би биле насекаде по земјата и би напаѓале народ како им дојде?

Јас во секое време сум граѓанин Покорни. Гандиевски ќе ги истрпам сите навреди и малтретирања. Тоа што утредента ќе му го снема кучето и викендицата ќе му биде изгорена до темел е случајност. Јеби га, изгледа превише се дружам со Италијаниве овде. [се смее]

сликата на Lans
абе - од Lans на 22 декември, 2006 - 03:19

се возиме со другар од железничка накај веро.од железничка до тобако 2 ни блендира една кола цивилна.застануваме да видиме што е проблемот,излегува дечко 30 кила немаше на него вади набрзина некоја легитимација доволно да видиме дека е цајкан и почнува до го мава другар ми кој беше возач(јас бев сувозач).се смири цајканов(од коа го истепа другар ми) и уше па вика сообраќајци другари негови по приватен телефон.доаѓаат сообраќајциве и гледаат дека нема ништо-типот тврдеше дека сме го удриле.после тоа го пријавивме во станица и сеа го гонат по службена должност.и да типот е припадник на СЕБР.специјална единица за брзо разместување.типиците се многу јаки коа се 40 спрема 2 или коа се со значка.
така да...не е попусто да го пријавиш кај неговите претпоставени.и на командирите не им е сеедно дали клошарите праат проблеми низ град или не.а па и нишо да не излезе.следната пријава за истиот тип ке значи дека не е све океј со него.неможе сите цивили да лажат.
krajot e blizu.

сликата на lujka
Токму така - од lujka на 22 декември, 2006 - 03:30

Да, Lans, на такви дејствија и мислев примарно како форма на отпор против ваквите појави кои, според сведочењата на многумина (од кои некои и на форумов), се премногу чести за да бидат означени како небитни. На тоа можам да додадам еден засилувачки фактор: медиумска експозиција. Сепак не е сеедно.

For free, open and networked everything.

сликата на Zelka
знаеш што ме - од Zelka на 22 декември, 2006 - 09:57

знаеш што ме нервира околу медиумите? секое чудо 3 дена трае. ете тоа. зашто сега нема прашина за кинескиот ѕид во парк или некоја друга заборавена афера. почнува помалце и помалце да зима замав сторијата или приказната и сето тоа го снемува полека од меморијата на граѓаните.
100 mu gromova...

сликата на dimitar27
ОФ ТОПИК: Чомбе, - од dimitar27 на 22 декември, 2006 - 12:04

ОФ ТОПИК:

Чомбе, те глеам на аватарчево, ептен симпатичен си ми, па решив да ти бидам подводаџија и да ти најдам иделана прилика.Мислам на Г-гицата Ребека Карусо, можда ја знаеш.Епетн е убава а и ке може да ти помогне у кариера ако се кердосате. Ти фаќа око? [се смее]

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

сликата на del^
Добро, мене - од del^ на 20 декември, 2006 - 23:23

Добро, мене стварно не ми е јасно како може да си ги земеш стварите и да си отидеш без да платиш, кога сметка (фискална или не) ти даваат откако ќе ги изброиш парите на каса.

сликата на Chombe
Добро, мене - од Chombe на 21 декември, 2006 - 03:17

del^ напиша:

Добро, мене стварно не ми е јасно како може да си ги земеш стварите и да си отидеш без да платиш, кога сметка (фискална или не) ти даваат откако ќе ги изброиш парите на каса.

Мене ич не ми е јасно кој к*р е таа фискална сметка. Што е работава? За да видиме на крај на година колку пари си направил?
Па колку пари може да направи едно гранапче у Карпуш 4? 100 миљона долари? 90% посто од гранапчиња немаат да ти вратат ако им извадиш 1000 денари. Што кој к*рац сака државата? Ти ебам болното опшество.

У Америка ако имаш гранапче спаѓаш у одреден tax bracket и си плаќаш паушален данок. На таа квадратура у таа општина, толку ти е паушален данок. Ако ти одговара бујрум, ако не бркај си друг бизнис. Кој имбецил е тој што наметнува фискални сметки за пазарџии, таксисти и кооперации.

Јас очекувам сметка ако пазарам у големи супермаркети, ама што ќе ми е сметка кај Ѓоре у гранапче. Во сите приватни продавнички, на пример пицерии, ресторани, кооперации, ти даваат сметка, ама таа сметка нe e фискална. Тоа е за газдата да види дали го крадат вработените.

Па дури и кај големите корпорации (Walmart, Macy`s, McGomnalds), сметката им служи да анализираат која роба се троши во кој период од годината. Ги заболе нив за данок.

Пази сеа. Ја у мојава фирма L'Oreal USA, овие од accounting ги викнаа Price-Whatever-Coopers да ни вршат интерна анализа.
Ја сум задолжен да им отворам „сервер“ и да им кажам изволте! Абе тоа унапред се знае, сите бројки се наштеловани. Си има луѓе од accounting што си ја средиле оваа работа унапред. Овие од PWC си бркаат работа, ама и они се наши клиенти, така да гледаат да ги наштеловаат овие бројки пред IRS. И пак тука има криење на данок, ова-она ама не е АПЛА! А и тоа криење на данок е супер за вработените. Еве на пример, вчера правевме christmas журка за сите вработени, имаше и верверички на скара. [се смее] Ова е пишано што ја знам 200.000$ а у суштина кошта 100.000$. Рестото пари се поделени ко бонуси. Чаушите земале дел, ја земав 1000$ ненадејно. Главниот можда зел 15.000, ме заболе мене за тоа. Па чауш е да му ебем.

„Друже Тито, док си ти крао, и нама си дао! Сада ови краду, а нама ништа не даду.“ - (c) современа балканска поговорка

Но, сепак! Затоа ги најмивме PWC, за пред IRS да изгледаме ко бебенца. Со IRS нема АМА НИКАКВА ЗАЕБАНЦИЈА!!! Абе чим Лаки Лучијано и Ал Капоне ги ебаа, каму ли пак за некоја француска фирма. А каму ли за мене. Ја пред 4-5 месеца поднесов молба за државјанство, за 4 дена ми стига IRS писмо и ми вика Чомбе дужиш 2100$ од 2002 година, сосе камата 2490$. Да им ебам дете, ги пукнав сите пари заради државјанствово, месец дена јадев леб и мајонез, крфимебам кисела. А дојдам у Скопје, прво што ќе направам, ќе се јавам од аеродром Скопје у IRS и ќе кажам дека има подметнато бомба. Абе све да им ебам, пак се изнервирав сега непотребно. [намигнува]

сликата на Новица
гранапче - од Новица на 22 декември, 2006 - 15:45

Веројатно основната идеја и не е за гранапчињата во маало.

Она што е важно со фискалните сметки е дека тоа е некој начин за елиминирање на сивата економија (не навлегувам дали е тоа добар или лош начин). Споредбата со САД не знам колку е во ред, пошто во САД бројот на трансакции во кеш веројатно е значително помал од исите во Македонија. Таму ваљда луѓето многу повеќе плаќаат со картички и така е значително потешко да се кријат ствари.

По таа локига можеби е веројатно да се очекува дека кога ќе се зголеми употребата на картичките овде, заедно со ефикасност на продавачите при наплатата, значењето на фискалните сметки ќе се намали.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

сликата на StormAngel
Вие, оѕбилни - од StormAngel на 21 декември, 2006 - 00:18

Вие, озбилни сте? Тцк, тцк тцк.

Shareware? Ме потсеќа на една девојка од средно

сликата на GoodBytes
Инспекшн риформ - од GoodBytes на 21 декември, 2006 - 05:15

Да работеа инспекциските служби како што треба, никој немаше ни да помисли да не издава фискална сметка. Факин уставно гарантирана рамноправност - Ставре го знае инспекторот Трпе и овој не му доаѓа на посета, или му се „најавува“ пред да оди. Сите Ставревци и Трпевци се криви за тоа што цвета сивата економија, како и сите кои поткупуваат лево-десно. Тешко е можеби да си признаеме, но станавме држава во која мнозинството се криминалци.

Проблемот со притајувањето данок се решава многу брзо:

0. Бркање од работа на сите инспектори и примање нови, млади луѓе, според квалификациите и времето колку долго бараат работа.
1. Воспоставување систем за ефикасна контрола на инспекциските служби.
2. Конституирање специјален „фискален“ суд кој ќе процесира* само вакви предмети и ќе е законски обврзан да постапи експресно - најмногу 7 дена.

--
* „Процесира“, а не „процесУира“. Тој збор „процесуира“ толку одвратно звучи, што разбрав дека препадот во „Процес“ го направиле академици од МАНУ, од катедрата за македонски јазик и правопис, бидејќи во еден редок момент на трезност им дошло преку глава од употребата на зборот и со тоа сакале да ја опоменат цела јавност да пази како „процесира“ зборови. [се смее]

---

сликата на Itar_Pejo
Инспекшн риформ - од Itar_Pejo на 25 декември, 2006 - 11:00

GoodBytes напиша:

Проблемот со притајувањето данок се решава многу брзо:

0. Бркање од работа на сите инспектори и примање нови, млади луѓе, според квалификациите и времето колку долго бараат работа.
1. Воспоставување систем за ефикасна контрола на инспекциските служби.
2. Конституирање специјален „фискален“ суд кој ќе процесира* само вакви предмети и ќе е законски обврзан да постапи експресно - најмногу 7 дена.

Делумно се сложувам. И тоа само со точка 0.
Точка 1 би требало да биде мрежно поврзување на сите фискални апарати.
Точка 2 исфрлање на кеш од употреба со указ.
Ако се спроведат сите претходни може и
Точка 3 намалување на стапката на ДДВ од 18 на 3% со ист апсолутен ефект на прибирање средства.
Итар Пејо

сликата на dimitar27
Ха, точка 2 ми се - од dimitar27 на 26 декември, 2006 - 08:39

Ха, точка 2 ми се доапѓа:
Точка 2 исфрлање на кеш од употреба со указ.
Уште да е можно ова, не овде, било каде у свет.И како дрога ќе купуваме бе, на картичка кај МУЈО у ГБ? [се смее]) И фискална да ни даде ќе бараме, ами како.Уствари бе не е лоша идејава, така аутоматски доаѓаме до легализација на дрогите, со еден удар две муви тепаме:)

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

сликата на Itar_Pejo
Ха, точка 2 ми се - од Itar_Pejo на 9 јануари, 2007 - 10:22

dimitar27 напиша:

Уште да е можно ова, не овде, било каде у свет.И како дрога ќе купуваме бе, на картичка кај МУЈО у ГБ? [се смее]) И фискална да ни даде ќе бараме, ами како.Уствари бе не е лоша идејава, така аутоматски доаѓаме до легализација на дрогите, со еден удар две муви тепаме:)

Гарантирам со живот дека е можно. И тоа „фри оф чарџ“. Дај им само на картичарските фирми поле за работа и шест месеци - ништо повеќе. Мујо ќе треба да си отвори и легален бизнис - семки, ово оно. Јес да по некое време околу него ќе се отворат десет семкарници кога ќе дознаат колкав му е прометот...
Итар Пејо

Сериозен си? - од дамјан на 29 декември, 2006 - 01:08

Цитат:

Точка 2 исфрлање на кеш од употреба со указ.

Сериозен си?

Сакаш во секој момент да се знае каде си, што купуваш, колку пари имаш???

Ја па цело време читам, на луѓево не им било убаво да живеат во тоталитаризам.

сликата на Itar_Pejo
Мртов сериозен! - од Itar_Pejo на 9 јануари, 2007 - 10:17

Посериозен - здравје.
Тајноста на податоците може да биде обезбедена на многу начини. Отворањето би било само со налог од суд. Поголема тајност не би имал ниту во својот сопствен дом во моментов.
Итар Пејо

>> Отворањето би - од дамјан на 9 јануари, 2007 - 16:20

>> Отворањето би било само со налог од суд.

хахаха

>> Поголема тајност не би имал ниту во својот сопствен дом во моментов.

Во мојот дом можам да си направам бункер и да го бранам со мое оружје барем некои 2-3 дена - можеби и повеќе ако добро се организирам и тоа го прават повеќе луѓе во борба против тоталитаризмот.

сликата на Itar_Pejo
Поарен бункер од твојот - од Itar_Pejo на 11 јануари, 2007 - 14:44

дамјан напиша:

>>
Во мојот дом можам да си направам бункер и да го бранам со мое оружје барем некои 2-3 дена - можеби и повеќе ако добро се организирам и тоа го прават повеќе луѓе во борба против тоталитаризмот.

Хмммм, претпоставувам дека така и би било изведено, а ако веќе си запнал може да се изведе да минатите трансакции бидат читливи САМО од сопственикот на сметката. Што би било посилен бункер од твојот домашен и, зависно од типот на енкрипција, би издржало и некоја недела напади на дешифрирање...
Од друга страна, многу повеќе сакам да имам многу пари и да ми ги знаат, отколку да не ми ги знаат оние кои ги немам. Укинувањето на кеш-от би исправило многу аномалии во државава кои не ни дозволуваат економски да пркнеме.
Итар Пејо

сликата на miopa
Поарен бункер од твојот - од miopa на 11 јануари, 2007 - 16:57

Itar_Pejo напиша:

ако веќе си запнал може да се изведе да минатите трансакции бидат читливи САМО од сопственикот на сметката

Не може да се изведе. Ти читаш ли што се случува во светот? Претседателот на САД пред некое време потпиша указ со кој го овластува Претседателот на САД без никаков судски налог да може да ја чита поштата на луѓето. Се следи се што може да се следи, финансиските трансакции не се исклучени. Доволно е мејнстрим вестите да ги следиш за да ти е јасна ситуацијата. Пред неколку месеци имаше дипломатски скандал кога се дозна дека владата на САД ги следи меѓународните трансакции на фирми од ЕУ.

http://www.signs-of-the-times.org/signs/pods/watchful_eyes.jpg

--
Краткиот живот гори појасно

сликата на Itar_Pejo
Поарен бункер од твојот - од Itar_Pejo на 14 јануари, 2007 - 18:59

miopa напиша:

Не може да се изведе.

Морам да те поправам: може да се изведе. Прашањето е дали се сака да се изведе на тој начин? Ако тоа е единствената пречка, а тоа беше и единствената забелешка на укинувањето на кеш-от тука, тогаш би го извел токму на начин да никој жив и нежив освен имателот на сметката нема да може да ги види минатите трансакции.
Итар Пејо