3 декември, 2008 - 22:58
[веб кирилица]

Виленка

од gristovski на 15 дек 2006 - 01:31

Дечки

Стварно сакам да ја најдам таа праисториската серија со двете деца што учат за разно-разни поучни работи. На Македонски ја преведуваа ВИЛЕНКА, ама никако да се сетам како беше на Англиски. Немам ниту clue како да барам на Google

Help appreciated

Опции за гледање на коментари


сликата на vikky
без да бидам - од vikky на 15 декември, 2006 - 15:26

без да бидам нешто претерано безобразна, мене ми зазвуче тоа Виленки ко некој руски порнич.
па има сеа овде еден куп родители гарант ќе се најде некој што го знае тој цртан.

Мамзи? Тоа - од Robomarket на 15 декември, 2006 - 21:03

Мамзи? Тоа зеленото животно, или за друга серија станува збор. Пробаш да опишеш малце.

Не Ма(м)зи - од gristovski на 15 декември, 2006 - 21:12

Ако не сум грешка тоа зеленото животно беше МАЗИ
Ова беше едно розево суштество што лета, им излегуваше на децата од компјутер и ги носеше за да ги запознае со некои многу познати научници. Се сеќавам дека на спотот си играше со едно балонче (или нешто слично)
Ај ако ти текне пиши
Поздрав

Ааа.. ми текнува - од дамјан на 16 декември, 2006 - 16:41

Ааа.. ми текнува на што мислиш.. идеа кај маите наваму натаму...

... е од кај тоа праисториска серија??

Абе точно е - од gristovski на 16 декември, 2006 - 19:19

Абе точно е дека е праисториска (од мое време) ама се заинатив да ја најдам а не знам како да ја барам Го знам само преводот на македонски ама ништо не помага, па барам помош. Ако го добијам името ќе гледам да ја спуштам од нет.

За љубителите на Мази - од PetarK на 16 декември, 2006 - 08:32

За тие што се по Мази:

http://en.wikipedia.org/wiki/Muzzy

А Виленка, сори, не се сеќавам на такво нешто

Виленка - од kingpin на 20 декември, 2006 - 19:55

Да не се викаше нешто како “Големите научни откритија“ или сл?

---------------------------
Things are always changing.

сликата на lujka
Виленка на француски - од lujka на 20 декември, 2006 - 20:09

Сега ми текна. Мислам дека оригиналот беше на француски, а не на англиски. Некој што знае добро француски нека каже како се вика „Големи научни откритија“, па може да се гугла или кластува (со Clusty).

For free, open and networked everything.

Биг Мази све - од fLeX на 20 декември, 2006 - 22:12

Биг Мази све мислам дека беше во една цртана серија на БиБиСи за учење англиски. Имаше и принцеза, и крал и кралица некоја во серијата. Идеше претпладне на прва прогарма.

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Ајде бе луѓе, ќе - од gristovski на 23 февруари, 2007 - 03:07

Ајде бе луѓе, ќе умрам а името нема да го дознаам па ќе се превртувам во гроб [се гази од смеење]

Пребарајте во мозокот, сигурно ке се сетите!!!