Ова може да оди и тука и во предлози и сугестии. Ете го тука.
1. Би било фино да се наштелуваат линковите, кога ќе се кликне на нив, да се отвора нов прозорец, а не во стариот прозорец да се отскитува од багра. Има луѓе кои користат Windows и кои не знаат дека можат да притиснат Shift додека кликаат на линкот, или дека можат со десен клик врз линкот и одбирање "Open in a new window" да го добијат истото.
2. Во приватни пораки има некои багови. На пр.:
а). Кога бришам приватна порака од "испратени пораки", доколку пораката има потполно ист subject (Тема) како и некоја порака од примените пораки (на пример, ако си имам себеси испратено порака), ги брише и двете (и таа од пратени, и таа од примени)! Значи, битно е од кој фолдер ќе биде избришана пораката, па дури и да е истата порака.
б). Во испратени пораки не можеш директно да ја избришеш пораката додека си во пораката, ниту директно да се вратиш на испратени пораки. Единствено што можеш да направиш доколку сакаш да избришеш испратена порака која тукушто ја читаш е да кликнеш на "Сите пораки" (при што ќе ти ги даде сите примени, а не сите испратени), па од таму пак да одиш на "Испратени пораки", па кога ќе ти ја даде листата на испратени, таму да ги штиклираш тие што сакаш да ги избришеш (помнејќи што им стоеше во subject line на тие кои не сакаш да ги чуваш) и да кликнеш на "Избриши пораки". Значи, нужни се копчиња за бришење на пораката и сл. во испратени пораки, како и копче за враќање во испратени пораки, а не во примени.
Срдечно,
lujka
Последни коментари