Пратејќи ги информациите за т.н. тепачки на средношколците во последните неколку недели, не можам а да не прокоментирам некои согледувања.
Како прво сакам да се стави на знаење дека не сум националист или шовинист, па затоа и овој коментар не сакам да има таква конотација.
Уште кон крајот на осумдесетите, тепачките меѓу младите како да беа вовед во распаѓањето на добрата стара СФРЈ. Гледавме тепачки по стадионите, спортските сали и секаде каде што ќе се собереа млади од различна националност.
Деновите како да го гледам истото со тоа што тепачките само ја сменија локацијата. Меѓутоа, тогаш провокатори и учесници како да беа сите – те Срби, те Хрвати (воглавно), и Словенци, и тук таму некое изгубено Македонче (овде не се ставени Албанците бидејќи тие се категорија сами за себе). Целата ситуација беше „купус“. Денес, ситуацијата како се повеќе да се диференцира и да оддава 2 групи: Албанци и Неалбанци.
Некако и би можел да ја проголтам колективната вина за тепачките која би паднала на сите групи во СФРЈ, но во денешната ситуација некако е тешко. И дури и некако да успеам да ја проголтам квази-тезата дека Албанците се „борат“ за своите права, коската што застанува во грло е: како тоа да тие се „борат“ против сите етнички групи во Македонија? Проблем им беа Србите и Црногорците, па Македонците, па сега искричат и со Ромите. Има една поговорка: Штркот мислел дека гнездото му смрдело, а всушност газот му бил посран. Дали се работи за иста ситуација и со Албанците (па не само во Македонија, но и било каде да се)? Дали вината треба да ја бараме кај нив? Јас би рекол – проблемот треба да се бара кај нив, а вината кај нас. Зошто? Заради тоа што ако сме го лоцирале проблемот (болеста), постои решение (лек) за проблемот, а ништо не се превзема, но напротив се дозволува проблемот повеќе да се шири, вината е во иљачот, а не во болеста.
И на крај, дали историјата се повторува како со СФРЈ (кога се дозволи да се прошири проблемот)? Дали сме во првите години од почетокот на крајот на Македонија?
Не знам – но симптомите како да се тука.
Последни коментари