пак..
Испратено од peperutka на 3 декември, 2006 - 20:47
Сјаам пак.
Треперам ко дете
неверувајки на својата среќа.
Сјаам со тебе.
И низ сето тоа
сепак знам
не сме веќе оние наивни деца.
Не си тој што го знаев
и знам, не сум ни јас истата.
Како смежуркани латици
се впиваме еден во друг
за боите да сјајнат пак.
Сепак еден ореол на свежина и радост
засекогаш исчезнал од нас.
»
- Додај нов коментар
- 2754 читања

Последни коментари
пред 1 недела 4 часа
пред 1 недела 6 часа
пред 1 недела 15 часа
пред 1 недела 1 ден
пред 1 недела 1 ден
пред 1 недела 3 дена
пред 2 недели 4 дена
пред 2 недели 4 дена
пред 2 недели 4 дена
пред 3 недели 3 дена