За жените...
од deurus на 15 окт 2002 - 23:02
1. Мажот се плаши од жената која љуби, таа тогаш жртвува се, и се друго го смета за безвредно.
2. Мажите сакаат две работи: опасност и игра. Поради тоа ги сакаат жените - како најопасна играчка.
......
3. Мажот мора да биде одгледан за битки, а жената за одмор од битките. Се друго е будалаштина.
4. Жената ги разбира децата подобро од мажот, но мажот е подетинест од жената - тој не се разбира себеси. Во вистинскиот маж е скриено дете кое сака да си игра. Жените лесно го откриваат детето во мажот.
5. Жената треба да ја црпи својата храброст од љубовта. Со љубов да го напаѓа оној кој и влева страв.
6. Жената треба да ја црпи својата чест од љубовта. Всушност, жените многу малку имаат со честа. Нивната чест треба да биде: "Секогаш сакајте повеќе отколку што ве сакаат".
7. Кого жената најмногу го мрази? Железото му рекло на магнетот: "Јас најмногу те мразам бидејќи привлекуваш, но не си доволно јак да се привлечеш себеси."
8. Среќата на мажот гласи: "Јас сакам." Среќата на жената гласи: "Тој сака."
9. "И гледај, штотуку светот стана совршен!" - мисли секоја жена која и се покорила на целата своја љубов. А да се покори мора, и мора да пронајде длабочина за својата површина. А површината е женска природа, бурно разнишана скрама во плитка вода. Машката природа е длабока. Жената ја
чувствува неговата сила, но не ја разбира.
10. Мажите кои не ги познаваат жените секогаш се во право кога зборуваат за нив. Дали е тоа така затоа што кај жените ништо не е невозможно?
. . . . . . . . .. . . . . . . . . . . . . . . .. . . . . . . .
"Одиш кај жените? Не заборавај да си понесеш камшик!"- го советуваше старицата мажот.
|
Последни коментари