3 декември, 2008 - 22:49
[веб кирилица]

Дали љубовта може да трае вечно?

од Brankica на 14 окт 2002 - 09:01

Кога го изговараме зборот “љубов”, повеќето од нас ги асоцира на пар во нежна прегратка или размена на нежни зборови, прошетка покрај море и сл... Но, дали е можно да се поминат 30 год. заедно и да се биде заљубен во својата друга половина како и првиот ден? Прочитајте и дознајте нешто повеќе за љубовта...



Постојат луѓе кои тврдат дека тоа е невозможно. Потребано е да се сфати дека љубовта се менува со нејзините степени тие промени не треба да се сфаќаат како бледеење на љубовта, туку треба да се разбере дека љубовта е како и секое живо суштество - таа се менува, собира искуства, се менува со секоја нова случка, што не ја намалува нејзината вредност.Многу пак сметаат дека само “заљубеноста” е “правата љубов”. Паметните луѓе велат дека “љубовта е она што останува после заљубеноста”.

Љубов на прв поглед – Како гром од ведро небо, останувате укопани и го гледате исполнувањето на вашите соништа и желба само за една особа. Физичкиот изглед не е пресуден, дури и најмалиот гест, тонот на гласот со кој ви се обраќа, насмевка и сл. будат во вас чувства. Дури луѓето кои се запознале на интернет тврдат дека таа љубов е посилна затоа што најпрво се запознава карактерот на една особа без обзир на физичкиот изглед, додека други тврдат дека често доаѓа до огромни разочарувања, бидејки таа особа во стварност не е она како што вие сте си ја замислувале. за некој тоа останува глупост, а за некој – исполнување на желбите.

Чекор по чекор и љубов до небо – Знаете некој веќе со години. Се среќавате секој ден во продавница или на работа, на училиште... и наеднаш, еден ден неговите/нејзините очи сосема подруго ви изгледаат, потопло, почнува да ве воодушевува се што ќе каже или ќе направи таа особа. Почнувате интензивно да размислувате за неа, се трудите да се најдете на местата кај што сте се среќавале, почнувате да барате причини поради кој би се сретнале со неа... Ако чувствата и однесувањето е обострано – сите препреки се рушат и се отвара друг пат кој може да биде круна на вашите соништа.

Пријатели, па љубовници – Една од најдобрите комбинации доколку се претвори во врска, бидејќи партнерите се пред се добри пријатели. Во спротивно, ако обидот за врска е осуден на неуспех, се губи се - и пријателството и љубовта. Ризикот е голем, затоа оние кои први почнуваат да чувствуваат нешто, најчесто не му ни даваат до знаење на партнерот.

Љубов родена од страсти – Ретка појава. ”Те сакам затоа што ме правиш среќен” – можете често да слушнете од заљубените. Тоа се претежно особи кои се склони на хедонизмот и кај кои сопственото добро е над се. Обично оваа врска на љубов трае се додека таа особа е спремна да ги исполнува сите желби и дава се од себе да би го усреќила партнерот. Мегутоа често таа/тој кој дава се губи како личност и постанува само бледа сенка на своето некогашно ЈАС.

Љубов без граници – Несебична љубов. Да сакате некој затоа што постои. Сите мани и грешки ги гледате, но ги опростувате и почнувате да ги сакате затоа што се тоа нејзини/негови особини.

Забранета љубов – “Љубовта удира таму каде не треба” и не гледа кој од какво потекло е, од која раса е или сл. Еден Англичанец оженет со Индика рекол дека старата изрека дека сличности се привлекуваат е сосема погрешна, и мисли дека само разликите можат да се дополнуваат едни со други и да се привлекуваат. Нешто како – и +, и на тој начин прават совршенство.... Интересно...

Љубов за едно лето – “Криво је морееее”, брановите, воздухот... Сетилата стануваат осетливи и просто се желни за нови доживувања. За жал, убавите моменти поминати заедно се единственото што ги поврзува, а она што најчесто следи се испраќање и солзи... она што и останува како спомен.

Заљубеност – не постои ништо конкретно, никакви заеднички доживувања, или искуства. Се е ново, допрва се започнува, баш како нова територија која се простира пред вас и која допрва ќе ја запознавате. Романтични состаноци, долги телефонски разговори, пеперутки кои стално ви летаат низ стомак. Не можете да престанете да мислите на неа/него, таа/тој е првата мисла со која се будите наутро и последна пред да заспиете. Интензитетот на таа слатка мачнина е еден од најчестите чувства кои може да ги осети еден човек. Често доаѓа до губење на апетитот или сонот и се вели дека жената е најубава кога е заљубена. Имате розови очила и имате чувство дека сакате да го прегрнете цел свет и својата среќа да ја поделите со сите.

Вечна љубов – Кога сите страсти ќе се смират и кога ќе ги соберете сите видови на љубов и сакате некој затоа што постои, бидејки е роден за вас, бидејки е најдобар другар за вас, љубовник кој единствено го сакате, се ќе направите за него, бидејки сте ја нашле другата половина од вас, и знаете дека тој ќе биде засекогаш покрај вас, во добро и лошо .

Опции за гледање на коментари


сликата на Julls
Дали љубовта може да трае вечно? - од Julls на 14 октомври, 2002 - 09:09

Па јас сум била среќна со комбинацијата од сето горе наведено [се смее]))

сликата на гоце
Дали љубовта може да трае вечно? - од гоце на 14 октомври, 2002 - 09:23

Од сите овие љубов е само последното. Сите тоа го бараме, некои од нас нема никогаш да го најдат, некои од нас можеби и треба да се среќни барем ако еднаш го доживеале.

Другите точки се мање-више начин за забава.

Дали љубовта може да трае вечно? - од MIG-29 на 14 октомври, 2002 - 09:59

Ова <b>Чекор по чекор и љубов до небо
<b> и ова <b>Пријатели, па љубовници
<b> не ми е многу реално, барем на мене.
Ако не ја изреагирам од одма, тешко дека подоцна нешто ке ме натера да го направам тоа.
Ако сум на некого пријател и ако мислам дека ми е таа пријател, тогаш гинам за неа и тука никакви други чувства не се можни.

<b>Question:<b>
да ли врска со мажена жена спаѓа во "Забранета љубов" ?

Дали љубовта може да трае вечно? - од venera на 14 октомври, 2002 - 11:54

да спаѓа!

инаку за темава се сложувам во потполност со Гоце!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

ајт!

Дали љубовта може да трае вечно? - од nekoja на 14 октомври, 2002 - 14:01

A koj mozhe da zabrani ljubov? Ima li nekoj pravo da go zabrani najvozvishenoto i najblagorodnoto od site chuvstva? Shto e toa "zabraneta ljubov"?

Дали љубовта може да трае вечно? - од stojadin на 14 октомври, 2002 - 14:32

Да лоша класификација е „забранета љубов“. За тие што се сакаат не им е забранета, само што на неки други смета.

Дали љубовта може да трае вечно? - од SoNjiCka на 14 октомври, 2002 - 14:53

Сите набројани видови се интересни онака освен тоа на прв поглед,како мозе некој да се заљуби на прв поглед,тоа не е љубов.
Ако претхоно се запознале на интернет Ок мозам да сватам некако се запознале мегусебно на некој начин и кога се виделе пишуваното го претвориле во јаве.
Ама сеа прв пат да стапиш во контакт со него и да се заљубиш тоа немозам да сватам
Пријатели па љубовници зашто да не мислсм има логика и толкувањето на MIG-29 ама нели љубовта нема граници,постојано си со него ги знаеш сите негови тајни,му веруваш,го почитуваш и оп еден ден сваќаш дека уствари си заљубена во него имав таква врска и беше добра.
Дали љубовта е вечна незнам ама би требало да биде [се смее] секако дека се менува и модифицира,прилагодува на условите не е со истиот интензитет ко на почетокот ама постои Љубовта е феномен кој немоземе да го дефинираме и опишеме па колку да филозофирам тука

Дали љубовта може да трае вечно? - од sash-oh на 15 октомври, 2002 - 20:34

Celosno se slozuvam so tebe SoNjiCka za ljubovta na prv pogled.Mislam deka toa ne e ljubov tuku simpatija (privlecnost) na prv pogled,a ljubovta se raga pokasno.

Дали љубовта може да трае вечно? - од ecowolf на 14 октомври, 2002 - 15:40

Се што е повтрзано со љубовта за мене е прекрасно а освен тоа мислам дека и нема што тука да правиме поделби! Секој на свој сопствен начин може да ја окарактеризира својата љубов.

Љубете и бидете љубени и се ќе биде супер.

Поздрав

Дали љубовта може да трае вечно? - од muabetcija на 14 октомври, 2002 - 17:07

Kako i da sakas da ja formuliras temava nema da uspees zosto sekoj ja razbira ljubovta na svoj nacin...u toa e ubavinata na toa.
Ocigledno ne si bila zaljubena do sega.
Drugo...zaboavi majcinska ljubov, koja e najsilna.
ete tolku

сликата на yarre
Дали љубовта може да трае вечно? - од yarre на 14 октомври, 2002 - 21:04

Убифте бре со теми за и околу љубов.
Дајте малце групни секс, настанок, традиции, групни секс нашите краишта, два на два, три на два три пута четри.
Предности, контраставови, искуства.....