Батерии за мобилни телефони, се што сакавте да знаете
Батериите за мобилните телефони доаѓаат во различни видови, облици и изведувања. Постојат батерии кои воедно имаат улога на дел од куќиштето на телефонот, додека некои се поставуваат под поклопецот. Некои се фиксно вградени во телефонот и не се предвидени за љубопитни очи.
Најраспространети видови батерии се NiMH, Li-Ion или Li-Poly. Ако не знаете кој вид на батерија поседувате, исклучете го телефонот, одвоите ја батеријата (доколку е тоа можно) и прочитајте ги податоците од налепницата.
Пред да ги размотриме поединечно видовите на батериите, потребно е да се запознаеме со основните поими.
Капацитет - мера за количина електрична енергија која батеријата може да ја добие со полнење и која може да ја даде со празнење. Мерна единица mAh (милиапмерсаат). Батерија од 2000 mAh има дупло поголем век од батеријата со 1000 mAh.
Густина на енергија - однос на содржана електрична енергија и маса на батеријата, се наведува во Wh/kg (ватсаат по килограм). Поголема густина на енергијата значи полесна батерија со ист капацитет и напон.
Циклус - едно празнење и едно полнење на батеријата. Се подразбира да се полни до крај, а спрема тоа колку батеријата се празни се разликуваат плитки и длабоки циклуси
Животен век - број на циклуси после кои капацитетот на батеријата неповратно паѓа под 80% на почетниот капацитет.
Битно е да се нагласи дека за појмовите Talk-time и Stand-by mode што се дадени во спецификациите на телефонот се изразуваат во идеални услови, што значи дека тоа време во реалноста може да биде многу пократко.
Одржување на батеријата-потребно е периодично празнење до долната граница после што следи повторно полнење до полн капацитет, со цел елиминација или смалување на изгубениот капацитет како последица на кристализација или мемориски ефект.
Повекето нови или подолго некористени батерии бараат формирање. Под тоа се подразбира неколку последователни и потполни циклуси на полнење и празнење. Повекето нови батерии ќе го постигнат својот максимален капацитет после 2-3 циклуси, а понекогаш повеке. Потребно е батеријата да се полни до крај, без прекини околу 14 саати (варира зависно од произведувачот), независно од тоа што индикаторот ке ја прогласи батеријата за полна повекето полначи батеријата ке ја одржуваат со помош на ткн. Trickle-charge. Ова е пракса кај NiMH, додека на Li-Ion и Li-Poly батерии овој третман не им е потребен.
Падот на капацитетот кој е настанат заради кристализација се отклонува со празнење на батеријата до крај (до точката на гасење на телефонот) еднаш месечно, после тоа се полни максимално. Li-Ion и Li-Poly не болуваат од мемориски ефект ниту од кристализација, така да на нив не им е потребен овој метод на одржување.
Некои стручњаци во оваа област истакнуваат дека времетраењето на батеријата е многу помало доколку мобилниот апарат е несоодветно декодиран. Ако знаеме дека кај нас нема недекодирани телефони тогаш ситуацијата е повеке од јасна.
NiCd
Никел-кадмиумски батерии се врзуваат за постарите модели на мобилни телефонски апарати. Овие батерии имаат многу недостатоци, висока токсичност, мемориски ефект и губиток на енергија при подолго стоење. Предности: ниска цена и кратко време на полнење од само саат и пол.
NiMH
Вториот вид на батериите се NiMH или Nickel-Metal-Hydrid, заради односот цена/перформанси моментално најраспространет вид. Во употреба се од 1970.година, имаат дупло поголем капацитет од претходните и не се токсични. Недостаток: големо самопразнење, до 10% за 24 саата.
Li-lon
По сите параметри сосема е јасно дека Lithium-lon ке станат дефинитивен стандард во мобилната телефонија. Она што во моментот тоа го задржува е нешто повисоката цена. Li-Ion гранките нудат во помал простор повеке енергија, а мемориски ефект скоро и да нема. Една гранка складира 100 Wh/kg, номинална волтажа е 3.6 V, а нивото на самопразнење е фантастично и изнесува само 1-2% месечно. Рокот на траење 300-500 полнења, додека времето на полнење изнесува 3-6 саата.
Li-lon-Polymer
Наследникот на Li-lon е Lithium-lon-Polymer, нов, полесен и енергетски подобар тип на батерија. За: пониска цена од нејзиниот претходник. Против: пократок век, може да се полни само 150 пати, предолго време на полнење кое изнесува дури од 8 до 15 саати и голема осетливост на ниски температури. Електролит базиран на база на полимер овозможува готово произволно обликување на обликот на батеријата што има огромна примена во трендот на смалување на големината на мобилните апарати.
Гледајки го филмот ”Liberty Stands Still” во кој главната актерка саат и 45 минути зборува на мобилен кој има само 50% капацитет на батеријата со Wesley Snipes кој ја држи на нишан, се прашувам да ли е тоа вистина или е сепак рекламен трик на Nokia ?
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 4027 читања

Батерии за мобилни телефони, се што
Sea koa znam koi baterii se dobri ke si baram mobilen po merka od baterijata :))))
Батерии за мобилни телефони, се што
Веке има ваков текст, па ете уште една дополна на твојата елаборација, добронамерно разбира се
http://www.promotel.com.mk/service/grizazabatt.asp