ЦИГАРИТЕ СЕ ДРОГА! И точка.
Зошто? Читајте понатаму...
И запомнете, колку повеќе знаеме, толку повеќе се плашиме. :)
Забелешка: Авторот е пушач, па непушач, па пушач во откажување. :)Што содржат цигарите?1) Секоја цигара содржи
тутун, т.е. ситно сецкани тутунови листови и тоа од 2 основни типа: светло жолт тутун, попознат како Вирџинија, од каде и оригинално потекнува и кој содржи околу 2,5-3% никотин, и т.н. "burley" тутун кој содржи повеќе никотин (3,5-5%).
2) Втора состојка е неизбежниот
никотин. Да се разбереме, никотинот создава зависност како и хероинот и кокаинот. Значи никотинот Е дрога. Делува стимулативно на централниот нервен систем, зголемувајќи го притисокот и пулсот. Во поголеми количини е многу отровен и може да предизвика смрт преку парализирање на респираторниот систем. За жал во моментот не постојат
цврсти докази дека е канцероген. Зависниците од никотин, доколку бидат лишени од него, чувствуваат вознемиреност, глад, раздразливост, немир и намалена концентрација. Од 2мг по цигара во 1955-61 година намален е на 0,9мг по цигара до 1996 година.
3) Во повеќето цигари се користат т.н.
"пополнувачи" кој се прават од гранчиња и други делови од тутунот кој инаку би се фрлиле. Истите се мешаат со вода и се додаваат различни вкусови и адитиви.
4) Денеска во цигарите
легално може да се додаваат околу 600 различни
адитиви кој во крајна линија ја зголемуваа зависноста. На пример, може да се додаваат хемикалии кои ја зголемуваат алкалната содржина на димот, а со тоа зголемувајќи го и ефектот на никотинот. Од 1997 година постои (пази сега!)
доброволен договор да се откриваат сите нови адитиви и отрови во цигарите. Пред 1997 не постоеле никакви "обврски" од било каков тип.
5)
Катранот е исто така составен дел од цигарите. Од 1ви јануари 1998 година во ЕУ (освен Грција) е поставен законски горен лимит од 12мг катран по цигара. Треба да следува закон кој ќе постави лимит од 10мг катран, 10мл јаглерод-моноксид и 1мг никотин за сите цигари продавани во Европската Унија. Мора да се споменат и т.н. "low tar" цигари, кои иако се тврди дека го намалуваат ризикот од рак на белите дробови, сепак истражувањата покажуваат дека пушачите на овие цигари за да го надоместат никотинот (кој во принцип кај low tar цигарите е понизок) пушат повеќе цигари од вообичаеното и "вовлекуваат" подлабоко. Кој тука добива оценете сами.
6) Повеќето цигари денес имаат и
филтер. Истите се прават од целулозен ацетат и спречуваат дел од никотинот и катранот во димот што се вовлекува. Меѓутоа исто така го прават и самото вовлекување полесно. Првпат се додадени во 50тите години после првите извештаи и истражувања за штетноста на пушењето.
7) И на крај нормално тука е и
хартијата во која е свиткана цигарата, и чии тип на изработка е доста битен. На пример, попорозна хартија (со повеќе, скоро невидливи, дупчиња) теоретски може да го "разреди" димот и да го намали количеството никотин и катран кој се внесуваат во белите дробови.
Што се случува после последната испушена цигара?После 20 минути
- крвниот притисок паѓа до нормалата
- пулсот се враќа во нормала
- телесната температура на рацете и стопалата се зголемува до нормалата
После 8 часа
- јаглерод-моноксидот во крвта паѓа до нормалата
- кислородот во крвта се зголемува до нормалата
- исчезнува "пушачкиот здив"
После 24 часа
- веќе е намален ризикот од срцев удар
После 48 часа
- нервните завршетоци започнуваат пак да растат
- се зголемува способноста за мирис и вкус
После 72 часа
- бронхиите се релаксираат и полесно се дише
- се зголемува капацитетот на белите дробови и полесно се прават физички активности
После 2 недели до 3 месеца
- се подобрува циркулацијата
- пешачењето станува полесно
- белите дробови работат до 30% поефикасно
После 3 до 9 месеци
- се намалуваат кашлањето, синусните проблеми, заморот и "краткиот здив"
- целокупната енергија на телото се зголемува
- се зголемува способноста за справување со слузот, се чистат белите дробови, се намалува ризикот од инфекција
После 1 година
- ризикот од коронарна срцева болест е за 1/2 помал од оној кај пушачите
После 2 години
- ризикот од срцев напад паѓа блиску до нормалата
После 5 години
- ризикот од рак на белите дробови е за 1/2 помал од оној кај стандарден пушач на 1 кутија дневно
- ризикот од мозочен удар е намален
- ризикот од рак на устата, грлото и крајниците е преполовен
После 15 години
- ризикот од коронарна срцева болест е ист како и кај лице што никогаш не запалило цигара.
Ако и после сето ова не ви е јасно, дозволете ми да ви појаснам и повторам:
ОСТАВЕТЕ ГИ ЦИГАРИТЕ АКО ВИ Е МИЛ ЖИВОТОТ! :)
П.С. Еве и еден интересен
линк/книга на оваа тема.
Последни коментари