старо-ново скопје

Донесена е одлука да се градат неколку објекти кои беа обележје на старо скопје, а беа срушени во земјотресот.

Кое е вашето мислење, треба ли?

Вчера имаше една дебата на зебра лајф која беше многу интересна иако соговорниците не беа на исти ниво, па немаше активен и рамноправен дијалог.

Се сложувам со мислешето на професорот Грчев дека залудно е да се прават архитектонски зданија кои ќе бидат копии на непостоечки згради, бидејки се прават франкенштански грдотии, кои се само сентимент, но не и традиција бидејќи неможе да има традиција на нешто што не постои веќе 40 години, а не се ни функционални бидејќи денешната функционалност оди во друга насока.
На Скопје му требаат и театри и концертни сали, но тоа треба да се нови модерни и функционални згради кои ќе бидат печат на сегашната архитектура и духот на скопјани.

и ете како наравоучение треба да ни биде камениот мост кој по ,,реставрацијата,, стана баш таков франкеншајнски објект.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Zelka

не дека треба

не дека треба жештока дебата околу темата. поентата на ценетиот ни градоначалник да си сврти малце кеш преку градежништво. изгледа гледај многу the aprentice па укопчал дека пари има во градежништво преку неговиот бизнисмен колега Трамп.
можеби треба на старото место кај офицерски дом да има театар, но треба да е со модерен дизајн, нешто што ќе не стави на мапа. можеби треба да го носи старото име и ништо друго што го поврзува со уништениот офицерски.
доста е со тито, доста е со сфрј. доволно е од ретроспективи, треба да гледаме напред кон иднината.
100 mu gromova...

Слика на GoodBytes

Ново Скопје

Модерен дизајн. Неконвенционална форма. Стакло и метал. Големо, пространо, опремено, мулти-функционално, со сопствен паркинг, меѓу другото. Океј е да се реставрира стар објект, но во случајов се работи за нови објекти кои ќе имаат современа функција. Скопје веќе одамна го изгуби градскиот шмек, но не е доцна да се поправат работите. За урнек, гледај ја Јапонија.
---

Слика на Zelka

многу сме

многу сме вредни и сакаме да градиме. само споменете гредежништво во нашиот мил главен град и веднаш асоцира на зградата позади градски/фиком/водно/злокуќани.
никој не се труди нешто да направи поубаво, или да си го истакне талентот. напротив сите сакаат шушки. кога на некој ќе му текне што и како тогаш касно ќе биде.
ме чуди како не паднала некоја зграда поради недобра конструкција за да се заштеди на пари.
100 mu gromova...

Слика на NikDdik

трагедија...

Архитектурата како уметност треба да гледа и да води нанапред, а не кон минатото. Тие објекти (ако) требало 63та да се реставрираат, а не, ги срушија тогаш, па после 40кусур години, ај да ги возобновиме. Да му го вратиме стариот дух на Ск. Зошто? Тие што се стари и го имаат тој дух, ќе отидат и така набргу. За оние кои ќе ги наследат, многу поверојатно е дека поголемо значење во нивниот живот ќе има Рамстор (пример) отколку новоизградениот ОДом или театарот, и уште што таму не планираат.
Го посраа камениот мост, па кај се Плаошник (изградија оригинал црква што постоела таму пред колку, ахм, 1 милениум баго), Самоилова тврдина (додаваа камења на ѕидините за да не изгледаат срушени), и што уште не.
Очекувам кај и да е, и Хераклеја и Стоби да ги „кренат“ како во нивната најголема слава. Или може треба да ги срамнат со земја прво. За ќарот да им биде поголем.

Ботомлајн, ако се деси да ја обноват Стара (имаше муабети, конкурси и сл.) е тек тогаш, динамит и се у воздух. Па нека им текне пак.

Слика на Robomarket

Ме плаши

Ме плаши неуспешна рекреација на некој одамна поминат објект. Тие неколку згради изгледаат толку убаво на слика, ама кога ќе помислам како само успеаа од едноставен зафат да се среди и заштити камениот мост да направат фиаско. Мостот личи на када.

Цело Скопје е архитектонска утка и појма немам каде ќе збутаат некои нови, за нашето поднебје несекојдневни градби.

Слика на ZisDead

мостот

Камениот мост не може да биде некој репер. Тоа беше само една голема операција за перење пари.

Инаку што се однесува до бришење на стариот урбанистички изглед и заменување со „ново“, видовме што се случи со плоштадот. Грдосија невидена. Нови минималистички, постмодернистички решенија на централни локации низ градот се како чирови, без допирна точка со духовното и историско минато, сегашност и иднина.

Ако мора архитектите да заработуваат леб со тезги за нешто ново и помпезно, ете имаат за правење еден куп приватни гротескни палати.

Communism is monopoly capitalism

Слика на Сељачиште

мостот

ZisDead wrote:
Нови минималистички, постмодернистички решенија на централни локации низ градот

Постмодернистички? Ваљда модернистички, а? Знаеш што е постмодернизам?

Слика на toomuchisnotenough

чим момакот ја

чим момакот ја знае иднината, шо има да го прашуеш за постмодернизам?

ZisDead wrote:
без допирна точка со духовното и историско минато, сегашност и иднина.

__________________________________________________________________
Пуцајте -- ја и овде држим час!

Слика на ZisDead

чим момакот ја

Во твојата иднина го гледам Сељачиште и многу вазелин. :)

toomuchisnotenough wrote:
чим момакот ја знае иднината, шо има да го прашуеш за постмодернизам?

ZisDead wrote:
без допирна точка со духовното и историско минато, сегашност и иднина.

__________________________________________________________________
Пуцајте -- ја и овде држим час!

Communism is monopoly capitalism

Слика на toomuchisnotenough

идно свршено време

ZisDead wrote:
Во твојата иднина го гледам Сељачиште и многу вазелин. :)

тоа е во минатото. во иднината си ти. ;)

___________________________________________________________________
Пуцајте -- ја и овде држим час!

Слика на ГоранОдЧаир

трам вај ?!

да има или не ?! Мене лично ептен ми се свиѓа помислата на трамвај во Чаир ;) Уште едно превозно средство за користење на шверц карта ;)

---------------------------
не ми работи потписот нешто

Слика на dimitar27

Чаирчанецов бе

Чаирчанецов бе слушни го, трамвај у ЧАИР сакал :)))

Туку за старите градби:

Не мислам дека треба да се градат нови татари кога постојните ни прокиснуваат и се распаѓаат.Нели е срамота до лани нашите балерини да вежбаат во сала која прокиснува, па со донација на некоја си сомнително приватизирана компанија да се оправаат.И полсе по телевизии да му пушат ку*от на славниот донатор кој станува мецена со туѓи пари?!?
И ако веќе има пари, нек се стегнат прво постоечките објекти, па после нека градат нови.Башка, што ќар од театар како стариотр?Таму собирало 300 души.Бил граден за Скопје од 50 000 жители а не за Скопје со 600 000 жители? Или официрскиот дом?? ЕНе им АРМ ДОМ, нека го средат него прво.Мислев дека барем оваа влада нема да потпадне под тие шаблони, ама како тргнале и споменик на ТИТО ке финансираат.
Во секој случај, лошо од секој аспект.

BONUM PENIS PAX IN DOMUS

Агрегирање содржина