Му славев на син ми еден месец па со мојто мило маже решивме да прославиме со искачанка на концерт на Леб и Сол. Небитно што беше во организација на оние на кои името ми е шубе да го споменам
башка ако ги спомнам се јавуваат да се закануваат...да кажам дека концертот беше екстра. Фалеше барем уште еден видео бим, ама ај...Публика имаше супер, онака, се гледа дека без дојдени вистински љубители, а салата беше преполна!!! Ме фати малку и носталгија
, мора да признаам, ама јас најубаво пеев на македонски таму ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Инаку, таа вечер дознав дека Леб и Сол, својот прв концерт пред 30 години го имале токму во Нови Сад (прв мислам вон Македонија) и токму во таа постава. Концертот траеше два и пол саати, плус два биса...и немам коментар, сем, браво за вас почитуван бенду, и фала ви за тоа што ме потсетивте на мојата мила и сакана оригинална дома!!
Последни коментари