Преземено од Вечер [vecer.com.mk]
__________________
Раководството на МВР одлучила да ја реорганизира полициската единица за борба со уличниот криминал "Алфи", поради корупција и незадоволување на работните стандарди на полицијата, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека теренски оперативци на единицата, која функционира речиси две години, премногу се зближиле со одредени криминални структури во Скопје и во поголемите градови во државата. Поради неправилната дефиниција на нивниот опис на раоботното место, заедно со неправилната обука, оваа единица предвремено и со многу пропусти била пуштена да работи на терен, додаваат од МВР.
"Алфите" како полициски специјалци биле одлични само во делот за апсењето и наоѓањето на криминалците за што раководството од МВР вели дека сведочат резултатите. Но несоодветната обука во секојдневното комуницирање со криминалните структури и неподготвеноста на припадници на единицата за овој дел од работата дозволила многу поединци да станат корумпирани и да оформат пријателски и бизнис врски со разни криминалци.
Според раководството на полицијата "алфите" едноставно немале никаков капацитет за водење на теренско-оперативни активности и за собирање информации и сознанија. Нивната неподготвеност за работата и егоистичната природа на слабите месечни примања, дозволила голем дел од нив да станат јатаци и соработници на македонското подземје.
Тие неподготвени и самоволно влегувале во комуникација со криминалците, кои биле психолошки многу повеќе подготвени од нив. Раководството на МВР вели дека, грубо кажано, "Алфите" за 100 евра и за девојки им седнувале во скут на бандитите.
МВР одлучило разговорите и теренските сознанија ќе ги вршеле стручни лица, односно инспектори обучени за таа работа. "Алфите" пак ќе работеле исклучиво само како обезбедување на лица и објекти, ќе патролирале по улиците и ќе апселе криминалци само по претходно дадени налози за работа.
Од МВР најавуваат дека прва од неколкуте мерки за реорганизација на едницита е тоа што надлежностите на "алфите" ќе им биле намалени.
Последни коментари