Ej, дечки, каде се овие места?
Испратено од AlekNovi на 13 ноември, 2006 - 21:48
Слушнав за некои интересни места, ама не им ги знам локациите. У принцип кул дешавки имало по овие локации ;)
Магор (мислам), некоја книжарница со кафе
Точка новата
Некое друго кафе-книжарница место
MyPlace
Jамајка.
Ај кој има искуство со овие места (или знае кај се бар), нека се јави :)
»
- Додај нов коментар
- 6559 читања

незнам дали да
незнам дали да ти кажам или да се смеам...
100 mu gromova...
незнам дали да
немој така, може е геј.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)
кој бе кул!?
Ич не се кул местава, али ипак:
Магор е бившото арт кафе, карши балет во порта буњаковец.
Точка новата изгледа топ и веројатно е единственото кул место од овие што ги наброја (каде можеш да идеш и разговараш за по-мо ствари и сл.). Се наоѓа во просториите на бивша книжарница Ѓурѓа, позади црква (во тие чудните згради кои никој не ги приметува, иако секој знае дека се тамо негде, си стојат)
Имаш две други кафе книжарници, едната е во ТРИ во ГТЦ до кино Милениум, другата е клубот на филозофи во книжарница Аз-Буки кај италијанска амбасада (каде срдечно го препорачувам филозофскиот вињак).
Мај плејс ама ич не е кул, се наоѓа на орце николов, блиску до раскрсницата со Наум наумовски Борче и речиси карши ентернет. не иди тамо, ти викам!
Јамајка е едно место кај млечен ресторан, зградата до кафе Лее. Шо има кул тамо? Зар немаше биљард или нешто така???
Monthy, глеам
Monthy, глеам шетан човек си, па ај кажи кои се кул места по градов, не се устручавај мислам... :P
Laugh often.
кој бе кул!?
Еј monty, фала многу :)
Flex, Zelka:
Планирам да ги разгледам сите места во градов па да видам што има ок, а што не. Гледам дека сте експерти. Ај кажете што вреди да се провери.
Не. сум била по
Не. сум била по другиве места, ама еден шмеќер ме однесе до мај плејс уше поодавна и беше бљак. Бар мене, иди-види-испи им едно кафе-измочкај им се-и иди си. Тоа ќе те кошта ваљда едно 100 ден. ама нема да ти биде више нешто непознато, нели. Прошетај дете, испружи нозе, Скопје е мало, и крие убави местенца..
]Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)[/i]
ај моја
ај моја експертиза... моит? в петок магор тони китановски, точка е за друга намена, иначе тоа се зградите на АРМ. тие што никој не ги приметува. мај плејс е швалерско место. чим има 50 годишнаци со 25 годишњачки у будни има нешто. еднаш правев интервју таму и кога пука блицот сите почнаа да се кријат.
доволно?
100 mu gromova...
Не знам точно што сакаш...
...но идемо редом.
1. Дискотеки (барем тоа што остана од нив)
- Б2 - ако го занемариме газдата, знае да биде ОК место во четврток, на електроника.
- Процес - и тоа беше ОК место, исто така во четврток на електроника, но БЕШЕ. Оваа година појма немам.
- Хард рок - не знам какво е одкога повторно го отвориле. Слушнав дека имало нешто членски карти и други такви курци-палци ствари, но овој четврток го имаш Валентино Кенцијани, значи пак електроника. Штом има ДЈ, не би требало да има проблеми за влагање.
- МНТ - не знам што се случи со тоа место.
2. Клубови
2.1. Рок/Алтернативно ориентирани
- Балет - катастрофа место, но воедно и парадокс на скопскиот ноќен живот затоа што не знам зошто и како, преку цела година е полно.
- Вега - ветуваше едно време, но оваа година не сум бил.
- Маракана - нешто подобра варијанта на Балет,но со стари тетки (не дека во Балет се помлади).
- Кастро - нај ОК место од сите овие.
2.2. Да ме видат/да ги видам ориентирани
- ЗЕН - без коментар. Види еден ред погоре.
- Сектор - такоџе без коментар. Види два реда погоре.
- Место - ново е не сум бил.
2.3. Електронски ориентирани
- Клуб - ок е. Има ок музика, претежно наши дј.
- Папаја - лошо место.
- Статион лоби во МКЦ - ок место, кафич со работно време како клуб, ефтини пиачки
3. Кафичи (не можам да ти ги опишувам сите)
- прва група - стоење плус ок музика - Бизар,Љубов,Лајка итн.
- втора група - седење плус ок музика - Лезет,Чакра,Ориент итн.
- трета група - шема места - едно катаљарда.
Епа толку од мене во моментов, ако има некој да дополни, слободно. Турбо фолк местата НАМЕРНО се ИЗОСТАВЕНИ.
МДМА ...АЈ ЛАЈК:)
МДМА ...АЈ ЛАЈК:) Изнанаџуеш! Ај што и си потрошил време и тастаура ама и описот и е генерално добар. малиша, ти што прашуваш, глеј да не те фати асистентот, и препишуј!:)))
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)
МДМА - фала на
МДМА - фала на одговорите, али тоа веќе ми е се познато, цел живот го имам поминато по тие места.
Требаше да си кажам дека ме интересираат **алтернативи** на овие места.
ЕЈ него да наметнам друга тема. ЗАШТО сме земја во која работниот ден почнува 2 саати порано, а ноќниот живот 5 саати покасно? Ебате иронијата :)
Јас за се ги кривам оние јуниор, медиум и слични педиум-забави... лол.. Кај има во свет 13 годишници по дискотеки и клубови :?
Еве имам другарчиња во лос анџелес, ноќниот живот им почнува во 8 саатот, ако одат во некој клуб, паб или бар, влезени се веќе до 9 саатот, а веќе на полноќ се враќаат дома и супер си поминале, се запознале со пуно луѓе, се забавњале и поминало едно 3-4 места ако седат до 1 сабајле. Единствено рејверски и андергроун забави се после 1 насабајле.
Поентата ми е ова. Во градов мораш да бираш помеѓу 1) паразитски живот (да спиеш цел ден и буден цела ноќ), или 2) живот без никакво ебано социјализирање :) Освен ако немаш добар начин на прилагодување на спиењето. Да можеш некако да искомбинираш и да спиеш 2-3 саати поручек (алал им вера на тие што можат)
Втора работа. Зашто сите инсистираат да одат по дискотеки? Особено во оваа земја е глупа логика. Зашто ем никој не игра, ем никој со никого не се запознава. Сите плаáат скапа влезница за да пијат скапо пиво, да седат потпрени на ѕид... и ниту се забављаат ниту се запознаваат луѓето меѓу себе. Ја ако одам на некое место со добра музика, кур ме боли, ќé се изнаскокам и ќé се изнавикам, а ако сакам да запознаам некого, é запознаам некого, сакам добро да си поминам! Ама обично приметувам дека сум единствениот или еден од двајца во целиот клуб што го прави ова.. Сите седат со скиселени фаци во место. :)
Така ради некои обавези и приоритети во животов сеа морам да водам дневен живот, па сеа барам тотално нови места. Места кај што може убаво да си помине човек, и да си најде интелегентни луѓе за муабет (пример у колосеум такви нема, no disrespect на тие што одите таму). Места што се одвиваат работи преку ден, па до полноќ
ја на пример,
ја на пример, коа ќе видам журка и име ко канзијани, иако сум го видел исто пати колку мирко факинг попов одма нарачувам фришопско виски од литро за 600 денари, кое го делиме 3ца другари и го пиеме интензивно пред идење на журка. пошо литро виски е ептен многу жесток алкохол ни остануе една третина, која влага кај девојка ми у ташна (у помало шише афкорс) и само нарачувам кока-кола која ја плаќам 80 денари и го мешам остатокот од вискито со него. знам дека е сељачки, ама толку пари иаме сите. плус, виски си е виски, а бадел 120 денари е бадел 120денари и има 0,02 у него...
второ, остај ти америки лос анџелеси. ова е скопје. далеку е запад. коа знаеш дека има журка спиј си братче попладне. треба да станеш утредента. треба да станеш со мала главоболка и млечна киселина во сите поголеми мускули.
алтернатива? изложби, музеи, театар. кафе на селектирано место. друго све е мејнстрим.
ама лани у зимското колосеум валентино што направи, бабура не може да ми направи! (извини бабура, ама он таа вечер беше бољи од тебе!)
100 mu gromova...
Абе...шо знам ја
Абе...шо знам ја (по охридски) остаревме...по 3 места идам и све таму па таму :)
У БРОЗ идам секој ден, ама денски, исто и у Бастион.У КРУГ (на крузниот ток после Мечос) е убаво кога има свирка, у Петок свират екстра момци (Џоле шо свири со Влатко Стефановски и екипа).
Кафани да сакаш да ти пишуем, не е проблем, па и скапи мезиња да ти предлагам, ама за дискотеки и електро места...тапа...сељак сум ја одамна :)
ФЛЕКС, сеј си мирна...ке те носам ја тебе на едно скришно место...земи и Френчи со тебе :)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Сакам да знам
Сакам да знам кои се турбо фолк места во Скопје, сум забораила бе дека постојат!? Или некако мозокот сам си ги исклучил како постоечки :)
А сите овие описи...ех, самтајмс ми недостасуваат некои места. Ама самтајмс ;)
И така, го сретнав Фикрет, и Фикрет ми даде нешто бело, и ми рече, на пробај, у пизду материну е добро
Не знам точно што сакаш...
Со ваква алтернатива тешко му на маинстримот.
Чакра
кај се наоѓа ова?
Kaj...
...Канела во Козле. Некои дваесет метра подоле, односно, ако идеш од центар кон Козле, на раскрсницата вртиш лево, па има 2-3 куќи , па иде Канела, и 2-3 куќи понатака се наоќа Чакра (која што исто така се наоѓа во приватна куќа) .
...море ама
...море ама збутано било. Арно шо го познавам реонот. Фала бтњ.
Зељо е во право.
Зељо е во право. налевање од дома, или у кола на пут, рулз и економија е( понекоаш). Димитар е у право. Мали, ти што прашуеш, и ти си у право. Тоа што нема правило и да си у Скопје и Лос Анџелес и кај сакаш, е тоа што секаде па нешто ќе ти фали. Еве ја све би нашла у Л.А, ќе ги зберам горнаведените двајца, ама пари ќе ни фалат:)))
Фината е дека Скопје е мало, ама и некако сме тнки коа станува збор за нови места со нов концепт. Ние сме тнки со пари и без правец, така да коа све ќе се собере, така лошо изгледа. Плус, батко ако не си приметил , растеш, па надрастуваш мислења и искуства, па кај и да е Скопје ќе ти стане тесно. И после ќе се ожениш:))))))))))))))))))))))Или ќе останеш заувек злоупотребувач на екстази и празни станчиња и викендички..
Многу серам денес, идам по кафе..
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)
ти одамна не си
ти одамна не си била у скопје.
сеа се отвори: хард рок, стариот колосеум (има ново име), тоа во подрумот на олимписки (тек ке се отвара), зен, на свила новото диско, вега... има девојко има. само што мора да е пуно за да биде шема. иначе... тапа.
се се сведува на: пак треба пари. пак е шема... пак ти викаат дечки пуно е а не е... па мобилни...
100 mu gromova...
Не сум била од
Не сум била од Август месец, некаде на почетокот на Август поточно...
Колосеум последен пат бев на мојата свадба у Јануари :), во Љубов...не знам, мислам дека кога пуштав музика меѓу последните пати, значи ооооодамна ;) а некако со стомак до зуби не ми се акаше многу после EXIT :D Патем, ја знаеш дека не сум многу по шемата жена, па може и да ги изоставам сите тие места, и кога ќе дојдам, а? ;)
И така, го сретнав Фикрет, и Фикрет ми даде нешто бело, и ми рече, на пробај, у пизду материну е добро
нови места.. бррр
нови места!?! тазе искречено, као демек, нова шанкерица, или ново име на старата дупка, и оп! ново место!!! а тоа, ко ќе видиш, постојано налетуваш на истите луѓе(рајата никад не се мења, па тоа е бре немогуче!), по „рокерскиве“ места ти се вртат истите бендови (со нивниот ИСТ репертоар, несменет 78 години)... е сеа, да не напраам грешка, ќе ги тргнам Мамас од групацијава(троа пошаренолики бендови, и со поширок репертоар), па и Кастро со концертиве што ги прават.
од фраерските места, тука е зен: пред некој ден ме уби у појам со мотото „dress 2 imress“ (али,некој погоре фино го дефинираше местото како „да видам - да ме видат“, така што, и нема причина за додатно коментирање).
мада, морам да признаам, годинава ниеднаш не сум налетала на некој батко избацивач што праи селекции на врата. ( и пизда му материна, кога ќе се направи гужва до степен да неможе да се дише, стварно се прашувам дали стварно не би било поприкладно кога би се лимитирал бројот на луѓе внатре).
п.с. јамајка. кога не им работи дворот, на располагање се едно две маси, али е увек опуштено, и имаат скопско за 70 денари.
Каде има добри
Каде има добри салатки уз староградски мини-чалгии?
Ја не ноќни
Ја не ноќни клубови и дискотеки... и они пак за ноќни клубови и дискотеки :)
Маја, не барам нови места, барам АЛТЕРНАТИВНИ :) места за запознавање интелегентни луѓе. Значи алтернатива на дискотеки и клубови.
Ако има некој нешто да додаде, фала однапред :)
На право место...
А, бе остај ги..гледам дека има недоразбирање! Дечки, НА ПРАВО МЕСТО СИ!ТВОЕТО ЛУТАЊЕ Е ЗАВРШЕНО! На БАГРА никој не ти стои на врата, нема гужва! (највише по 5-6 члена и 10-ина нејзнани јунаци), а друштвото е кој од кој поинтелигентен! :lol:
"Εν Τουτω Νικα"
Ја не ноќни
а една седенка у библиотека по повод сикинг интелекчуалз? значи.. ем алтернатива (коа нема - нема), ем интелегентни луѓе (квешчнабл додуше) ем ќе ти створи добра подлога да напишеш бестселер за едно пар години, по можност трилогија на некоја од темите што ќе те зачудат при престојот....
(а вака: сериозен одговор, алтернативни места...зависи кој што подразбира под "алтернатива".. има многу, откриј некако уз помочу трикова и обелодени не..барем мене, да видам моите дефиниции за терминот колку/дали се доследни...)
Каде има добри
У СТАРА КУЌА у адвокатска уличка, карши паркингот на МНТ, екстра мезе, екстра музиче, ама навечер само,или и денски ама по нарачка.
Јулке, ја не сум бил никад на таква турбо фолк шема у Скопјево, ама некна седам со некои цури у СТАРА КУКА и доага музиката (3 момци староградски свират) и ова шмизливе нарачуваат „МАНТА МАНТА“ од ЦЕЦА??? Ја глеам збунет, иако мислам дека ја знам ЦЕЦА и нејзиниот репертоар ама ете и тука сум застарел.И кејф ми направи музикантот, вика „Ние тоа не свириме,“ и ми доага мене и ми свири „Димитрије сине Митре мајкина будало“, и одма попива 20 еурича у челенка :))(малку е знам ама тапа сум у задње време со паричка)
Ама...стално има АМА, истите тие цурици (кои BTW се важат за скопки цури?!?) ми кажуваат дека на КАЛЕ горе у кафаната (МЕРАК ли се вика ??) имало секоја вечер до 3 саат журка со МАНТА и ЦЕЦА и остали ПИНК фраери ем фраерки.Е..така..ете ти и турбо фолк место у СК.
П.С
Одамна ми причале дека и на тие турбофолк журки посетителите кркале ексови па и бело???Могуче е знам, ама....???Како бе, маам полутка у нос и дигам руки у транс „МАНТААААААААА“ :)))
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Каде има добри
не дека нешто злобно ова, ама па шо кур, цело село шмрче бело и онака.
нема врска музиката/дрогата/лајфстајлот со тоа дали некој не е шупак.
Фала за инфото
Фала за инфото другар. Не ми е јасно како може да нема староградски чалгии по Скопјето. Такво нешто е неспоредливо со сите, да ги ебам, пинк фуфици и постари тетки. Сакам да се створи таква култура кај што ќе се негува таа музика за да се потисне таа чума од турбо фолк и неквалитет, биле ги на Зелка стоте громови. Има еден куп мераклии како мене на кои им е скратено тоа задоволство да им ѕ`мка “Сношти Миниав“ во позадина.
Бев службено во
Бев службено во Уранија пред некоја вечер, мислам дека имаш чалгаџиоидна музика. :)
Фала за инфото
И у ЛИРа имаш добра музика, не е чалгоидна можда ама е староградска добра.
Ти изрази само желба, ја одма ти правам друшВо :)
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Фала за инфото
А ти само изрази желба па и во круг ќе ти се засвири нешто чалгаjazzко, а после ја може да ти праам душтво за на кале, манта остало па и бело, баш ме занима како изгледа целата таа комбинација ? само едно знам, цурите гарант се топ!
„со почит кон ликот и телото на меца...„
Малку оф
Малку оф топик....среќен роденден, со задоцнување :) Нешто багра не ми се отвара последниве денови, па така...„у дилеј“ честитка ;)
И така, го сретнав Фикрет, и Фикрет ми даде нешто бело, и ми рече, на пробај, у пизду материну е добро
Малку оф
Фала Џулс, дрмни нешто од мене, сокче, млекце, боза што и да ти е на мени! и види пвт
Фала за инфото
Пичка ли ви лепа матрина, ја трудна и ендикепписана , а они кафани, мезиња , ракии, бело хаос , блуд, разврат и вас за друштво! Мајку ви, све ви! Само јадови да се скоривале! Гррррррррр
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)
Фала за инфото
а бе, како беше она, после ебење нема каење??? седи сега дома!
али шала на страна, ја тоа по кафани одам да заработам некој екстра денар за пелени, не дека ми се лумпува!
иц а дрти џоб, бат самбади згат ту ду ит хехе...
Чалгалоидна,
Чалгалоидна, староградска...сеедно. Само да нема шабанајзер =)
Ќе се частиме по една мастика со Димчета :)
Македонски народни песни
Спикинг оф чалгии ем староградска музика, штом има мераклии и за ваков тип забава, малку глупо вака с' неба па у ребра, ама да си напрам ефтина рекламица за нешто во што сум вложил голем труд...
Имено, Македонски народни песни е мој сајт со над 450 староградски песни. Во моментов додавам аудио семплови од песните, а и дополнувам нови.
Па така, ќе ми биде мило ако вие, почитувачи на изворната музика, на вашите домашни седенки, визити, или шо знам јас какви дружби, го употребите сајтот за да ви даде инспирација, интонација, а башка и текст за пеење.
Линк: Македонски народни песни.
---
Ејј алал да ти е
Ејј алал да ти е за трудот. Стварно си посветил многу потребно внимание на оваа култура и би било супер да има повеќе информации, некои кадра, бендови итн итн.
Бтњ, спонзорираните линкови од страна рекламираат бугарски веб страни. Штетно е.
Баш
... напротив, мене ми е МНОГУ симпатично што бугарски компании го спонзорираат публикувањето македонски народни песни на македонски јазик. Дури ми доаѓа и mail да им испратам и да им се заблагодарам во име на македонскиот народ. :-)
(Инаку, да нема забуна, тоа Google самиот ги генерира линковите, во зависност од содржината на страната. За Google, кирилица си е кирилица.)
---
браво друже гудбајтс
многу убаво, ама мислев дека ги има како аудио да си ги симнам! сакам да ги имам во колекција, ваква музика љубам да слушам. има шанси да ставиш емпетројки? или да не знаеш кај да ги најдам?
и пак браво за трудот!
MP3
Фала на двајцата. MP3 немам ставено со цели песни, бидејќи не сакам сајтот да биде илегала. За сите песни за кои можам, (ќе) ставам аудио семплови од 1 минута. Друга варијанта би била цела песна, ама со трагично низок битрејт.
А семпловите можат да се слушаат, но и да се даунлоадираат со десен клик врз копчето [PLAY] и избор на опцијата "Download: 1. undefined". Јас навистина би сакал да ја ставам цела моја народна музика на сајтот, но не сакам да им направам проблем на авторите или себеси.
За да имаме збирка со цели песни, се надевам еден ден МАНУ или друга заспана државна институција ќе ни овозможи.
---
Moze i jas???
Може и јас да кажам нешто???
Нова сум и случајно го најдов муабетов. Сум слушала за Багра ама незнаев што како, ама мора да кажам дека сега за сега сте ми ептен ок.
Темава од алтернативни места, стигна до мп3 народна музика, ама ако.Барем не стигнавме до фрее данлоуд за МАнта МАнта :)
Што ми беше муабетот уствари....Аха, предлог за усте две места со чалгаџиска музика „БАлканика“ и „Носталгија“ не се лоши доколку сакате виолинче на увце.
А за сајтов со музикава, не видов никаде додади песна. Имам неколку што не ги приметив па ако сакате контрибјушн....кажете што како каде...зс не ме бива бас со техникава :).
Ај толку од мене, ептен се расприкажав вака ко новајлија.
Поздрав!!!
На email
Леа24, фала ти. Багра е форум на домаќини луѓе со кои секој сака да се дружи. :-)
Ако имаш некоја интересна песна за која нема веќе ставено текст или аудио семпл, те молам прати ми ја на the.goodbytes@gmail.com. Ако не можеш да праќаш толкави фајлови по email, прати ми порака и ќе ти кажам алтернативен начин. Данкешен.
---
Ете... Ветено
Ете... Ветено Сторено... Паратив две, ама како што ти пишав, тешко оди со текстовите, ќе треба сама да ги куцам, а мрза сум по природа (и општество).Ај ќе се снајдеме некако.
И така, фуцк тхе босс ис комонг...Мора да одам :)
Голема мисла на малиот мозок....
Кога муабетот е кај ...
...не смееме, а да ги испуштиме МАКЕДОНСКА КУЌА(на Јужен Булевар, кај Дисконтот на Тинекс) мислам дека некој бараше место кадешто може да проба манџички и други домородни специјалитети; КУЌА(кај паркингот карши Холидеј Ин), ваму не сум бил, ама слушам добри зборови, како и за СТАРА КУЌА(зад Универзитетска Библиотека, каде што било ептен скапо).
Исто така, ЈАНА(карши Центар за странски јазици) е закон, иако сум бил таму само еднаш, имам одличен впечаток.
"Можеби сум параноичен, ама тоа не значи дека никој не ме следи"
MP3
А шо copyright-увани се „Народните песни“??
Народните
Народните песни неможат да бидат под никаков копирајт. Најлогично би било да стојат во јавен домен.
песните не се
песните не се копирајтувани али изведбата е.
песните не се
Токму така. Ако се собереме друштво со гитари, дајре и црно вино, па да запееме и да се снимаме, тоа може да оди од почеток до крај, со каков сакаш квалитет. Ама песна од ЦД на Никола Бадев, издадено пред некоја година од МТВ, малку потешко. Иако јас на радо срце би ги опабличил до коска. :-)
Инаку, содржините на мојот сајт се публикувани со Creative Commons By/Nc, но само заради мојот труд кој е во нив вложен. Но, тоа пак е доволно широка рамка за речиси било каква употреба без барање посебна дозвола.
---
друже Goodbytes
Друже Goodbytes, се исплати ли Адсенсе? Во секој случај добра работа. Наместо 2 thumbs up, од мене имаш 2 clicks down. А ќе има и повеќе. ;)
Laugh often.