4 декември, 2008 - 00:52
[веб кирилица]

Ортега победи - Буш губи

од Lenin на 8 ное 2006 - 18:55

Даниел Ортега официјално е објавен за победник на претседателските избори во Никарагва.

Нов претседател на Никарагва е Даниел Ортега, човекот кој и беше претседател во 80-те и се враќа на претседателското место после скоро две децении. Борбата за власт овде може да се смета како дел од политичката борба помеѓу САД од една страна и Куба, Венецуела и Боливија од друга страна. Победата на Ортега во овој случај означува губиток на САД.

Само ќе спомнеме дека Ортега веќе беше претседател на Никарагва во периодот од 1985 - 1990 година. Во тоа време државата стана една од најжешките точки на светската карта за време на Студената војна.

После својот пораз на претседателските избори во февруари 1990 година, Ортега ги напушти марксистичките погледи и стана приврзаник на мешаната економија и политичкиот плурализам.

Од левичар атеист, Ортега се претвори во католик кој ги повикува сонародниците кон примирување. Ветувајќи борба со бедотијата и решавање на острите социјални проблеми, Ортега ветува и поддрпка на приватниот капитал. Во однос на надворешната политика тој е намерен да ја задржи конструктивната политика со сите држави и меѓународни организации.

Најверојатно сите овие измени одново внесоа во народот поддшка за Ортега. Само да се потсетиме дека тој од 1990 година три пати се кандидираше за претседател и три пати губеше на изборите.

Меѓутоа, според мислењето на граѓаните на Никарагва, изборите се само продолжеток на плитичката борба на регионалната и меѓународната арена меѓу САД од една страна и Боливија, Куба и Венецуела од друга страна.

Венецуела до сега даваше и ќе продолжи да дава материјална помош на Никарагва во услови на енергетска криза во која се наоѓа државата.

САД веќе подолго време најавуваа дека ако Ортега победи на изборите, односите помеѓу двете држави сигурно ќе се влошат.

П.С. Веќе Буш ја има изгубено Јужна Америка, ама лично ме радува што почна да ја губи и Средна Америка...