Дали дуетот ЉЉ(Љуб(п)чо & Љубен(т)) ќе биде толку креативен па ќе измисли и волшебно мастило и што ли не веќе не е битно. Сепак да не се залажуваме, и по овие избори макар биле и рајски ние сепак ќе си останаме истите балканци. Ајде малку да видиме какви победници и губитници донесоа овие избори:
Еве некаде се гледа крајот на најдобро одржаните избори во Македонија по нејзиниот политички суверенитет, а јас сеуште незнам дали упадот во печатницата или опсадата да ДИК да ги сметам за нус појава или па за сериозна закана на претходната констатација. Дали дуетот
ЉЉ(Љуб(п)чо & Љубен(т)) ќе биде толку креативен па ќе измисли и волшебно мастило и што ли не веќе не е битно. Сепак да не се залажуваме, и по овие избори макар биле и рајски ние сепак ќе си останаме истите балканци. Ајде малку да видиме какви победници и губитници донесоа овие избори:
1.
ГНИДИТЕ. На овие избори Македонија уште еднаш покажа дека знае да ги распознае политичките проститутки, кои едвај чекаат да добијат пратеник за да потоа ја дефинираат неговата цена. Сите гниди од партии што покушаваа да ја продадат третата опција како отпор кон рамковниот договор и најави за негова ревизија завршија со помалку гласови од Игор Џамбазов. Ова можеби е и една од најголемите победи на Македонија на овие избори.
Од многу работи би се откажал кога би можел во даден момент да ѕирнам во нивните самонафурачки штабови и да му ја видам фацата на Циле, Павле, Борис, Чедо или Радомир кога им соопштуваат нешто вакво: Другар претседателе, во изборна единица еден имаме освоено 2-3000 гласа, од избројани 98% од гласовите... а овој одговара: ако, ако, во последните два посто најверојатно ќе фатиме нешто :)). Значи Македонија дефинитивно на овие избори ја победи политичката проституција.
2.
Национал - Шовинизмот. Македонија на сите можни начини ја потврди тезата дека дека е оаза на мирот. Замислете во 6-ката, Тетово, Гостивар каде најсилно се форсираше оној лажен патриотизам, каде се направија сите оние дебати околу пунктовите и лавовите. Каде што
циркузантот ја фураше истрошената балканска теза „Педа земја не даваме“,
ДПМНЕ освои еден пратеник а од неговит ривал
СДСМ (нели лигушот по тие прашања) изгуби со 4:1. На овие избори Македонија го победи лажниот патриотизам и шовинизмот. Покажа дека сака умерени политичари на кои во прв план им е позитивен развој на меѓуетничките односи. Македонија на овие избори ги победи и картите од
мАНУС-от и сите слични тези за поделба на територии и население.
ДПМНЕ, ако сака да остане политички фактор ќе мора повторно да го соблече националистичкото, радикално руво и повторно да ја продава граѓанската опција.
3.
ПОЛИТИЧАРИТЕ. Овдека навистина мислам на сите политичари. Без разлика што
СДСМ ги доби овие избори заедно со својата коалиција, сепак една работа на сите се повеќе им се врежува во главата.
НАРОДОТ ДАВА, НАРОДОТ ЗЕМА. Веќе ни во Македонија на политиката не може да се гледа како на средство за манипулирање со народот. Македонија покажа дека знае и да даде и да земе власт. Сега веќе на сите им е јасно дека демагогијата веќе многу тешко проаѓа во Македонија.
4.
СДСМ. Бранко & Co овој пат навистина победија. Сепак победата и на нив веќе им е јасно дека им е лабава. Не е битно дали имаат 61, 60 или 59 гласа. Битно е што знаат дека т`нок е подот кој што ќе ги држи на власт. Медиумите кој што целиов период беа опозиционо наклонети, најверојатно нема да издржат ни 100 дена доколку не се покаже дека има позотивна енергија.
5.
ДПМНЕ. Врти сучи
ЉЉ освоија 25-6 пратеника. Заедно со оние гнидите залепени околу нив дури и 33-4. Најискрено мислев дека ќе освоеа многу помалку, но мислам дека имаа одлична кампања. Ако ништо друго тоа беше школски пример како се прави една добра политичка кампања. Многу голема штета за Никола Груевски, но сепак не поголема колку што се големи штеточини
ЉЉ. ДПМНЕ сериозно ги изгуби овие избори. Толку сериозно што на крајот циркузантот го фати паника, па почна да прави аматерски лупинзи.
Сега Македонија дефинитивно излезе од оној тунел за кој што сите мислевме дека е затворен и дека нема излез од него. Дефинитивно и со одзивот и со резултатот покажа дека е сеуште заинтересирана за себе. Како и да е, Македонија сеуште е центар на Балканот а не на Европа. Сеуште опашките од минатите конфликти се влечат и ќе треба многу време да се очистат.
Проценки:
Она што на сите им беше јасно, а никој не сакаше јавно да го каже е дека во Македонија важен политички фактор ќе биде Али Ахмети. Тоа го посака една четвртина од Македонија и тоа не смее да се потцени. Сите оние препораки дека
СДСМ не треба да коалицира со Ахмети, дека може со двата пратеника на
ПДП или па воопшто без ниедна партија од албанскиот блок, се истрошени тези кој ваква кревка демократија со релативно нервозен мир неможе да си ги дозволи. Сепак, цело време зборуваме дека треба Албанците да се интегрираат во општествениот живот, дека ние сакаме да ги почитуваме нивните ставови, а основната нивна одлука за тоа кој треба понатаму да партиципира во власта сакаме да ја игнорираме. Значи
ДУИ влегува во власта сигурно. Најверојатно Али Ахмети или некој друг командант не, но
ДУИ како партија сигурно. Тој удар
Црвенковски ќе мора да го издржи али како што некој некогаш рече:
„Тука не вреди да се нервираш, тоа треба да се одработи“.
Сепак овој поправен испит за опозицијата овој народ сериозно будно ќе го следи. Доколку оној муабет за
сончогледите остане само муабет и доколку сериозно не се реши проблемот со нелегалното оружје во западниот дел на Македонија, немање контрола на некои територии, дрога, шверц и били какви други извори на нестабилност, тогаш овој народ повторно ќе казни. Доколку навистина овие проблеми се решат, тогаш ќе можеме да кажеме дека
СДСМ ја научи лекцијата.
Од друга страна
ДПМНЕ го чека еден многу тежок период. Не толку тежок за партијата колку за неговото раководство (читај
ЉЉ). Сепак некој ќе треба да објасни зошто беа оние конспиративни тези, зошто се облече повторно националистичкото руво, зошто корупцијата ја уништи партијата од внатре итн. Од друга страна не е дека
ЉЉ немаат ривали во своите редови. Борис се уште е претседател, Доста е сеуште директор на Агенција за Разузнавање, а исто така се покажа дека нивната мирољубива опција победува. Земи и тоа дека оваа вторава струја има и подршка од Меѓународна заедница а исто така и едно
„интелегентно колумнистче“ (што би рекол еден од
ЉЉ) е тука за да ги подучува како се праат бунтовници во своите редови (не му е првпат)... Така не би било чудно на пример ако ја видиме
Доста или пак
Борис како нови лидери на оваа партија. Како и да е, тоа си е нивна работа. Наша е тоа да го гледаме и од време на време еве вака да си фаќаме сеир.
Драги
багра пациенти. Ова најверојатно беа и најважните избори што оваа држава ги имала до сега. Ние обичната
багра не останавме со прстот во уста, туку покажавме дека можеме и да победиме. Сигурен сум дека веќе ништо нема да биде исто. Сигурен сум дека овие избори ќе донесат големи промени, поголеми од оние во `98.
Последни коментари