Пред два-три дена инсталирав Kubuntu и среќен сум поради трансферот Windows-Linux барем сега за сега. Но, ужасно ме иритира релацијата user-super user и тоа што не можам на маунтираните Windows партиции да запишувам податоци, ниту пак да бришам од нив. Се обидува да им ги сменам параметрите како super user, но упорно добивам порака дека немам пристап до таа и таа партиција. Исто така малце чепкав и во System Configuration (или како и да се викаше) во делот за дискови и партиции и неколку пати го менував „сопственикот“ на конкретните партиции, така што наместо root, одредив тоа да биде мојот кориснички профил. Ништо не се промени... Уште барам решение. Некој нешто да предложи?
А, да! Прв пат сум во Linux така да ако може секој ваш предлог или решение да биде новис-френдли, за да не се бламирам со други глупи прашања.
Хвала пуно, хвала најљепше!
Последни коментари