3 декември, 2008 - 20:32
[веб кирилица]

Враќање на Филтер

од Tripnotic на 15 окт 2006 - 09:28

Не сум сигурен дали ова го објавувам во вистинската категорија, но сакам да ја известам Багра популацијата дека списанието за популарна култура Филтер, кое како печатен месечник згасна во април годинава, се враќа во малку поинаква форма. Отсега ќе се објавува на интернет со ажурирање секој работен ден и со оглед на брзината и флексибилноста на медиумот ќе може да понуди повеќе информации, да ги нуди почесто, и тоа бесплатно.

Адресата на Филтер е
www.mojfilter.com

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
Филтер - од GoodBytes на 16 октомври, 2006 - 01:23

Ај нека е аирлија.
---

Фала за - од Tripnotic на 18 октомври, 2006 - 10:04

Фала за поддршката и - SPREAD THE WORD!

сликата на bojadva
Кај мене - од bojadva на 16 октомври, 2006 - 08:46

веќе е во букмаркс.
and may the good bandwidth be with you...

п.с. Емил, а цеде немет појќе? [намигнува]

Ѕвездо една - од Tripnotic на 16 октомври, 2006 - 09:28

Ѕвездо една џезерска! Тотално растуривте во Мала станица! Btw, супер што сте го земале и Џери Зајнфилд со вас [намигнува]

Што се однесува до ЦД-то, може да има, само немаме како да го „прикачиме“. [се смее]

Во многу блиска иднина ќе започнат изненадувања, подароци и наградни игри што ќе бидат видливи, т.е. достапни само за регистрираните корисници.

сликата на Mistress
Ѕвездо една - од Mistress на 19 октомври, 2006 - 12:48

Tripnotic напиша:

Ѕвездо една џезерска! Тотално растуривте во Мала станица!

E стварно беше мала за вашиот перформанс! Следеќи пут у вашем граду да ве слушнеме на пошироко, повисоко! Jazz on! [намигнува]

Laugh often.

сликата на bojadva
Ѕвездо една - од bojadva на 19 октомври, 2006 - 21:34

Mistress напиша:

E стварно беше мала за вашиот перформанс! Следеќи пут у вашем граду да ве слушнеме на пошироко, повисоко! Jazz on! [намигнува]

Laugh often.

Тенкс а лот, ептен ми е мило што ви се допаднало!

Ретко кога сум се осеќал доволно комфорно на голема сцена, едино лани на Егзит мислам. Големи сцени се за комерцијални бендови (збереш стотину хиљада полицајаца (публика де) града Чикага, и збереш и катрљон долари), а пошто Сетстет не е комерцијален бенд, мислам дека најдобро функционираме во клубови, таму е најинтимно и најискрено. Едино штета што немам видео од некој таков гиг.
Идејата да шиткам бутлег од своја свирка некако ме пали [се смее]

Само како - од Tripnotic на 25 октомври, 2006 - 18:20

Само како краток info-update за Багра попуалцијата, во последниве десетина дена се објавени рецензии за новите филмови на Педро Алмодовар и Вуди Ален, ден-по-ден преглед на Скопскиот џез фестивал, рецензии за новите албуми на Ед Раш и Оптикал, Џет, Касејбиен, Бек, Пол Марфи и Кени Герет, како и интервју со Нилс Петер Молваер.

Чекаат да бидат објавени интервјуа со Нувел Ваг, Џихан и Камиен, Соул Ту Соул, Ентони Ротер, еден тон рецензии на нови албуми и филмови, а од 1 ноември започнуваме и со наградни игри (кои ќе важат само за регистрираните корисници). Првииот пакет награди вклучува 4 (оригинални) копии од извонредниот нов албум на Пол Марфи.

Посетете го Филтер на www.mojfilter.com

Во меѓувреме - од Tripnotic на 30 октомври, 2006 - 09:51

Во меѓувреме објавено е интервјуто со Нувел Ваг, како и рецензии на новите албуми на Спарта, Ајзис, Диди, ...

Филтер - од METhAMORPH на 25 октомври, 2006 - 22:28

Баш се прашував деновиве што стана со списаниево [се смее]
Како и да е супер што се враќате.
Само напред!

Афро Арт наградна игра - од Tripnotic на 6 ноември, 2006 - 11:37

Од денес започна првата наградна игра во Филтер, во соработка со британската издавачка куќа Афро Арт, која доделува четири копии од новиот албум на Пол Марфи.

сликата на Zelka
јас имам само - од Zelka на 6 ноември, 2006 - 13:21

јас имам само една замерка, ова е од твоите спонзорски линкови!

мясо из Бразилии
Бразильская Говядина, Бразильская Свинина и Цыпленок

значи ти си тој што увезе 2 тона расипано свинско месо! [плази јазик]
keep up the good work!
100 mu gromova...

:) - од Tripnotic на 6 ноември, 2006 - 13:31

Ме откри! Толку време успешно се криев и - ете, тајната е провалена. [се смее]

сликата на Новица
full copyright - од Новица на 8 ноември, 2006 - 07:45

> © 2006. Сите права задржани. Не е дозволено користење на материјалите од Филтер, освен со дозвола од издавачот.

Во духот на дискусијата на главната странициа (free culture), ваква порака за full copyright на Интернет списание е so '90s. Пробај со Creative Commons (иако лично не ги поддржувам), може да имаш и промовираш така помодерен став да речеме. Особено кога веќе страницата работи на Џумла.

[се смее]

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.