Нашите генетски збогатени наследници најверојатно ќе не гледаат малку подобро
од психопати, затоа што улогата на подтиповите на клучниот рецептор, „главниот
неуротрансмитер“ серотонинот, „хормонот на љубовта“ окситоцинот и „чоколадниот
амфетамин“ фенилетиламинот, ќе биде длабоко зајакната. Кога природно ќе сакаме
повеќе, благословени од побогат коктел на биохемикалии од денешниот, тогаш ќе
знаеме како нашите постхумни наследници ќе бидат способни не само да ги сакаат
сите, туку и да се заљубени во сите.
Кажано е дека кога си заљубен се чудиш дали е можно да сакаш некој друг толку
многу, затоа што обично ги сакаме другите толку малку. Оваа рамнодушност, или
во најдобра рака растурена благонаклоност кон остатокот од светската популација
лесно се зема здраво за готово во конкурентското општество на консументи - или
пак на рамнините на суровата афричка савана. Квази психопатичката неосетливост
се формира како дел од „нормалното“ архаично ментално здравје. Така нашите недостатоци
на љубов се само уште една грозна манифестација на себичната ДНК. Ако луѓето
колективно делат поголем степен на генетска меѓусебна поврзаност која е општа
за многу од социјалните инсекти (haplodiploidy), тогаш можеби веќе „природно“
ќе бидеме способни да се сакаме со поголем ентузијазам. Социобиолозите тогаш
ќе треба да објасниваат зошто сите се сакаме толку длабоко, а не толку малку
(плитко).
За среќа во иднината ќе биде можно да се имитира, па тогаш и да се зголеми
препознавањето, кое е на некој начин алтуристичка посвететеност до која би можеле
да се издигнеме ако сите сме 100% генетски поврзани клонови. Знаците за капацитетот
за универзална љубов минливо може да се погледнат преку ематогената „дрога на
прегратките“ MDMA (Екстази). Но љубовта спрема сите може да биде и генетички
предпрограмирана. Може да постане вродена. За таа цел вистинкиот психохемиски
коктел автоматски ќе предизвикува реакција за било кој што е присутен или се
сеќаваме на него. Тогаш ќе можеме да ја комбинираме апсолутната, безусловната
и без никакви кочници љубов за секого со прослава за разноликоста на гени и
култури. Во сегашноста овие можности за жал се далечни.
Последни коментари