4 декември, 2008 - 01:11
[веб кирилица]

За сите плукачи на Wikipedia

од lujka на 7 окт 2006 - 00:36

Што велат Nature, софтверски конференции и други за Wikipedia:

Wikipedia, најголемата онлајн екциклопедија на светот, е, според британското списание "Nature", барем толку веродостојна колку и славната "Brittanica".

Извор:

http://www.hosc.nl/2006/article.jsp?nr=4126

Опции за гледање на коментари


тетка вики - од Diddy на 7 октомври, 2006 - 11:18

единствена мана на википедиа е тоа што темите како историја или тековни меѓународни конфликти содржат превише пропаганда. а од британика е подобра затоа што британика нема вакви статии [се смее]
---
Не верувај кога те лажат

сликата на lujka
Не не’ лажат, Diddy! - од lujka на 17 октомври, 2006 - 04:31

Не мислам дека ме лажат. Wikipedia ја користам како брз пристап до компримирани информации на некоја тема и често била многу полезна. Сметам дека е одлична за многу работи. Таму каде што за информациите не е проверено дека се точни или уште се расправаат луѓе за тоа кој е во право, тој факт е јасно назначен. Таа е секој ден се’ подобра и подобра. Не е совршена, но од друга страна ниту еден пишан извор на информации не е, бидејќи зависи од степенот на информираноста на авторот. Е, тука е огромната предност на Wikipedia. Таа има можност да биде пишувана буквално од целиот свет. Прекрасно. Ингениозно. Освен тоа, не мораш да чекаш ново издание, како што е случај со книгите; таа е во постојана модификација, еволуција на дело чиј квалитет зависи од умот и упорноста на креаторот (како што тоа типично и бива, нели). Па, човек и магаре заедно се поумни од сам човек, а камоли сите луѓе со интернет пристап кои знаат за Wikipedia заедно.
Да, има и статии од типот кој ти го посочи и разни други куриозитети. Да ти кажам, има и статии за бруклински рапери кои биле доволно писмени да си направат статија, или им направил некој другар како спомен откако биле застрелани во рутинска меѓумаалска ’рчка. Има сешто. Во тоа е и поентата - да можеш таму да најдеш барем основна информација за буквално што и да е.
Голем број луѓе кои работат по светски познати научни лаборатории, соочени со проблем, тема, термин за кои им требаат податоци (се случува ни врска да немаат каде да ги побараат), го заменија условно рефлексното „гуглање“ со „Википедисување“ како прва брзопотезна реакција. Прво гледаат на Wikipedia ако има барем чат-пат за тоа што ги тангира во моментот, па тогаш оди Google и барање по научни статии, книги, привилегирани форуми и др. А најчесто се наоѓа повеќе од чат-пат. Логично, статиите со научна содржина обично и се пишувани од луѓе како нив.

If I were to await perfection, my work would never be finished.

сликата на PSYCHOpatka
точно - од PSYCHOpatka на 17 октомври, 2006 - 12:55

lujka напиша:

Голем број луѓе …..соочени со проблем, тема, термин за кои им требаат податоци (се случува ни врска да немаат каде да ги побараат), го заменија условно рефлексното „гуглање“ со „Википедисување“ како прва брзопотезна реакција. Прво гледаат на Wikipedia ако има барем чат-пат за тоа што ги тангира во моментот, па тогаш оди Google и барање по научни статии, книги, привилегирани форуми и др. А најчесто се наоѓа повеќе од чат-пат.

Со ова во потполност се сложувам, особено што и самиот гугл, ако прво таму одиш, те навигира накај википедија, барем за почеток и барем за иницијална информација.
Освен тоа и на Википедија се поставени екстерни линкови, ref. или нешто за further reading, па можеш да си скоцкаш што сакаш и што ти е потребно и јасно е посочено за кој дел треба понатамошно едитирање или е дискутабилен за интерпретација на читателот.
Да, мене се повеќе почнува да ми се допаѓа пристапот на/кон/од вики и како се наметна како релевантен извор на базична информација.
Релевантноста на информацијата пак следи по испитување на повеќе извори.

Homo (sui) homini lupus est!

тетка вики - од Сељачиште на 17 октомври, 2006 - 08:22

Diddy напиша:

единствена мана на википедиа е тоа што темите како историја или тековни меѓународни конфликти содржат превише пропаганда.

Јас не знам кој извор на информации на овој свет НЕ содржи пропаганда кога се пишува на ТАКВИ теми.

Diddy напиша:

а од британика е подобра затоа што британика нема вакви статии [се смее]

А она предупредувањето нааа оолкаво на почетокот на статијата го гледаш или го игнорираш? Па не е тоа за украс ставено. Тоа што британика не содржи такви статии е недостаток на британика, а не на википедија.

сликата на leki81
Конечно со - од leki81 на 17 октомври, 2006 - 09:35

Конечно со Сељачиште да се поклопиме со размислувањата. Британиката не е ни малку веродостојна кога станува збор за Историјата. Погледни го делот на пример за Луизијанската спогодба, па ќе ти стане јасно колкава енергија грците вложиле да ги сјебат турците во историско/енциклопедиски извори. За Александар, Македонија итд. да не правиме воопшто муабет. Види го делот за Иран, конституција на власт (користење на термини како опресивен режим и слично) тоа се субјективни точки на гледање на работите.
Од друга страна википедија барем ти дозволува пристап до информации од различни извори и различни агли на гледање на работите. Твое е да го употребиш мозокот и да ги ставиш работите во лична логична рамка.

Греота ми е само што на Македонската вики многу малку луѓе пишуваат. Ако ништо друго, за новите генерации кои доаѓаат да имаат онлине извор на информации на македонски, а не ние како гревови што се мачевме.

Acta est fabula

сликата на lujka
Clusty - од lujka на 18 октомври, 2006 - 04:58

Кога сме веќе кај Wikipedia, можете да си инсталирате кул toolbar со кој можете директно да барате, меѓу другото, и низ Wikipedia (самите си бирате низ што ќе барате од неколку понудени опции). Тој се вика Clusty.
Но Clusty е всушност нешто многу повеќе: тој е сосема нов начин на пребарување низ мрежата. Употребува неколку врвни пребарувачи, ги комбинира резултатите и генерира подредена листа заснована врз споредбено рангирање. Овој „метапребарувачки“ пристап помага да се подигнат најдобрите резултати на врвот и да се потисне пребарувачкиот „спам“ на дното.
Но она што навистина го прави Clusty единствен е она што се случува по пребарувањето. Наместо да врати милиони резултати од пребарувањето во една долга листа, пребарувачот ги групира сличните резултати заедно во „кластери“ (купчиња). Купчињата ви помагаат да ги видите вашите резултати од пребарувањето по теми, така што можете да се восредоточите токму на она што го барате или да откриете неочекувани врски помеѓу резултатите. [намигнува]
Кога последен пат сте отишле на третата или четвртата страна од резултатите на едно пребарување (од „Гуглање“, на пример)? Наместо „скролање“ низ страниците едноподруго купчињата ви помагаат да ги најдете резултатите кои што сте можеле да ги пропуштите или кои би биле закопани длабоко во листата на рангирање.
Clusty toolbar-от можете за миг да го симнете тука:

http://clusty.com/search?v%3aproject=clusty-toolbar&page=download&

Има верзија за Mozilla лисицата, како и за Internet Explorer.
Можете да си го персонализирате повеќе отколку што очекувате.
Ако не ви се допаѓа, можете да го деинсталирате со еден клик директно од toolbar-от.
Лесен е во секој поглед.

Да живее Clusty.

If I were to await perfection, my work would never be finished.

сликата на PSYCHOpatka
Clusty - од PSYCHOpatka на 21 октомври, 2006 - 09:00

lujka напиша:

Да живее Clusty.

A ја таман сакав да замрчам дека гугл е далеку попаметен како пребарувач и дека тоа е голема фалинка што ми сметаше кај википедија, па затоа обично на гугл идев прво – кога ете, Clusty!
Не знаев дека постои таква ствар, го инсталирав и ми врши супер работа со купчињата so far. Ќе го учам и употребувам и понатаму.
Фала многу lujka.

Homo (sui) homini lupus est!

сликата на lujka
Молам, молам, повели и друг пат - од lujka на 23 октомври, 2006 - 15:58

PSYCHOpatka напиша:

A ја таман сакав да замрчам дека гугл е далеку попаметен како пребарувач и дека тоа е голема фалинка што ми сметаше кај википедија, па затоа обично на гугл идев прво – кога ете, Clusty!
Не знаев дека постои таква ствар, го инсталирав и ми врши супер работа со купчињата so far. Ќе го учам и употребувам и понатаму.
Фала многу lujka.

Homo (sui) homini lupus est!

Драга Психо,

повелеле и друг пат. Баш се израдував што некој веќе му писнал на Clusty. Нели е mean little motherfucker? [се смее]
Поздрав!

If I were to await perfection, my work would never be finished.

Википедија на македонски јазик - од FlavrSavr на 18 октомври, 2006 - 15:57

Да, Википедија е супер и се тоа, сите се сложуваат во тоа, тогаш, ќе ми објасни ли некој зошто Википедијата на македонски јазик има толку малку статии?

Затоа што малку - од Сељачиште на 18 октомври, 2006 - 18:00

Затоа што малку луѓе пишуваат на македонски јазик. Зошто не напишеш ти нешто на некоја тема која ти е позната?

сликата на misos
Он веќе пишува - од misos на 19 октомври, 2006 - 00:26

Он веќе пишува (види овде), се чека на вас.

Хехе, Сељачиште - од дамјан на 20 октомври, 2006 - 02:56

Хехе, Сељачиште се заеба сеа.

FlavrSavr е еден (ако не the one) од највредните придонесувачи во мк.Википедија-та.

Да, да... Веќе се - од Сељачиште на 20 октомври, 2006 - 07:29

Да, да... Веќе се усрамив [се смее] Неговото прашање не било реторско. Почит кон FlavrSavr!

сликата на lujka
Мрза - од lujka на 18 октомври, 2006 - 18:58

Зашто сме мрзливи.