СЛОБОДА
Ноќ. Пат. Кола. И јас.
Вака создадаената
состојба на транзит
ме ослободува
да ВРИШТАМ.
ИНТИМНОСТ
Со сите ми иде
добро муабетот.
Со кого ќе ми иде
добро ќутењето?
ИНТЕРАКЦИЈА
Мора да ми иде добро муабетот
за да не бидам изрод.
А така сонувам
никогаш да не отворам уста.
КЛЕТВА
Створена за памтење.
Не и за секој ден.
ИРОНИЈА
Интересно е како
секогаш кога со надеж
ќе го гушнам телефонот
ќе се јави по грешка
некој сосем неповикан.
СОВРЕМЕНИ
Најди го во купот
информации своето
постоење.
/.
Суетата е така
глупава работа.
Јас сум глупав човек.
ИРОНИЈА2
Дур го барам
достојниот за мене
глумам луда.
Кога тој ќе дојде,
немам време
да престанам
со глумата
а тој веќе си отишол.
THE ONE
Едната ми носи авантури
Другата ми се доверува
Од оваа барам совет
Со онаа добро работам
Таа е добра за искачање.
И сите овие функции треба
да ги преземе
еден човек?
ИРОНИЈА 3
Рано сабајле е
а јас наместо да гушкам
го мастилам пенкалово.
НЕПОТРЕБНОСТ
Историјата носи
искуство.
За што?
САКАМ ДА ЖИВЕАМ
БЕЗ ЦЕНЗУРА
НА МОЈАТА
ГЛУПОСТ
не можам.
ОСАМЕНОСТ
Го чкртам ова и
сонувам некој да
ме свати.
И што потоа?
Немам Г'З
за големи нешта.
СКОПЈАНКА
Силна и независна
Атрактивна и свесна
Духовита и убава
Арогантна кучка.
Привлечна и ладна
Искрена и остра
Нестрплива и брза
Истражувач и ловец.
Додека да изберам плен.
А штом изборот падне
Шармантна и мила
Податлива и спремна
Цела да се сменам.
Кога ќе го спуштам
оружјето и штитот?
Кога ќе се предадам
и истопам во
се она што не сум..
што така чезнеам да бидам..
жена.
Последни коментари