Срце ме боли за Ѕинго - Kommunikatte No 1
од Emilchio на 18 сеп 2002 - 17:09
Поздрав другари и другарки
Избори беа и завршија но јас сеуште сум во исчекување бидејќи мојот омилен кандидат сеуште е неизвесен за влез во парламентот. Да, добро погодувате, се работи за Социјалистичкиот Бог, новиот Че Гевара, гуруто на социјализмот во Македонија, носителот на духот и делото а можеби и реинкарнација на Тито, лидерот на економската преродба во Македонија, човекот кој единствено мисли на работничката класа и ја спрема за интернационална борба против капиталистичкиот империјализам “The infamous Љубисав Иванов ЅИНГО”
Едноставно во текот на изборната кампања човекот ми прирасна на срце и мојот длабоко вкопан и неистражен социјалистички дух оживеа во мене. Ѕинго ме допре како што Аладин ја допре магичната лампа (like a virgin touched for the very first time) и сега јас сум спремен да ја исполнам желбата на овој елегантно пополнет и скромен дебелко, а тоа е да се борам за работничката класа и Тито, разбира се. Посебно ме допре кога изјави дека “Битола ќе го направи како Кратово”.
Неможејќи да ја гледаме хајката и неправдата која деновиве “петоколонашките медиуми” ја водат против Ѕинго и не објавуваат дека Ѕинго е влезен во Парлиамент го објавуваме следното:
Kommunikkate No: 1
Денеска на ден 18.01.2002 се формира терористичката опрганизација USHTRIA CLIRIMTARE E ЅИНГО или накратко UCS.
Не можејки веќе да ја гледаме неправдата на Славомакедонската Државна Изборна Комисија UCS реши да ги ослободи сите етнички социлалистички територии и да ги ослободи угнетените социјалистички гласови кои се заробени во ДИК и изборна единица 3. UCS под итно бара:
1. Да се овозможи да се говори Социјалистички од говорницата во Парламентот.
2. Социлајистичките деца да имаат право да учат во основно и средно на нивниот мајчин социјалистички јазик
3 Еднаква репрезентација на социјалистите во органите на државната управа
4. Да не може да се формира влада без претставник од социјалистичка заедница
5. Онаму каде што социјалистицката заедница брои над 20% сликата и знамето на Ѕинго слободно да се веат над органите на локалната самоуправа
6. Кратово да биде прогласено за автономна социјалистичка покраина во Македонија, накратко САП Кратово
7. Социјалистите да го добијат министерството за економија (за да издигнат македонската економија у невидјени висини)
8. Ѕинго веднаш да слезе во парламентот
9. Да се спроведе вистински и објективен попис кој ќе показе дека во Македонија има 45% социјалисти
Прашањата за името на државата (која треба да биде СРМ), знамето и грбот, кои треба неизбежно да имаат социјалистицки обележја ќе ги подигнеме во парламентот.
Доколку ДИК, и Владата не ги исполнат нашите барања ние ќе почнеме со безмилосна борба подржана од сите социјалисти на светот со цел да се обединиме и нашиот бестрашен лидер Ѕинго да влезе во Парламентот каде што ќе биде бастион на работничката класа.
Главен Штаб на UCS
село Кнежево, Кратово
commandant лејтенанат Троцки
|
Последни коментари