21 август, 2008 - 20:14
[веб кирилица]

Иран ќе биде бомбардиран

  • Во октомври
  • Во ноември
  • Во декември
  • Идната година
  • За две години
  • Повеќе
  • Никогаш

Гласови: 109

Опции за гледање на коментари


сликата на B.
Хуманизам - од B. на 23 септември, 2006 - 21:50

Ќе ја потенцирам мојата хуманост уште сега. Доброволно се пријавувам да ги примам дома идните ирански студентки-избеглици од војната.

Да, да...

сликата на Tapa user
Во Октомври - од Tapa user на 24 септември, 2006 - 00:04

Во Октомври нема да може пошто Рамазан е [се смее] Иранците постат и нема да можат да рокнат нуклеарка, а па после тоа фаќаат празници Божиќ, Нова Година ова она па нема да може да се организираат нафташиве, ја типувам од фебруари натака...праници се ближат, празници се ближат...

сликата на Robomarket
Подолгичко. Ќе - од Robomarket на 24 септември, 2006 - 21:40

Подолгичко. Ќе ги остави Буш-Шејтанот сунитите и шиитите де се колат до степен на општа цивилна војна, па кога Ирак ќе биде зафатен во хаос ќе требаат пола од војниците што се таму, а за тоа време остатокот ќе се префрли на границата со Иран над чија територија моментално фрчат беспилотни летала, сателити и други видови НЛОа.

Ваљда никогаш. - од Сељачиште на 25 септември, 2006 - 09:56

Ваљда никогаш.

сликата на B.
Ваљда никогаш - од B. на 25 септември, 2006 - 21:55

Нападот што Израел го изврши врз Хезболах, а со тоа и врз земјата која Хезболах ја контролира беше во суштина директно предупредување кон Иран, тактичко-показен филм снимен во само еден кадар, нормално од американски режисер(Иран отворено го подржува и помага Хезболах). Ако приметивте одма по тие случувања стивна скоро целата медиумска фама окулу Иран, така да Сељачиште може да биде сметан како Нострадамус, а Иран како интелигентно и рационално тинејџерче.

Да, да...

сликата на Chombe
Ваљда никогаш - од Chombe на 26 септември, 2006 - 00:36

B. напиша:

...а Иран како интелигентно и рационално тинејџерче.

И ја сум за Иран и претседателот АхмаДиџејНенад пошто ги почитува gay слободите.

Two gunz up!

сликата на DJRadovan
Ваљда никогаш - од DJRadovan на 26 септември, 2006 - 07:57

Chombe напиша:
B. напиша:

...а Иран како интелигентно и рационално тинејџерче.

И ја сум за Иран и претседателот АхмаДиџејНенад пошто ги почитува gay слободите.

Two gunz up!

п.с. овој диџејНенат не беше од Бостон?

House music all night long...

сликата на Chombe
Ваљда никогаш - од Chombe на 27 септември, 2006 - 01:18

B. напиша:

Нападот што Израел го изврши врз Хезболах, а со тоа и врз земјата која Хезболах ја контролира беше во суштина директно предупредување кон Иран

Можеби е така. Но постои и друго гледање на работите.

Според западно (читај УСА ако сакаш) толкување, токму Иран им нареди на Хезболах да ги киднапираат тие израелските војници. Целта им беше да го отргнат светското внимание околу нивната нуклеарна програма и да предизвикаат немир во Израел и целиот Блиски Исток. И така и беше. Никој не ја спомна иранската нуклеарна програма, туку сите збореа за Израел vs. Либан. Иран сакаше да докаже дека ако некој нешто проба да им се курчи, они можат да направат голема беља на страна.

Следнава статија е од Time, http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,1535817,00.html
нема да имаш можност да ја проследиш во целост, ама јас со задоволство ќе ти ја пратам. Во кратки црти кажано, највероватно USA ќе мора да се помири дека ќе има уште една нуклеарна сила во светот. Според сите експерти, од генерали во USA, па до Џејнс дифенс викли, Rand корпорации и остало, Иран е преголем залак за Америка. Според анализите на Centcom, pre-emptive strike може само да ја одложи работата за 3-5 години. Спореди ја мапата на Иран спрема Европа и све ќе ти стане јасно. [се смее] Иран има и ракети што добацуваат до Southern Europe, иако ја преку врски, Багра ова она, добив уверување дека Ахмадиџејненад нема да ја гаѓа Македонија. [се смее]

Од една страна го имаш Буш, што е тотал all time low кај сите Американци и на кои им се крева коса за уште една војна и едвај чекаат да се отарасат од оваа администрација, а од друга страна го имаш Ахмадиџејненад, кој со популизам ги освои Иранците. Иран при последните избори гласаше 50 посто за него а другата половина е за реформи, сателитски антени, кока кола и миничи.

Да се надеваме дека ќе нема конфронтација. Тибем војна, увек прво бензин и дрога поскапуваат.

сликата на Robomarket
Гледаш hardtalk, а - од Robomarket на 27 септември, 2006 - 04:32

Гледаш hardtalk, а другар.
А тотално се слагам со коментарот. За режијата на Иран ќе се докаже со евентуално брзо закрепнување на Либан-враќање на расселени лица...што значи и обновување на населби и средување на економијата...Либан дневно губеше по 50 милиончиња заради водената(пристанишна) блокада од Израел.

сликата на B.
Ваљда никогаш - од B. на 27 септември, 2006 - 08:04

Можеби е така, но постои уште едно гледање.

Дали УСА може да се дефинира како империја? Сигурно ДА. Времетраењето на опстанокот или пропаста на една империја зависи од нејзиното ширење односно грабање на ресурсите на останатите и непреченото функциоирање на сопствената економија.

Дали во САД има хиперпродукција? Која е вистинската причина поради која САД во последните 40-50 години, почнале 4,5 или незнам колку војни?
Потребата која САД ја има за водење војна е чиста економска логика, а војната во еден добар дел е чиста економија.

Не е во прашање нафтата или гасот(бар не во онолкава мера колку што се мисли), постојат еден куп таканаречени алтернативни енергии кои уште утре може да се применат во пракса, но се чуваат заклучени во сефови.

Да, да...

Ваљда никогаш - од кучевина.млаз на 27 септември, 2006 - 15:53

B. напиша:

Дали во САД има хиперпродукција? Која е вистинската причина поради која САД во последните 40-50 години, почнале 4,5 или незнам колку војни?
Потребата која САД ја има за водење војна е чиста економска логика, а војната во еден добар дел е чиста економија.

Рендом малце..

Економската парадигма на војните на САД (бар мене ми) е најиздржана. САД впрочем и не мирува од WW2 наваму. Кореа, Виетнам, Блиски и Среден Исток, Балкан, Африка.. ете сеа веќе и не се ограничуваат географски.. тероризмот и „недемократијата“..

Да не бегам многу - поради хиперпродукцијата (ете го и тука Маркс) и експоненцијалниот пораст на производството, пропратено со влегувањето во пост-индустријализмот, чудовиштето како што неконтролирано расте, си бара се` повеќе храна која тешко е да му се обезбеди.. за да може уште да расте и така се дур не се проголта самото..

Учествувањето во војна, активно или пасивно, и со тоа стимулирањето на воената индустрија, нормално влијае на целокупното стопанство.. проблемот е што порано економските циклуси беа со помала фреквенција.. која се дуплира, се дуплира.. со намалувањето на времето од експанзија до рецесија се намалува и времето од војна до војна (или вооружен конфликт до вооружен конфликт).. за веќе да почнат војните да си се преклопуваат една со друга, и да дојдеме до ситуација во која САД е во константна војна на повеќе фронтови..

Инаку, со фрките со нафтата, пожелно е да се види графиков.

Обратете пажња на земјата број 2 по производство и извоз.. и број 1 по тоа колку од произведената нафта ја употребува за свои потреби.. и не баш САД профитерот од дисторзиите со нафтата а?!

Инаку, што се тиче Иран, не сум сигурен дека ќе куртули..

Увек постојат вакви болни теории

Накусо: постои сега некој нов апологетски бран према војните на САД што вади перверзни аналогии со „светот во 1930-тите“ - Иран и Сирија се Хитлер и Мусолини; Хезболах и ниму сличните се Франковци; сите други, мање-више си добиваат свои улоги. САД тука се Франција и Британија и све заедно како Светска_Сила_број_1; тие мораат да ја спречат војната пред да почне.. со напад [се смее]

Ја ипак мислам ноември..

-------------------------------
.. четири нозе добро; две нозе лошо.. или уште подобро да го ебам

сликата на B.
Мала поправка, - од B. на 27 септември, 2006 - 16:31

Мала поправка, земјата број два не е веќе број два неколку месеци, сега е број еден. Сега не можам да се сетам кај го прочитав тоа, беше објавено пред месец или два.

Да, да...

Мала поправка, - од кучевина.млаз на 27 септември, 2006 - 18:09

B. напиша:

Мала поправка, земјата број два не е веќе број два неколку месеци, сега е број еден. Сега не можам да се сетам кај го прочитав тоа, беше објавено пред месец или два.

Да, да...

епа и ја читав дека е број еден, ама пусто wikocracy..

-------------------------------
.. четири нозе добро; две нозе лошо.. или уште подобро да го ебам

сликата на Robomarket
Кој на кого - од Robomarket на 27 септември, 2006 - 22:49

Кој на кого диктира во светот го знаат и врапците надвор. Во секој случај, во секое сценарио, улогите ги толкуваат тие што имаат и оние што немаат. Се е борба за превласт и поповолна позиција на една земја. 2ра С.В претставува нов почеток во светската историја каде што Америка за првпат осеќа кои се предностите кога ти контролираш некој друг. За време на колонијалните сили, Франција, Велика Британија и Холандија колонизирале, контролирале и експлоатирале сиромашни африкански држави, а веднаш после 2ра С.В Америка ги контролира Франција, Велика Британија, Германија и Јапан и самата пололжба и дава на империјата искуство во владеење.
Американците сфатиле...помогни им и остави ги да живеат и работат а подоцна поминувај, собирај го медот и потсети ги кој е главен.
Работите се менуваат после 70тите кога глобалните корпорации се оформуваат како главни играчи во политичката сцена и Америка нема потреба да комуницира со една држава туку со корпорациите од кои зависи економијата во таа земја, од проста причина за да се прескокне препреката неречена “сувереност“.

Америка нема да го напушти Ирак. Сите шпекулирани тези за тоа зошто Америка предизвикува војни во целиот свет паѓаат во вода бидејки светот не може да замисли и не е спремен за живот без Америка како лидер, т.е диктатор. Од американска гледна точка, Европа е премногу идеалистички настроена со тоа невојување и не одговара на американските верувања. Земји како Велика Британија, Италија и Германија се free rider-и во целава работа и мудро си ќутат и го поддржуваат водачот бидејки имаат големи бенефиции од целиот урнебес што го прави Чејни, кој е мозокот на целата операција а не Џ. Буш.

Кога Америка не би војувала би изгубила премногу, односно би изгубила се. Мое мислење е дека војната во Ирак и тензиите со Иран претставуваат бариера која ја спречува Кина до евтин и богат извор на нафта. Човекови права и борба против тероризам се привремени цели. Тоа “човекови права“ и воведување демократија е најсмешното нешто во целава работа затоа што америка е нехумана земја а етиката е само во школските читанки. Тероризам и напад на Америка нема да ја уништи ни државата ниту економијата. Кина расте пребрзо и тоа е трн во око на ЦИА.

Дефицитот на Америка е 7-8 ТРИЛИОНИ долари. Не можам да замислам колку од тие пари се позајмени од други земји.

сликата на Ladykiller
мислење за муабетов - од Ladykiller на 28 септември, 2006 - 02:14

еве јас се пријавувам да дадам мое мислење за муабетов.

во голем дел си во право. иако на моменти насетувам дека ја преценуваш силата на америка а во исто врме ги девалвираш европскиве играчи. точно е дека посто доза на заисност од америка... некаде повеке некаде помалце. битно е да се помириме со тоа дека многу работи и не зависат од волјата на америка или тој што ја вози во моментот (евреите, чејни, кучето на буш, итн.). Америка во задните 18-19 години ја има улогата на хегемон. моја претпоставка е - ако не у 98-99 тогаш... сеа го достигна врвот... и сега почнува да пати од булимија, остеопороза или некое трето срање што на крај ке ја напраи земја како и секоја друга.

европа, а највеке русија покажаа дека баш тоа инфилтрирање на мултинационалните корпорации и сркање на кајмакот ке кошта. јебига, се навлече дебелкото да плаќа помалце за бензин... него ли за кока кола. таа навика мора да се одржува се до оној момент додека јапонија и кина не решат да се ослободат од америчките обврзници. Можда ке клапнат ако се јави некој пациент со сјебано детство, лошо прочитан коран од аџијата, мајка која го злоставувала коа глеал том и џери и не ги зачука со некое гнасно АБХ оружје. Дали знаевте дека во 2005 и прва полловина на 2006 просечната заштеда на американски граѓанин изнесува близу 0$?! Целиот развој и одржување на инфраструктурата се случува благодарение на странските инвестиции... дирекни и останати. Нека се живи и здрави виса, мастер цард и остали! Рецесијата на америка допрва ке се случи. Девалвацијата на доларот после клинтон помогна... но можда на долг рок ке биде она што ке ги сјебе до крај. Незнам... не сум економиста.

Нејсе, циа веке не е фактор во оние прекуокеански плеткања и заврзлами. Јебига они после студената војна станаа државна агенција која држи просечна плата од 30-40 илјади долари годишно... зависи од периодот кој се обсервира. Све живо што беше квалитетно од таму се тргна на стерана и стана такозван private contractor кој истата таа циа ги најмува (што би рекле ние хонорарно) и ги плака многу повеке од она што би го добиле кога би работеле во неа (истите тие пензионери се најмувани повторно како приватни контрактори затоа што поседуваат знаење, контакти и експертиза која е градена со години а новајлиите ја немаат и намаат прилика да ја стекнат). За шпионирање по дома и у комшии сад има од 18 до 23 помали агенции. Ги имаат формирано со тек на време заради повисоко ниво на стручност, независност, кохерентност и секако затоа што се нови и непознати појави за светот.

Поради масивноста, големите трошоци за одржување и неверојатната експертиза/контакти - циа станува квази приватна фирма што ја најмуваат истите тие големи корпорации. Тоа се прави ради полесен или помазен влез на стрнски пазари, да се местат тендери и да се штелуваат траси на нафтоводи... да се демократизираат држави со големина на кинески кварт у NYC.

Меѓузависноста (у економска смисла) е еден вид на гарант за стабилни и предвидливи односи. Станува се потешко и потешко да се водат чести и масовни војни и акции за демократизирање по светов. медиуми, напнатост, константно набивање страв, кратење на права, пребрзо и насилно глобализирање... сите овие срања му го отежнуваат денот на оној кој решил да си игра газда по светов... whoever it may be.

I'm Rick James... Bitch!

сликата на B.
мислење за муабетов - од B. на 28 септември, 2006 - 13:18

Ladykiller напиша:

Дали знаевте дека во 2005 и прва полловина на 2006 просечната заштеда на американски граѓанин изнесува близу 0$?!

Не само САД, воопшто сите западни општества се така поставени да средната и ниската класа ја потрошат целата месечна плата до крајот на месецот.(Кредити, шопинзи, одмори, итн...)

Да, да...

сликата на Chombe
мислење за муабетов - од Chombe на 29 септември, 2006 - 01:18

B. напиша:

Не само САД, воопшто сите западни општества се така поставени да средната и ниската класа ја потрошат целата месечна плата до крајот на месецот.(Кредити, шопинзи, одмори, итн...)

Така е брат, у право си. Ја дојдов у Америка со 2500$ и пак истите пари ги имам у банка. А колку заработувам, ич да не праам муабет. Да речеме висока средна класа у УСА.

Но, како што кажа, овде опшеството е малце поинакво. Овде главните пари ти идат на рента за стан, кај нас повеќето се со мама-тато, домазетовци и остало. Голем дел од платите јадат и осигурувањата, дал за кола, дал за син ти за колеџ, дал животно-пензиско итн... Ама, пак. Овие услови овде за живот, во Македонија не биле НИКОГАШ.

И овде можеш да „штекаш“ пари. Ја знам преку слушање за некои си таму ортаци од Кочани, Кавадарци кои возат шлепери по 26 часа дневно, спијат у шлепер а коа ќе дојде за викенд спие кај братучед му со уште тројца, братски прегрнат на тросед. Јадат конзерви, 3 за долар, не пуши-не пие-не се дрогира. Едниов после година дена пратил ганц нова Корвета у Кавадарци.
??? WTF ??? Па у Корвета не збира ни две гајби грозје... [се смее]

Јеби га брат, нема пари за на страна, ама „кога си во Рим, однесувај се ко Римјанин“. [се смее]

сликата на Chombe
мислење за муабетов - од Chombe на 29 септември, 2006 - 02:18

Ladykiller напиша:

Меѓузависноста (у економска смисла) е еден вид на гарант за стабилни и предвидливи односи. Станува се потешко и потешко да се водат чести и масовни војни и акции за демократизирање по светов. медиуми, напнатост, константно набивање страв, кратење на права, пребрзо и насилно глобализирање... сите овие срања му го отежнуваат денот на оној кој решил да си игра газда по светов... whoever it may be.

Токму така. Е тоа е глобализација според мене. „Гарант за стабилни и предвидливи односи“ ко што кажа. Сите да бидат испреплетени ко црева од економска гледна точка.

Најголема грешка на оваа администрација е што не ги зема во предвид мислењата на останатите. Коњот од Тексас мислеше дека е the chosen one. Оваа власт ќе биде запамтена како најлоша во историјата на Америка. Абе ја ги знам Американциве, као кул, никој не ти збори за негови политички определувања, ама кај мене на работа а и по други места кај што идам, апла бе сите го оговараат Буш. Абе ко у МК да сум. Сите јадат гомна против власта. [се смее]

Но, најбитно од све е дека Американциве знаат дека претераа. Ја го сечам ако следната администрација нема да ги исправи овие грешки. Нема да се повлечат од Афганирак преку ноќ, ама тоа така фино дипломатски ќе се реши, троа ОН, троа НАТО, троа македонски војници. Све ќе си легне на брашно. И пак Америка ќе биде брат со најбогатите. А за останатите важи, тепаниот тепан, ебаниот ебан.

Донекаде си во - од yfipk на 29 септември, 2006 - 00:33

Донекаде си во право со коментаров... Но факт е дека денеска светот не го кнотролира држава. Можеби светска сила постои, и е олицетворена во УСА, ама сепак остануваат некои 20-50 главни фаци кои дејствуваат задкулисно, и за кои не знаеме скоро ништо. Токму овие главни фаци профитират од сите војни. Зошто?
Прво збор -два за нив. "Тие" немаат национална припадност. Можеби имаат на хартија, но се најприврзани за земјата која најмногу им носи профит. Не смеат да се експонираат од простата причина што јавноста не смее да дознае за матните зделки помеѓу нив. Како би се осеќале ние, ако знаеме дека за ова што се случуваше во Тетово, околината и кумановско се виновни некои луѓе, кои се тоа го направиле за профит? Како би реагирале најблиските на загинатите ако ги знаат имињата на тие луѓе? Ние можеме да го пцуеме Буш, Чејни и компанија колку сакаме... За Буш искочи приказна дека по ајкју е дебил. Мислиш дека него го заболе за тоа? Американската владеачка администрација е добро платена за да игра како што ќе и се свири. Ако од војна има профит(што несомнено има), тогаш ќе избувне војна. Поводот може да биде каков сакаат. Тероризам, нуклеарна програма, ослободување на населението од лоши режими..(заокружи кое најмногу одговара). Причината е една - ПРОФИТ. А во војна лежат баеги големи пари. Оружје, муниција, залихи, се тоа треба да се купи од негде(погодете кој ќе ја поседува компанијата што со се ова ќе ја снабдува американската војска). Потоа имаме природни ресурси кои по војната се слободни за експлоатација, само е потребна јака инвестиција во нив, која во многу краток рок ќе донесе огромен профит. Кој ќе добие дозвола за експлоатација на тие ресурси(читај нафта моментално)?
Светов е за нигде, го водат копилиња кои се робови на парите, кои одлично ја лажат јавноста, и ги боли кур за се друго освен кеш. Се што останува е да се прилагодиме... И да мрчиме приказни за тоа што се случува во светот, како и зошто, иако во секој случај сме многу далеку од вистината.

п.с.
утре ќе си ги досредам мислите, па ќе пробам малце да го средам коментаров(ова вака набрзинка)
Altough the way the women looked at me on that cruise ship, i might as well have been dead.

сликата на Зелен
ми отвори очи - од Зелен на 27 септември, 2006 - 08:16

ми отвори очи анализава. бтњ, читаш џејнс ?

сликата на Chombe
ми отвори очи - од Chombe на 27 септември, 2006 - 22:13

Зелен напиша:

ми отвори очи анализава. бтњ, читаш џејнс ?

Не брат, немам време за тоа. Го цитираа у Тајм, затоа го спомнав. Иначе ги слушав на времето Џејнс Адикшн. Добри беа. [се смее]

Two gunz up!

сликата на miopa
Ваљда никогаш - од miopa на 28 септември, 2006 - 17:03

Chombe напиша:

Да се надеваме дека ќе нема конфронтација. Тибем војна, увек прво бензин и дрога поскапуваат.

Јас мислам дека во ноември ќе биде, веќе ја пребацив колата на плин и се фурам дека дрогите се штетни [се смее]

Цитат:

највероватно USA ќе мора да се помири дека ќе има уште една нуклеарна сила во светот. Според сите експерти, од генерали во USA, па до Џејнс дифенс викли, Rand корпорации и остало, Иран е преголем залак за Америка. Според анализите на Centcom, pre-emptive strike може само да ја одложи работата за 3-5 години.

Во право се, но фактот дека Америка како држава многу ќе изгуби ако го нападне Иран не значи дека ќе изгубат и корпорациите кои условно речено се на власт таму.
А и Израел може да ги фрли бомбите.

--
Краткиот живот гори појасно

сликата на Tapa user
Ваљда никогаш - од Tapa user на 28 септември, 2006 - 20:23

miopa напиша:

А и Израел може да ги фрли бомбите.

Израел највеќе ќе го крка во таа војна...голема веројатност е и да го снема од мапата...

сликата на Зелен
Израел нема да го папа - од Зелен на 29 септември, 2006 - 08:41

израел да го крка во војна со некој (или сите) од арапите ? нема ебани шанси тоа да се деси.
ова чисто од чисто воено-технолошко гледање на работите ( а богами и историско [се гази од смеење] ).

И јас се - од MDMA на 26 септември, 2006 - 19:30

И јас се приклучувам кон идеите за солидарност и хуманост, така да имам цел празен стан за (недај боже ако го нападнат ) иранки (студентки и средношколки). Како за илустрација, летоска (август) во Минхен, двете најдобри цури што ги видов беа иранки ака персијки. Аааргх се наежив сега кога ми текна.

----------------------------------------------------------------------
You can turn your back on a person, but never turn your back on a drug

сликата на Robomarket
Иранчаните не - од Robomarket на 27 септември, 2006 - 04:34

Иранчаните не се рачунаат за арапи, а тие поискаланите може и да се навредат. Они се персијци.

Ако УСА е - од Roy на 27 септември, 2006 - 18:42

Ако УСА е Светска сила бр.1 денеска, која земја е Светска сила бр.2 ... бр.3 .. итн?

сликата на Robomarket
Нема светска - од Robomarket на 27 септември, 2006 - 22:52

Нема светска сила број 2, или 3, или 4...
Има статистики преку кои се гледа кој каде стои, ама тоа не може да се земе во предвид за да се одреди кој каков ефект има на светот.

сликата на Tapa user
Преплетувањата - од Tapa user на 28 септември, 2006 - 02:37

Преплетувањата во светската политика е неверојатно слична на интернет...Сите тие се DNS-и, сабнети, сервери, рутери, свичови, хостови...