4 декември, 2008 - 00:42
[веб кирилица]

Воздух

од bojadva на 19 сеп 2006 - 18:48

се мислев дали да пробам со пост до главна страна ама не се осеќам баш писателски па...

Шетам покрај Охридскиот кеј, сега пред минути. На одење уживам, убаво зајдисонце, црвени облаци преубави. Си велам сега после толку седење и недвижење ќе забрзам чекор, да се раздвижи крвта низ тело. Почнувам да забрзувам и види, баш е фино! По некое време си велам, глупо е али ќе го пробам она брзо одење што го гледам некад од сеир на телевизија. И ок, некое време се клатев така, а пошто немаше многу луѓе, уствари никој немаше во тој момент да ми се смее, фатив некое темпо. По пејс метри ми дојде да трчам, почнав лагано џогинг што би се рекло. Трчам, трчам бреееј, почна да ме преплавува чуство на Форест Гамп кога му попаѓаа тие шините на нозе што ги имаше. А бе откровение.

Нормално, изгубив воздух по сто метри, и убацив во втора, лесен кас. Бев во тинекс нешто онака.

Е на враќање. Немав веќе сила да се тркам, канцеларијата го зема данокот, ЈБГа. Ама почна нешто во грло ко шлајм да ми се збира. Гр, гр, рс у енѕеро едно пиле, и си велам, од трчањето ќе да е. Ама јас не пушам. И почнав да се дујам, вдиши-издиши. А воздухот, а бе мириса! Лелееее, што дишеме ние во Скопје бе да ти ибам ауспух и високе пеќи (ПОТПАЉУЈЕМ ЈА...)!!! Ми светна, море дечки, море му е мајката. Кога на езеро е вака убаво кизнај како е на море. Уствари знам, бев неколку месеци на карибине ама сум забраил. Ете што ти прави Скопје и колективна загаденост.

И да не го дрвам повише од ова, прва прилика, куферите и фитиљ на море. Ама и сидрото фрлање таму, ќе ти ибам ја ќе дишам смрадои цел живот.
Сега идам да вечерам и се начукувам поштено пошто од воздухов овде не боли глава.

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
Те разбирам - од GoodBytes на 21 септември, 2006 - 01:58

Охрид испадна teaser за одење на море. Загаденоста беше за мене една од главните причини зошто лани се преселив од СК во ОХ. Сега живеам на периферија, тефериџ, во борова шума, а во меѓувреме ги откажав и цигарите. Сакам да кажам... те разбирам. Дејствувај!
---

Качи се до - од Robomarket на 21 септември, 2006 - 03:59

Качи се до средно Водно. Не е морски воздух, ама не е ни скопски =)

сликата на Chombe
Качи се до - од Chombe на 21 септември, 2006 - 23:36

Robomarket напиша:

Качи се до средно Водно. Не е морски воздух, ама не е ни скопски =)

Брат, а си осетил ти во Америкава, летно време спиеш со отворен прозор и негде околу 4 саат сабајле, кога дувнува ветре и мириса на изгорена гума од шлепер. [се смее]

Мириса на гума - од Robomarket на 22 септември, 2006 - 05:04

Мириса на гума од Рт. 46 а маалце така по на север мириса на керозин од Тетерборо. Стануваш од сабајле, се протегаш, се вртиш наоколу и вдишуваш длабоко...и така за едно 10-15 години ќе ти се отворат шкрги позади ушите како еволутивна реакција на организмот што се стреми да се адаптира на околностите.

сликата на itra
Качи се на - од itra на 22 септември, 2006 - 08:02

Качи се на подземна, провози се, излези на површина и исшмркај нос. Излезе доволно црна материја да може да се направи гума за шлепер [се смее]

Jа се дрогисам у - од fLeX на 21 септември, 2006 - 10:25

Jа се дрогисам у Лазарополе! Не мора да е море, мада ми лечеле плуќа као мала со деремење на морска обала, со меееееесеци... Во секој случај Бистра е поблуски, и е поевтино од море [намигнува]

]Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)[/i]

просто е језиво - од кучевина.млаз на 21 септември, 2006 - 11:17

просто е језиво колку е загадено скопје..

летово имав среќа долг период да шетам низ природи, зеленила.. кога дојдов, легнав болен.. задушливо.. грдо, грдо!

-------------------------------
.. четири нозе добро; две нозе лошо.. или уште подобро да го ебам

Знам како - од MDMA на 21 септември, 2006 - 12:47

Знам како е.

Зимоска, на 2ри јануари, отидов 5 дена во планинарскиот дом на Пелистер. Се враќам во Ск и револуција во моите бели дробови. Fuck it, какво е такво е, наше си е.

сликата на Tapa user
Знаат што праат - од Tapa user на 22 септември, 2006 - 01:53

Знаат што праат фабриките за нас, и ние треба да се благодарни ради тоа, толку ли не увидовте дека ни ги вежбаат организмите за положи времиња:) сега се војува со ураниум еееј, сега нуклеарниот отпад на нато се закопува кај нас, па мора да сме отпорни на тоа!...сето ова на саркастичен начин. А ви текнува ли Охис коа работеше во полна пареа и кога луѓето таму зимаа плата ко директори дека секоја вечер југоисточната страна од Скопјево смрдеше на мучок? Аеродромци? Сетете се дека сте го вдишувале сето тоа па еве ве со 10 прсти за да куцате на тастатурата и развиен мозок за да не му викате на магдоносот во супата „здраво“ [се смее]
---------------------------------------------------

И те слушнав кога рече дека Убунтуто е срање.

сликата на Una Persona
Пурпурно небо - од Una Persona на 22 септември, 2006 - 11:17

Знаев еден 80-год. дедо кој велеше „јади само она со што те заранила мајкати„ и кој во животот немаше пробано банана. Сакам да кажам за родените во град не е здраво многу чист воздух [се смее]. Гарант после 2-3 недели таков воздух се лепиме на првиот аспух за малку смог. Планина си е планина, и 1 месец на море е ОК, ама град си е град. А и добра боја имаше небото над Скопје.

сликата на Tapa user
Ултравиолетова - од Tapa user на 22 септември, 2006 - 13:04

Ултравиолетова [се смее]
---------------------------------------------------

И те слушнав кога рече дека Убунтуто е срање.

сликата на bojadva
Ултравиолетова - од bojadva на 22 септември, 2006 - 13:17

Tapa user напиша:

Ултравиолетова [се смее]
---------------------------------------------------

И те слушнав кога рече дека Убунтуто е срање.

Не бе, сива металик е!