11 октомври, 2008 - 01:12
[веб кирилица]

Зависноста од секс резултира со изгубено време и намалена продуктивност на работа?

од Mistress на 18 сеп 2006 - 17:19

"Ова не е нешто за кое се зборува многу, но вработен со сексуална зависност може многу да ја чини својата фирма не само со намалена продуктивност, туку и со загуба од милионски суми." - објаснува Даглас Вајс, извршниот директор на центарот Heart to Heart Counseling од Колорадо Спрингс.

-Што всушност е сексуална зависност?
-Сексуалниот зависник, исто како и алкохоличарот или зависникот од дрога или од храна, го користи сексот да го залечи своето минато. Сето тоа станува претерано до размери со кои се одразува во неговиот живот.

-По што оваа зависност се разликува од нормалната сексуална желба?
-Оној кој не е зависник од секс е во врска со сексуалниот партнер. Зависникот е оној кој не е во врска и лицето со кое има секс го смета за објект. Истотака, поради импулсивноста на оваа зависност трпи работата и семејството на зависникот додека тој ги задоволува своите навики.

-Како се одразува сексуалната зависност на работното место?
-Со загубено време и намалена продуктивност. Најчесто порнографијата се симнува од Интернет од 9 наутро до 5 попладне, што значи тие тоа го прават од работа. Секоја фирма треба да има блокер за порнографија на својата Интернет конекција. Некои од овие луѓе за време на работа одат на стриптиз шоу. Плус, ако ги објективизираат жените има поголеми шанси за сексуално малтретирање на работа и покренување обвиненија. Тоа може да го чини бизнисот милион долари и е многу сериозна закана.

-Кои се тие знаци кои укажуваат на оваа зависност и кои треба да ги знае работодавецот?
-Најлесен начин е да се има увид во посетата на порнографските сајтови. 90% од секс зависниците се зависни од порнографија. Други знаци се времето за кои немаат покритие и необјаснивите изнајмувања на филмови во хотелите додека се на службен пат, трошејќи и по 30 долари на филмови во една ноќ.

-Колку е раширена оваа состојба?
-Пред 10 години, кога Интернетот не беше толку застапен, само 6% од Амерканците беа регистрирани како зависници. Сега со лесниот пристап до порнографија 20% од мажите се зависници. Жените истотака може да станат зависници, но зависноста е повеќе својствена за мажите.

-На што се должи зависноста од секс?
-Повеќето од нив биле жртви на сексуална злоупотреба-повеќе од 80%- значи почнува уште од детството. Плус ако некој мастурбира на порнографија, тој ќе продолжи да бара неанимирани објекти во текот на својот живот понатаму. Истотака, зависноста е застапена и кај луѓе кои потекнуваат од семејства со нарушени семејни односи или семејства со други зависности.

-Како се третира?
-Работиме со телефонски советувалишта. Лекувањата со сместување се многу скапи. Некои лечења на амбулантска база вклучуваат и полиграфи, со кои му докажуваме на работодавецот дека лицето повеќе не претставува ризик. Постојат и групи за подршка како Freedom Groups, Sex Addicts Anonymous и Sexaholics Anonymous.

-Колку време трае третманот?
-Добри резултати со групите може да се забележат за 3-6 месеци. Се смета дека е потребно е околу година дена да почне повлекувањето на зависноста.

-Колкава е стапката на успешност?
-Споредливо е со останатите зависности. Една третина ќе се опорави и ќе биде во ред, третина ќе се опорави и пак ќе заглави, а третина никогаш нема да се излечи. Се зависи од третманот.

-Каде може луѓето да најдат помош?
-Локално не постојат многу луѓе кои знаат ова да го третираат. Затоа групите за подршка се најдобар начин за почеток. Покрај тоа имаме и билтен на нашиот веб сајт http://www.sexaddict.com, за зависниците од секс и нивните сопруги кои патат многу. Истотака постојат и книги за оваа проблематика како што е "101 Практична вежба за лечење од сексуална зависност".

-Кои се најчестите митови поврзани за оваа зависност?
-Благодарение на Бил Клинтон, најпознатиот зависник од секс во светот, Американците сфатија дека некои луѓе се зависни од тоа. Тоа не значи дека сите мажи се кучиња, дека сите тоа го прават. Постојат многу оженети луѓе кои се моногамни и не мастурбираат.

-Дали лечењето е покриено со здравственото осигурување?
-Сигурно нема да видите никој да приложи дијагноза зависност од секс. Самите пациенти не го сакаат тоа. Обично се третира како опсесивно-компулзивно нарушување или депресија. Тоа може да биде покриено со осигурувањето. Но, многу од пациентите плаќаат од свој џеп.

Source: http://www.bizjournals.com/orlando/stories/2002/04/15/focus2.html?page=1

Опции за гледање на коментари


сликата на m3chan1k
Drang Nach Westen.. - од m3chan1k на 18 септември, 2006 - 19:54

Првата реченица е најочебиен доказ за претерано имбецилното западњачко глорифицирање на материјализмот. Демек, имаме во општествово проблем, ама проблемот не е што луѓево се зависници (од било што), туку што не се доволно продуктивни...Рапидно е променета онаа римската "леб и игри" во "благосостојба (читај капитал) и ентертејнмент"... Јеби' га, оттогаш е трипати еволуиран системот за државна контрола над робовите, ова, граѓаните...
Инаку сум свесен за болеста, иако мислам дека ја немам (од порно се откажав на 17 години)...Кај нас е прилично раширена, а знам личности и од двата пола кои се зависни од сексуално задоволување (не мора експлицитно да е секс, освен ако не ја уважите онаа старана "и дркање је секс"...) Чаре? Ако не помагаат тие терапиите шо ги спомнува типов погоре, препорачувам или да бегате, или CZ 7,65...

сликата на Chombe
Drang Nach Westen.. - од Chombe на 19 септември, 2006 - 02:50

m3chan1k напиша:

Првата реченица е најочебиен доказ за претерано имбецилното западњачко глорифицирање на материјализмот. Демек, имаме во општествово проблем, ама проблемот не е што луѓево се зависници (од било што), туку што не се доволно продуктивни...

Брат, биди сигурен дека во МК повеќе се сурфа порн на работа, него ли во Америка. Посебно во corporate Америка. Како прво, во сите поголеми фирми од над 100 луѓе има барем WebSense. У најголемите корпорации немаш право на пристап на hotmail, камо ли на томис букмаркс.

Но, тука има секакви доктори, психолози, статистичари, стави им префикс „квази“ ако сакаш, чија работа е да гледат ова, да прават извештаи и да кажуваат што тоа вработените прават нешто што е во спротивно со corporate policy. И на крај испаѓа дека цела Америка е дегенерисана.

Ја го сечам на 3 по 30 цм ако кај нас просечен вработен нема повише тн. illicit materials на хард диск него ли неговиот counterpart од Америка. Истите овие психолози и остали да се најдат по работа у МК, тоа ќе биде поразувачки по нас. Ја ти гарантирам!

Америка си е таква бе брат. Претерано е све. Ти да ми врзеш шамар и ја да се расплачам + да се пожалам, доаѓаат 3 џандарски коли, пожарна и амбуланта и ќе свети цело маало ко на транс журка. [се смее]

Текстов е амерички. Овие работи не важат кај нас.

Two gunz up!

сликата на Robomarket
Замислете - од Robomarket на 19 септември, 2006 - 05:49

Замислете какво секојдневно доживување имаат тие мрави што работат во тие коцките, или популарно наречени cubicles. Големите корпорации платиле психолози за да обават експерименти и да видат каков учинок ќе имаат работниците кога се изолирани од други луѓе. Работат под притисок, во мир(изолација), сами со својот компјутер, и нормално, стануваат поефикасни бидејки целата концентрација е посветена во работата. Епа сега тоа удира на социјалниот живот на луѓето кои за многу кратко време стануваат роботчиња на кои им отапуваат некои основни социолошки квалитети.

Галење или намигнување и смешкање на детенце на улица ни-ка-ко. Може да те направат злоставувач и блудник, а за да докажеш дека не си треба да фрлиш 10000 зелени по адвокати. И не го зборам ова од искуство =) ама така е. Така беспрекорно работи бирократскиот систем во државава. Кога ќе им се даде шанса и причина американците милуваат да глумат жртви на некого или нешто и да се јавуваат по адвокати катаден. Тоа им ги прави животите позафатени и поинтересни. а одозгора на се и ќаруваат некоја пара. Тоа се случува кога правниот систем е претерано ефикасен.

сликата на ГоранОдЧаир
Уште една причина - од ГоранОдЧаир на 19 септември, 2006 - 13:43

за жените да не ни даваат, после мигрената, се разбира. Ако нешто вакво се актуелизира кај нас, осеќам дека ќе има многу незадоволени и напнати мажи по улица:

Мажот: Жено, ај малку да се галиме - се умилкува
Жената:Мрш бе, манијаку ни еден, ти даов завчера. Иди лечи се бе, зависен си од секс !?!?

...и после мужи дркају, епа дркају [намигнува]

-------------------------
инглиш фор синиорс

сликата на B.
Зависност? - од B. на 19 септември, 2006 - 22:36

Јас само би прашал, дали сексот смее да биде редефиниран со терминот зависност?

[секс] [секс] [секс]

Да, да...

сликата на Mistress
Зависност? - од Mistress на 19 октомври, 2006 - 11:23

B. напиша:

Јас само би прашал, дали сексот смее да биде редефиниран со терминот зависност?

Во случај да сме во недоумица во која категорија се квалификуваме, еве кои индикатори ни ги посочуваат браќата амери...

1. You have sex with more than one person a month.

2. You masturbate frequently (3-25 times a week).

3. You turn sexual partners into objects instead of "making love" with them.

4. You have more than 10 XXX videos or magazines at home.

5. You have anonymous sex.

6. You "cruise," but may call it 'people watching....'

7. You have sex in dangerous places.

8. You continually pursue "great sex."

9. You think about and/or talk about sex a lot.

10. You think that you may be a sexaholic.

И ногу ногу да не му ја мислите [намигнува]

Laugh often.

сликата на B.
19 декември - од B. на 24 октомври, 2006 - 20:51

19 септември
19 октонври
следи 19 декември
Зависност?

[секс]

Да, да...

Sex is bad m'kay - од дамјан на 20 септември, 2006 - 02:29

Sex is bad m'kay

сликата на Takitronyx

Па добро бе луѓе сега и ова ли. Па нема смисла мислам извадивте дека сексот е сега болест Бога да чува ова сигурно некоја жена го има напишано за да може да го лаже мажот кога он ке и побара да му рече "А бе ти си болен иди лечи се остави ме на мира"- а всушност она ке се после со комшијата, швалерот, хаусмајсторот итн. да не ги набројува ги има усте мал милион.
Поздрав до сите
________________________________________
Takitronyx
1000 Skopje, Macedonia
GSM : + 389 71 211

сликата на Mistress

Takitronyx напиша:

Па добро бе луѓе сега и ова ли. Па нема смисла мислам извадивте дека сексот е сега болест Бога да чува ова сигурно некоја жена го има напишано за да може да го лаже мажот кога он ке и побара да му рече "А бе ти си болен иди лечи се остави ме на мира"- а всушност она ке се после со комшијата, швалерот, хаусмајсторот итн. да не ги набројува ги има усте мал милион.
Поздрав до сите

Водоинсталатерот, поштарот и секако градинарот Цветко [намигнува]

Цитат:

________________________________________
Takitronyx
1000 Skopje, Macedonia
GSM : + 389 71 211

Али ова телефончето ти е крш, за малку да го свртам...

Laugh often.

pa ima li ova smisla - од rocky на 16 ноември, 2006 - 13:44

читајки го третиот параграф "-Како се одразува сексуалната зависност на работното место?" сватив дека уствари ја немозе да сум зависник од сех пошо немам работа и не ми се поклопува времето за симинање порки ја обично после дванаес ги симињама, а баш си мислев бар дека сум сексуален маниак или не се поклопува?