Брак
Дали постои вистински брак?
Ако има тука нешто вистинско нема да има потреба од брак. Целата потреба за брак произлегува од страв. Ако сакаш некоја личност, можеш да бидеш со неа, и целосно да ја сакаш, но ако има тука постојан страв дека другата личност може да те напушти, а и таа се плаши од истото тогаш, за да се загарантира иднината, и да нема напуштање, барем не лесно напуштање -- се измислил бракот.
Бракот е измислен, само поради недостатокот на љубов. Ако нема љубов во бракот, како може тој брак да е вистински? Нема потреба од брак ако има тука љубов, бракот е непотребен феномен. Во подобар свет мислам дека ако созреат луѓето доволно , тие ќе бидат заедно само од љубов, и ќе гледаат да си пружат поголема слобода, зашто кој знае утре можеби љубовта ќе исчезне.
И тоа не значи дека љубовта не била вистинска и затоа исчезнала. Тоа е грешната идеја која опстоила низ вековиве. Толку многу сме опседнати од грешни идеи, кои ни креираат толку невољи во нашите животи, и не можеме да ги видиме јасно поради фактот дека сме навикнати на нив. Ако исчезни љубовта , веднаш почнуваме да си мислиме дека таа не била вистинска.
Вистински цвет, мора да исчезне ви текот на вечерта, само пластичен цвет нема да исчезне.Вистинскиот цвет , цвета , се отвара, танцува на ветерот, на дождот на сонцето и навечер го снемува. Тоа не значи дека не бил вистински, туку бил толку вистински, затоа се појавил и исчезнал. А пластичниот цвет, толку лажен што ни се појавува ни исчезнува, тој останува перманентен цело време.
Бракот е пластичен цвет, љубовта е роза, вистинска роза. А луѓето се такви кукавици што не сакаат да живеат со вистински рози. Тие посакуваат сигурност, обезбеденост, гаранции до толкав степен, што ги остава неспосбни да ризикуваат со вистински рози, и веднаш си набавуваат пластично цвеќе. Нормално таа пластика не може да го направи човек среќен само повеќе мизерен.
Не си ја дозволуваме слободата едни на други, зграпчени едни за други до самиот крај. Се обидуваме на секој возможен начин. И кога сета надеж е изгубена , пак се надеваме. А колку повеќе се врзуваме едни за други , толку поголеми се шансите да не се обнови љубовта.
Мажот трпи секаква тортура во надворешниот свет, во канцеларијата , во фабриката, во продавница насекаде, и дома нормално посакува и бара мир. За тој мир е спремен на секаков компромис.Затоа скоро сите мажи на крај стануваат папучари, но ниедна жена на светов не може да сака папучар, а секоја се обидува да го претвори својот сопруг во паручар. На овој начин се креира сета таа мизерија.
Прво бракот е погрешен, тој значи врзување, легално врзување со логистичка подршка. Можеш да го дадеш мажот на суд, да миу направиш големи финансиски проблеми, и тој ќе си помисли-- Подобро да толерирам што и да е, да да тоа е најдобро ќе толерирам. Аха добро толерирај. И по некое време ќе се почни со манипулирање, необјасниви задржувања на работа, член на оваа партија , член на онаа партија, комар, потпивнување и секаков можен начин на избегнување. Кој можи да сака ваква личност? Жената мрази ваква личност, а самата таа помага во креирањето.
И мажот е врзувач голем. Има еден феномен а тоа е скоро во секој пар едниот партнер секогаш многу ќе се врзе. Не е битно дали е тоа дечкото или девојката, еден ќе биде екстремно приврзан за другиот.Тој што лесно се приврзува е мизерен, поради својата изгубена слобода, а него кој може да го сака??? Тоа е личност која ја изгубила својата слобода.
Љубовта е средба помеѓу две слободни индивидуи, тоа не е брак. На љубовта не и треба брак. И ако љубовта исчезне, што може да се случи, не значи дека не била вистинска. Колку е повистинска толку побрзо ќе исчезне, колку е поинтензивна толку побрзо ќе ја снема, а ќе донесе толу многу екстаза. Тие врвови не можат да се освојат секој ден.
Но човекот не сака врвови на задоволство, повеќе сака рамница, комфорт, лесен и предвидлив живот, кој не е уствари живот туку само вегетирање. Па затоа и си вегетираат - морков и карфиол си вегетираат заедно.
Нема вистински брак има само вистинска љубов. Сите бракови се лажни, ама да се живее во вистинска љубов потребно е храбро срце, кое ќе живее од момент во момент а ќе биде и отворено за се она што утрото ќе му го донесе. Какво и да е изненадување каква и да е потешкотија. Дури ако ја снема љубовта, треба да се има храброст за прекрасно збогување, исто толку убаво како и првото ЗДРАВО!
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 7236 читања

Брак
Што сте се фатиле за слики и пива како тоа да е многу погубно ако не се ожениш па не е тоа ништо бе у споредба со батко Абрамович кои ја напраил таа грешка еднашка. Со еден таков развод батки се губат 16 пивари, а не 6 пива месечно.
Не верувам ...
Не верувам дека меѓу коментаторите има постари од 25-26 години, барем според менталниот склоп. Убаво вели еден дека не вреди да се коментира, но еве три поенти зошто темава е тука -
1. Повеќето луѓе се чувствуваат обврзани да стапат во брак токму поради општествените норми од кои никако да се извлечат (некои не можат, некои не сакаат) - еден овде и го потврдува тоа со „секој на четвртиот прст кога тогаш ќе стави прстен“ - тешка глупост!
2. Институцијата е воведена во правниот систем за да не се случуваат (од генерациска дистанца) односи меѓу роднини што генетски е неправилно и дури опасно, а и за да се дефинираат наследните права на сопружниците и евентуалните деца.
3. Најважно е да се живее како кој ќе си ја нареди работата без при тоа да води сметка што другите мислат за него/неа ... се разбира ако сте доволно свесни индивидуалци и ако не повредувате никого со своите постапки.
Anything goes!
Не верувам ...
Да бе брат, така е. Не за џабе народниот мудрец ја има испеано „ерген одев мајко, поарно ми беше“.
Ама од друга страна, луѓе се женат/мажат, пошто гледаат дека со ергенски живот, како старееш, немаш перспектива. Кругот на пријатели се стеснува, доаѓаш дома сам, едини пријател ти е пивото и телевизорот.
Башка што у Америка, ако си женет, федералниот порез од 33% ти паѓа на 20%. Ја праев математика, и ако сум женет ќе имам дури 200$ месечно плус. Доволно за уште 6 пива екстра секој ден. И како бе да не се женам, ај кажи сега?
Да се жениш
Жени се Чомбе одма.
Ни прв ни последен не ќе си со „економски поглед„ на брак од даночна перспектива :). И во Германија се повеќе такви муабети слушам. Подобро брак него пари на државата.
Да се жениш
Нема шанси ја на државата да им оставам 6 пива екстра дневно.
Башка така
Башка така регулираш некои дејанија кои како ерген не стално ги имаш...
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
Башка така
И Џена Џемисон скурчува за недела дена. - (ц) стара маалска поговорка
Не се жени бро,
Не се жени бро, ке ти искочат на нос тие 6 пива, слушај постар :))
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Не се жени бро,
Знам брат. Ама исто ко дрога, „ако не пробаш, ќе се каеш, ако пробаш ќе се каеш“.
Откајзнаеш, можда ќе се погоди невестата, па ќе делиме по 3 пива. ;)
Ајде де... и
Ајде де... и каењето е дел од животот, а и не верувам дека долго трае.
А каква си бараш таква ќе си најдеш или што е мое (твое) ќе си до(јд)е. И онака не можам да те замислам со Барбика што пие пиво на цевче :).
Не се жени бро,
Ех ех ех, од кај таа клепаница за дрогата ја извади?!? Па и ти ли сине Чомбе? Не е така. Ако не пробаш ке се каеш да, ама ако пробаш нема зошто да се каеш. Ако го јадеш може да се каеш, мада нјаболље ти е да се решиш од одма, заеби каење :))
За невестата, ако ти се погоди некоја таква, јавуј одма, можда има сестра, ке ја мењам ја (и) оваа жена :))
Не се жени бро,
Не ми кажувај дека не си се каел што си се „искршил“ некоја вечер. Утре се броиш, -200 евра, нит си ебнал нешто и пак си ги праел истите г`з геостратешки муабети за Русија, САД, Кина и Индија ако се степаат и улогата на Македонија во тие збиднувања.
Де бе муеаматер, знаеш дека прв си ми на список, па ли да ти кажам.
Има една Ориели од Перу, работи у Ла Фуенте бар у Патерсон, порно изгледа тотал. Сите мажјаци у свемир ќе ти бидат љубоморни коа ќе ја видат. Башка „све работи“, ти оком - она скоком. Ама ја бие лош глас, демек курва. А уствари нема врска, непријателска пропаганда. Она е херој! На сите им има „помогнато“ беспари. Ја еднаш кога бев у делириум тременс, мислев да покренам иницијатива да и се изгради споменик у жена-парк и да и дадеме почесно МК државјанство. Сиромашкава, едно време ја снема и беше на Аљаска, Хаваи и Перу да си бара маж. Ама и на врв на Андите, и во последната вукојебина на Аљаска, ја бие лош глас. А народен херој е жими све. Башка што знае све од перуанска кујна да прави, која е нели една од најдобрите у свемир според Wikipedia. http://en.wikipedia.org/wiki/Peruvian_cuisine
Не се жени бро,
Јебале те ВИКИ да те јебале, престани више со цитати од тамо
Дај ја Ориели навам, ке и најдеме чаре овде.А од таква комуњарска пропаганда дека жена што им се наоѓа на мажите у мука е курава по дифолт, еве 60 години не може да се оправиме.Уште не лажат комунистите ејјјјјјјјјјјјјј Ч))))
Чом, ке дојдам накј таа Америка, ако је проклета и она и злато што сја, ме вика Фикрет нон-стоп, ама док покренам гзов дебел ја, ке се врати и он и ти, па ке треба сам со Ориели да се дружам.А ке дојдам да ми ебеш матер, мора да дојдам, после раат да умрам ))
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Не се жени бро,
Зашто бе братучед, зашто?... Има и македонска вики, ѕирни ја, мож да те бендиса.
Не се жени бро,
Знам бе Сељо братче, на таа МК ВИКИ пишував јас пред скоро две години.И супер е све тоа.Ме нервира само кога се линка до ВИКИ како до некој репрезентативен и многу валиден извор.А иначе цела моја подршка за ВИКИ како таква, посебно за МК Вики
(ова МК Вики ме подсети, кај е онаа Викторија from Париз да се искурчи, од кога ја нема??? ))) )
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Не се жени бро,
Па за перуанска кујна сигурно е највалиден извор на Интернет.
Мада ја би им додал уште еден рецепт на Перуанциве. Сарма во лист од кока!
Ете гледаш дека
Ете гледаш дека ерген е боље?
(\__/)
(O.o )
(> < )This is Bunny
Copy Bunny into your signature to help him on his way to world domination.
Ете гледаш дека
Не боље, него најбоље. Ама само ако имаш доволно кеш. Ја одма би се мењал со Хју Хефнер, ерген е и он нели, па макар цркнал над нечив Playboy blonde г`з за 5 минути. Животот минува, славата не! Прашајте го Гоце Делчев. :)
Ние си ги
Ние си ги делиме и пивата и дрогата. Се погоди зетот. Мада у сооднос сме поише 4-2 во однос на пива, ал мене ми е ок така, оти со три пива више не другарувам, јуниор многу ќе спие така ;-)
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
Ние си ги
брееееј ама каснам со репликиве, ја запоставив багра скроз ама на овој муабет не издржав!
Џулс, среќна годишнина, тука некаде е, а? ја на 8 праам, и пошо и мене невестата ми се погоди ќе се напраиме малку и ние по тој повод весели. една година воздржување имаше, ама за повисоки цели :)
на тој шо го донесе бој џорџ на велигден да му се позлатат забите! да славам ја година брак со бој џорџ бе!!! е вечер ќе одам на клето јапонче, НА!
И јас каснам,
И јас каснам, ха! Ама шо да праам, заби ни растат, нешто обврски по дома, обврски со работа...и ете така! Се правдам сега демек ;-)
Мене годишнина на 30ти, онаа, официјалната кога реков „да“. А онаа вистинската фанки годишнина (вистинска за мене и мојот вид на свадба од лани) е на 9 Јануари. Славам се :) Ама уште со усул ;-)
Пиво, вино ем ракија. По малку, од се тоа :)
А сега во сабота ја имам првата НЕтрудна тезга за музика. Првата ланска ми беше трудна ДЈка! И тоа на брод. Под тврдината на ден на старт на EXIT. А сега да вежбам малку...се радувам, се враќам на работа! Јухууу!
Денес полниме 6 месеци.
Да се дофалам за се, кога веќе пишувам!
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
Брак
Е па ова прво е институционална форма на живеење,која во себе подразбира низа подзакони, што за жал пак често излегуваат на површина при развод па се губат материјални придобивки. Инаку една ваква форма на живеење е позната и од поодамна а е забележана во каноните на црквата од каде и е вметната како институционална форма во општеството. Дали постои вистински брак е релативно бидејќи зависи од самите луѓе кој се одлучуваат на еден ваков за мене стршен чекор.Сепак мислам дека има сеуште такви души кои веруваат во сопствените чуства и кои се спремни да дадат жртва за заедницата во која влегуваат, се разбира без притоа да бидат под притисок на менталниот склоп на општественото живеење кое бракот се повеќе го разбира и го става како стандард за нормален живот, одколку како суптилен момент помеѓу двајца или како спонтана последица на едно социјално општење помеѓу луѓето.
Брак
да се насмееме малку, може ?! ;)
-------------------------
инглиш фор синиорс
Брак
Спази го Ренди! :)
Види вака..
Овој став, деемк бракот е затвор фор лајф и вечен заеб, е став на некој кој вќче тоа го имал/има, ама не испаднало све како што тој човек си очекувал/мислел или сакал. Значи, да не генерализираме, тоа го избегавам по секоја цена, тоа колку што може да биде точно, толку може и да не е, за секој посебно! Знаеш, многу бракови пропаѓаат од старт ради ваквиот всдаен став од средината или фамилијата, или поединец...
Веројатноста за нешто да тргне наопаку, е 50-50.
Јас живеам, за разлика од тетка Џулс,"див брак". Се изгледа исто како со папир, само ете , папирологија нема. И утре да идеме до матично, па ништо нема да се промени.
Ние сме sтигнале до заедничко живеење и се горенаведено во опис на " брак" вака, без свадби. Ама секако би инсистирале да се среди тоа кога би имале потомство. сепак светот е една голема бирократија, па би било полесно и за нашето дете, а богами и за нас:) Мислам, ете тоа би било за сигурност, за регулација на презимиња , адреси, сигурност...И тоа се знае, и никого не вреѓа.
Сеа за сеа,тамам... За после ќе видиме..
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)
Види вака..
Моите исто живееја во „див брак“ и се венчаа ја кога бев у војска. :) Требаа да ми го препишат станот и нотарот им рекол дека иако јас ги имам правата на наследство, од „бирократски“ причини подобро е ако се венчаат. И моиве за рака директ у општина. Можеш да замислиш која финта е чиче и теткица идат у матично и „таа таму“ ги прашува за чија свадба сте? И моиве ни пет-ни-шест, за на наша. И одма аплауз на отворено и преку ред кај матичарот. :)
Two gunz up!
На момчево што
На момчево што пишува темава може да му се прости само ако има максимум 20 год.
Повозрасен од тоа ако е, е тогаш е ГЛУП ! ! !
Ја имам право да говорам на темава од проста причибна што сум имал и еден неуспешен брак, и еден сега за кој мислам дека е успешен, ама нели тао никад не се знае со сигурност.
И истото го мислам и јас, дека ако некиој те сака, не е потребно да се потпишувате никаде.Ама што е со потомство?Си помислил на тоа некогаш?Што е со не дај Боѓе боелсти, умирачки?
А тоа дека ако си пишан негде после не можеш да го прекинеш бракот е исто глупост.ЕТе, не ми идело, одма сум окончал.Тоа само како пример дека со потписот се станува посигурен, жими ку*ов.
Глупа е темава бе, со кој памет па и ја коментирам?????????
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
Брак
Имаш ваква дефиниција:
Кога двајца што се у брак ќе се одљубат еден од друг,
бракот е тоа што ќе ги задржи уште доволно долго заедно за повторно да се заљубат.
Шо мислеше, шо мислеше...
Туууу, кај дури сега најде ова да го кажеш? А јас една деценија во лага да сум ти живеел. И да не знам за тоа. И да мислам дека сум сеуште заљубен а оно врска немало. Пошто никако да помине, нели? Само ако помине е тоа вистинското...
Итар Пејо
Слобода значи Љубов ...
...слободата е најбитна...a бракот е една врста договор...
договорот не е слобода !
Брак
Ти бе, дечки женет си? Или напамет ова го збориш?
"Εν Τουτω Νικα"
Па ваљда смее
Па ваљда смее човек да има мислење за брак и пред да стапи во него, а? Или не? :) Туку, кога веќе му се обраќаме на текстописецот, знае ли воопшто дечкото дека е објавен овде?
Стравој
Кој ми го испоплаши детево?
Врската се става на хартија во моментот кога си сигурен дека со човекот/жената сакаш да раѓаш и воспитуваш деца. И све тоа без да си вадиш очи со дотичниот субјекат, за да не д’ткаат децата и мочаат у кревет.
И кај се спомиња тука љубов или заљубеност?
I'm Winston Wolf, I solve problems.
доста
доста кукумјавчите, сите ќе имате прстен на четвртото прсте, кога-тогаш!
100 mu gromova...
Брак
Зошто погрешен? Нека и е „легално врзување со логистичка поддршка“, но што е тука погрешно? Не објаснуваш зашто е погрешно.
Брак
Јас како што разбрав, погрешен е бидејќи те врзува, а врзувањето ти ја одзема слободата.
--
Краткиот живот гори појасно
ОК, но што е
ОК, но што е тука лошо само по себе? Понекад врзување е супер ствар, а слобода е и онака широк поим. Понекогаш одземање на еден вид слобода ти дава скроз друг вид на слобода. Треба пример или разбрано е?
бракот е меч со
бракот е меч со две острици. Од една страна ти ебава матер се додека си жив (у буквална смисла на зборот) а од друга страна е една од ретките ствари у свет кои што те тераат да се надеваш дека утре ќе биде подобро. :)
Како и да е, маме му ебем на оној кој го измислил бракот како проституција.
===============================================
Shareware? Ме потсеќа на една девојка од средно
Ич не си во
Ич не си во право. Зошто? Колкаво ти е брачното искуство прво, за да можеш да го потврдиш тоа што го напиша (посебно она дека „ти ебава матер додека си жив“).
И ацева ви објасни таму подолу што и како. Си знае жената што е тоа.
На крај, јас не се жалам и не ми ебава матер ситуацијава брак. Официјалниот дел за мене беше неизбежен од некои административни причини (ај де, се преселив, и дете ќе глеаме, па адреси и не знам што) а од друга страна ништо не ми смени што се однесува до љубов и почитување и желби. И ако не си во брак можеш да одбереш погрешен човек за живот, она хартијата во матично е свечено дека си објаснил дека ќе: се сакате, почитувате, деца ќе глеате, ќе си помагате кога ви е тешко, па ако останеш без работа нешто имаше (ајде, нема везе, не ми текнуваат сега па ги „лупам“ од памет)...итн. Сето тоа е исто она што инаку го правиш и во неофицијализирана врска (или ми ти „див брак“).
Не знам што бре толку баук околу тоа!?
И така, го сретнав Фикрет, и Фикрет ми даде нешто бело, и ми рече, на пробај, у пизду материну е добро
Дали постои вистински брак?
Од каде ова прашање? :)
Од каде тој епитет пред “брак“?
Абе баш е
Абе баш е весело да си у брак.
Еве од искуство :) Ме мрзеше да читам што се кажавте, ама кога ќе се освестам од состојбава на паднат притисок како последица на ап препишан од д-р, ќе кажам што мислам.
Сега за сега сум хај и супер е се! :)
И така, го сретнав Фикрет, и Фикрет ми даде нешто бело, и ми рече, на пробај, у пизду материну е добро!
Брак мрак
Авторот ќе да се помешал со поимите. Напишаното погоре ќе стане точно ако зборот ЉУБОВ се замени со ЗАЉУБЕНОСТ. Ова не се дефиниции од Вујаклија, ова ја се обидувам да го искажам она што мислам дека го мислам :-)
А ова е реплика која ја чув од некој филм (ми се чини ја кажа главниот негативец) и баш фино ми се погоди: "Љубовта е вечна. Ако некого сакаш, па си престанал да го сакаш, тогаш најверојатно никогаш не си го ни сакал. Се работело за некое друго чувство, а не за љубов."
Бракот не е лажен, само е неприроден, зошто човекот по природа не е моногамен :-) Бракот е производ на општеството, како начин за делење и заедничка сопственост на материјалните добра стекнати во животот, а и определување наследници.
Хм, начелно
Хм, начелно легалната и културна институција брак само ги дефинира специјалните односи со една личност, не се однесува на тоа што правиш со другите. :) Идејата дека мажот/жената ти е и љубовник и најдобро другарче и се останато е релативно модерна измислица на западната цивилизација.
Хм, начелно
Јебеш цивилизација што не дозволува да тепаш жена. :)
Брак мрак
Врска нема ова, научно е докажано ;)
--
Краткиот живот гори појасно
Брак мрак
Линк ми :-) со научниот доказ
Знаме дека
Знаме дека постојат вештачки бракови, без љубов, без емоции, заради интерес, пари, моќ итн итн.
Две заљубени страни стапуваат во брак за да ја запечатат својата љубов и да докажат дека се спремни да живеат заедно “антил детх ду ас апарт“. Бракот е како печат; бракот е нов почеток во кој мажот и жената, според многу непишани но омнипостоечки правила, се обврзуваат да допринесуваат за доброто на таа унија.
Како можеш да купиш куќа од некого без да направиш договор кој го потврдува твоето поседување на истата. Без договор, исто како некој што може да ти ја запоседне куќата, некој може да ти ја запоседне и жената, или обратно. После иди врати ја или па она нека те врати тебе.....и збориме за СЕ УДАРАМ ВО ГРАДИ-ВИСТИНСКА ЉУБОВ, значи шарање наокулу не доаѓа во предвид, така!?
Кој човек не сака возбуда? Погрешно. Гледам дека тоа твое “вегетирање“ е замена за зборот “досада“, што значи, ако сакаш да ти биде интересно во животот, ако не сакаш да станеш маже што седи пред телевизор и да имаш женче што се кафа 6 пати во денот, тогаш не се заљубувај во првата девојка што ќе ти го допре срцето. Биди реален и барај девојка што ќе ти биде од поширок интерес. Бараш животен сопатник со кого ќе делите многу заеднички нешта и интереси.
Ти сакаш некаква љубов што ја има по книгите? И Ромео и Јулија да доживеале 18-19 години би раскинале и би се смееле на идејата за заедничко труење.