Mкд-англ
Испратено од Zelka на 6 септември, 2006 - 16:02
И дечки, се деси повторно со енглзиве. атмосферата во домашниот тим е на највисоко ниво, додека се избројубаат минутите до натпреварот?
дали ќе направиме нешто? и да не не треба да ги отпишеме дечките.
слики утре...
»
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 2931 читања

енглеска биче
енглеска биче земја пролетерска!
1:5!
седлоски у 21 маа шашмарски нешо слободен со глаа..
и ондак тука крауч.. опет крауч.. лампард од 36 метара.. крауч праи хет трик.. и на крај неки црнец за да му се праи „у-у-у-у-у-у“ од трибина и македонија никад више да не види меѓународен фудбал..
биче дебакл. озбилно.
-------------------------------
.. четири нозе добро; две нозе лошо.. или уште подобро да го ебам?!
фузбал
колку се овие енглезиве фрикови, не напраија најголеми расисти во свет, а не сфаќаат дека ние „ууу“ - каме на секој што ни иде на нерви... ;)
Нерешено засега
Полувреме, 0 : 0.
---
Браво за
Браво за дечките, одиграа најдобро што може. Прва утакмица без да испцујам наш репрезентативец.
Ниту еден утнат пас, ниту еден кикс у одбрана (тоа што се деси со голот беше ебан малер). Везеа на теренот.
Жими тој голманот, Тери, што ги испра педерчињата...
Енглезиве пак
Енглезиве пак ко пред 2-3 години коа беа играа, едвај.Да му се одмили на чоек фудбал.
А нашиве се прича за себе,играа солидно, ама џабе, никад од нас нема да биде добра репрезентација додека не го смениме тој лузер менталити што е сеприсутен.Еј, играат со Англија, место да изгинат,еве ако не за државата, тогаш за себе лично пошто пола свет ја гледал таа утакмица, кај на друго место ке ги види некој па евентуално да ги купи?! А они здрвени, не се даваат во целост, ма не се даваат ич бре.КО да им се ногине ко на БЕКАМ па се штедат.
Ништо од нас ни како народ а следствено на тоа ни како репрезентација кога не гинеш за државата.И тука приказни од типот „што државата направиле за мене-нив“ не држат.
Не гледасм фудбал у принцип, опериран сум од спорт, ама ке се прелажам да глеам нешто, и одма се нервирам,а све за бадијала.И еве од сабајле изјави на македончињава „Добро е бе, па само 1:0 изгубивме, не е многу„. Се додека на нерешено се радуваме како на победа...мочај се на таква репрезентација. Не мора да играат, нерешено е и пред да почне утакмицата.
BONUM PENIS PAX IN DOMUS
вака. ги
вака. ги преживеав енглезите. после 3 дневно скапуење од работа и тоа пројде. не сум имал волку работа од кога го закопавме Борис наш.
енивеј, не знаеме да искористиме слабост. првите 20 минути од првото полувреме енглезите беа како да имаат вртоглавица. конфузијата не знаевме да ја искористиме, што во фудбал не смее да се случи! топката нема агли, фудбал е се се случува!
факт број 1, Пандев не можеше да мрде поради (пак нема големо х-H) харгривс, а ако избегаше од овен, улетуеше жерард и му ја зимаше топката. пандев беше главен плејмејкер. нема игра, добро шшто сеа? е тука треба катанец да измисли нешто. не најде лек. нашиве стануваа се по инертни и влегуваа во машината на Мекларен. добро беше чуван крауч цела утакмица освен еднаш, кога ни го брцна голот. алал да му е на николоски што е таков чувар на мрежата(не го мислам ова иронично)!
илчо и шумуликовски подфрлија ептен. ај илчо трчаше пробуваше ама марс излгеа у 7ма куќа му бил дента. среднина 0. ништо. никаква креативност, никаква игра- ништо. овој 14ката се трудеше цело второ, ги дриблаше ко мали деца, ама џаба!
нема гол ако не шутнеш. артим требаше можеби да ги изигра сите 45 минути. се плашеа енглезите од него.
ај да не изигравам селектор, сигурно Сречко е покомпетентен од нас.
највеќе ми беше кеиф што имаше фудбалска трерска низ скопје. онака како што би било во ливерул кога гостуваат манчестер. тоа фали. ишарани лица, химни на клубови, 15000 народ облечени во ист дрес. фудбалска култура каква што ја немаме!
еднаш еден стар мудар човек ми рече да не се срамам од тоа што го немам. затоа треба да сме горди на нашата каква-таква фудбалска национална селекција!
100 mu gromova...
Браос бе, Зелче!
Браос бе, Зелче, го подигаш нивото на дискусија во темава! Се мислев дали ќе се постира како тема на Багра утакмицата со Енглезите, и уште поважно какви ќе бидат коментарите, во смисла на упатеност во фудбалска игра.
Не, да се разбереме, јас сум исто пацер за фудбал, сакам да го гледам,ама не го разбирам во детали, не сум играл од средно, а и тогаш слабо, доста слабо :lol:
А, бе кога ја читав темава,на Форумот за Спорт на index.hr, а, бе ова коментариве, к`о да ги постирале пола од кандидатите за иден селектор на коцкастите :lol:
Инаку, на сето исчекување на утакмицата, не испадна баш интересна игра, освен на крајот на двете полувремиња,ама да не претеруваме па сега, бевме рамноправен противник,не не ставија во шише, башка што се наметнаа некои и по малку нереални очекувања во смисла,ги тепаме Енглезиве гарант!
И, да, фалат играчи од средина што ќе можат да поврзат акција, да ја пренесат топката пред противнички шеснаесетник...
"Εν Τουτω Νικα"
вака. ги
Шумуликоски беше добар. Претежно имаше дефанзивни задачи и ги заврши перфектно. Јанчевски беше најголемиот труп заедно со Мазнов. Како и сите утакмици и на оваа Јанчески беше црна дупка на средината. Пипни топка, подај му ја на противникот. Логично беше Катанец што ги извади, и се надевам дека нема да ги викне друг пат. Веројатно му се багаж од тимот што го затекна. Ако играа Дарко Тасев и Ацо Стојков од старт мислам дека ќе имавме постабилна и покреативна средина и поубоит напад.
Како и да е, мерак беше што од англија не се виде ништо, само уште храброст малку фалеше за да тепаме.
Морам да го спомнам коментаторот Калински. Треба затвор да лежи заради пласирање на фрази како „ЧЕСЕН ПОРАЗ“ врз сета таа неелоквентност и неумесност. Добар беше и ко-коменаторот, Христов. На крајот на прво полувреме во обид да даде резиме имаше еден јак „ПАТО“ момент.
Communism is monopoly capitalism
вака. ги
„Браво, Јане!“
„Од деца се заедно“
Ако се надуваш може многу смешен да биде и супер да си пројдеш
:)
--
Краткиот живот гори појасно
сум го бунел.
сум го бунел. величе се изнаигра и та беше еден од нашиве подобри поединци заедно со пандев. сигурно му доаѓа многу фрстрации кога треба да игра за нас. знае дека се сам мора да прави(пандев тоа).
за да се крене нивото на фудбалот во земајва треба: пари, пари, пари и пари. да се оправат сите клубови до елитен статус и да имаат сите миљон школи кои ќе учат деца од срце да играат фудбал. или нашите најмлади таленти да ги носиме во странство.па да ги калат други луѓе. има два-тројца во млада селекција кои ветуваат. баже илиовски е ѕвер, филип исто така, и неџипи е опасен мајке му.
сречко е одличен стратег, но сепак е лимитиран на човечки ресурси.
100 mu gromova...
бин дер син дат
Бев на градски и да ви кажам атмосферата беше лудило, онака додека поминуваш низ обезбеџење, специјалци, маринци, фоки, волци и какви се не лица што имаат право да те прекичмат ако си им и барем малку сумљив, се слушаат комитите како навиваат и одеднаш те лазат морници. Сега незнам дали беше од напнатоста пред натпреварот или од тоа што имаш чувство дека идеш на гилотина, па си викаш како и да е го ебав ежот, те обзема едно мадафакинг чувство, општо познато како будење на македонецот во себе и стануваш помоќен, исто како Грингер ;). Поради тој ненадеен налив на „моќ“, си спремен да му ебеш се по список на судијата, секој противнички натпреварувач, како и навивач. Списокот, се подразбира дека ти е подготвен уште од дома и го имаш меморизирано во целост, па така да им спомињаш блиски и подалечни роднини на истите, се до оној момент додека ти снема глас, а тогаш па преминуваш на свирење, бидејќи за тоа не трошиш глас, нормално ;).
Играта, инаку, во прво полувреме беше супер, неколку напади, шанси, тактики, но без реализација, што од друга страна те прави уште понапнат, не за друго си дал 500 динари и не си дошол да гледаш како твојот тим не дава се од себе.
Второ полувреме, старт и одма гол !?!? Бидејќи бев на исток не можев да видам дали стварно беше гол, како и тоа поради причината дека играта продолжи, наместо да се прекине и да се почне од центар, како и секој досегашен фудбалски натпревар, па сето тоа ми беше мошне неверојатно, да не речам ме фати на препон. Тогаш нервозата до толку те обзема што почнуваш да ги пцуеш своите поради пацерската игра, како што ја наведе Димче во предходниот коментар. Воедно не ми беше јасно дали кај нас некој игра во напад ?! Џабе тактизирање кога секој пат кога бевме пред голот на англија, сите се плашеа да шутнат ???
Шутни бре еднаш, па макар и утни, да ти дадеме барем еден аплауз, мајку му !!! - се дереше еден типац до мене, а кога ќе размислиш па во право е човекот.
Како и да е играта заврши. Изгубивме. И тогаш на сета таа нервоза, не оставија да чекаме едно 10 тина минути пред портите за излез од источна трибина ?!? Не ми беше јасно зошто и сеуште не ми е !?!?
-----------------------------------------
ако си фраер, сликава ќе ти се отвори :)
[/i]http://www.bagra.org/node/7274
за да не ги
за да не ги грабнете енглезите и ги убиете од маање пошо сме изгубиле 1-0, или бидејќи се енглези да е причината за тепање. 5 минути пред крај полицијата ги вади гостинските навивачи, а потем по 10 минутно чекање одат нашите.
100 mu gromova...
за да не ги
ако тоа им беше причината, тогаш згрешија, бидејќи кога идеше целата маса на наши навивачи накај град, имаше и енглези и никој не ги ни чепна. Јес да беа исплашени и едвај си шепотеа меѓу себе, ама сепак не им фалеше ни влакно на глава.
-----------------------------------------
ако си фраер, сликава ќе ти се отвори ;)
http://www.bagra.org/node/7274
а ти виде колку
а ти виде колку полиција имаше? виде дека енглезите излегоа 5 минути пред крај? гоч брат, практика им е тоа коа постои и најмал ризик, особено кога се out-of-town фанови. или албански навивачи.
100 mu gromova...
видов
абе ок ако им е тактика, ама мислам дека не беше неопходна...
-----------------------------------------
ако си фраер, сликава ќе ти се отвори ;)
http://www.bagra.org/node/7274
бин дер син дат
Кул финта.
Али сеа средив сите да се фраери :)
--
Краткиот живот гори појасно
miopa
пеерче си да знаеш :patlidhzan: :P
Горане царе
истина
епа сеа.... :red:
пс. а колку немав појма јас кој е на сликава, само сакав да ги заебам сите што мислат дека се фраери, бидејќи сликата воопшто не се отвараше туку викаше не ви е дозволен пристап до оваа страна .. ама не му кажувајте на Димчо, убави зборови кажа за мене ;) :) :D Башка се сложувам дека Каменка е мадафака жена ;)
----------------------------------------
ако си фраер, сликава ќе ти се отвори ;)
http://bagra.org/node/7237
Македонија
Македонија изигра солидно иако изгуби. Англија е тим што може секого да победи дома и во гости. Значи ништо нема да биде чудно ако слушнеш резултат Шпанија - Англија 0:2 или Холандија - Англија 0:1. Англичаните не играа убаво затоа што ние не им дозволивме, цело време ги притискавме и не им дозволивме да не нападнат и да ја наметнат нивната игра. Сепак имав чуство дека дури и 2 дена да играат Англичаните гол нема да примат,па поради тоа мислам дека победија заслжено, сепак честистки до сите македонски фудбалери што го дадоа максимумот против една веле сила во светскиот фудбал.
П.С. Уште малку ни треба
До кога ќе се
До кога ќе се тешиме после утакмици? Македонија НЕ изигра солидно а изгуби затоа што англичаните се многу поупорни, физички и кондиционо поспремни и многу по по по-а. Не покажаа некоја солидна игра и победија со тој г`злачки гол на штаката.
Нашиве играа добро во првите 30 минути. Можам слободно да кажам дека го доминираа теренот. Ама кога толку подавања завршуваат со плеткање во место и ниту еден шут на гол или посериозна закана, тогаш опаѓа тој континуитет на играта и како и секогаш, стануваме исплашени зајчиња. На таа утакмица се шитнаа најмногу топки, се направија најмногу непромислени додавања него ли на било која утакмица што ја играла Македонија. Немаа завршница и не беа одлучни кога ја имаа топката во свои нозе. Се искршија од ритање и едните и другите. Не беше утакмица убава за очи и потсеќаше на италијански фудбал во ек на сезона. Имавме упорна одбрана и тоа не извади најмногу.
Како и да е, добар спектакл. ФФМ и Скопје ќе инкасираат добра сумичка. Народот се изнавика, фудбалерите се докажаа(кој колку, како), англичаните дрпнаа бодови и до следниот натпревар пак со Англија ќе ги заебеме таму затоа што сме клети и заебани =)
” he said, the Lakers away
” he said, the Lakers away piston. burberry pas cher The strange Desire was delivered with A couple of.Three form. sac burberry derrick rose, it was reported that he had just got the shoes of $ 250 million endorsement contract; Paul is still Paul,99 RoseShoes-1506 $59. sac burberry discountEight times 11.