Силен ветер ги разигруваше брановите и го заплискуваше бетонот на пристаништето во Анкона. Крај 14-тиот док на свежо офарбаната клупа седеше еден старец. Со проседа коса, со обични очила, и излитен мантил го разлистување дневниот весник.Навидум заинтересиран за содржината изгледаше како секој нормален минувач во преполното пристаниште. Но со крајот на очите внимателно и будно го следеше секој чекор на присутните минувачи. размислуваше за последната порака.Неговиот стар пријател од Амстердам го извести дека ке се случи нешто што мора да биде проследено од нивната агенција и треба да бидат на местото на настанот.Немаше време да се активираат помладите а и повитални агенти , па мораше тој да го изврши следењето.Во пораката беше известен дека четири платеници, кои најверојатно ќе бидат преоблечени во градежни работници ке се сретнат со Х особа и веројатно ќе го егзекутираат.Нашинот не го знаеше а и не беше важен.Агенцијата требаше да биде во тек со престрелките и чистките во подземјето. ,,Проследи и извести,, . Тоа беше неговата мисија. Никакво вовлекување, никакво мешање. Ова требаше да биде ,,нема,, акција.
По четириесет минути ги забележа четворицата молери, веднаш кај траектор за истовар.Се истовараа првите автомобили кои му ја попречија глетката. Раши да стане од клупата и поодблизу да ја извиди ситуацијата.За искусен агент како него ова беше пријатен утрински одмор.Се доближи до траектот кога прерушените агенти со засилени чекори го напуштаа пристаништето. Во тој миг иако искусен агенотот не можеше да се реши во кој правец да оди, не сега кога го идентификува и другиот обележан кој седеше зад воланот во неговиот автомобил и чекаше да излезе од траектот.Една секунда и му текна. Ја виде. Количката која ја возеа беше поставена веднаш до него, а оттаму требаше да помине господин Х. Во таа недоумица која траеше предолго, можеби секунда.
Одекна експолозија.Громогласна и силна.Делови од тела летаа наокулу.Луѓе легнуваа на земјата не знаејќи дали се повредени.Крв го обли пристаништето во Анкона.Една автомобилска гума, цела распукана се истркала во морето.
Еден час подоцна, по извршеното испитување на форензичарите, еден карабинер го покри мртвото тело на старецот. Без легитимација, без идентификација, ќе лежи во мртвечницата неколку часа за потоа да биде изведен на задната врата.
Последни коментари