Тура низ Македонија

Решив да направам една мини тура низ нашата убава Македонија (верувам дека има многу што да се види па сето тоа ќе биде спакувано во повеќе наврати). Е моментот е следниов. Има премногу за шетање од тоа што се општопознати места. Но мене не ме итересираат тие. Сакам да видам нешто што го нема на карта. Нешто што некој го видел и знае дека е добро и интересно место. Верувам дека не откривам топла вода, дека и други имале вакви идеи, дека некои од вас можеби и ги реализирале идеите и прошетале некаде и виделе нешто што би сакале да го споделат со други. Тоа е моментот. Кажете интересни места што вреди да се видат, каде се наоѓаат, како да се стигне до таму, дали и каде може да се преспие (на лице место или најблиску до тоа место). Значи баграши, само напред.

Р.Ѕ. Има ли во галичкиот крај опција преспивање (изнајмување на соби и слично?). Исто прашање и за мариово.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Robomarket

Годинава на

Годинава на Пелистер се комплетираше стаза долга ХХ километри со неколку попатни станици за одмор. На крајот на патеката има планинарски дом со многу евтино сместување и храна.

Можеш да ноќеваш во конаците на Св Јован Бигорски само не знам колку чини.
Јас преспав една ноќ во конаците на Св. Наум кои веќе не се управувани од манастирот и се претворени во хотелче. Жив се изгорев ама вредеше.

За шетање имаш интересни места како Кокино, Кратово и кратовско, Смоларски Водопади, Стење на преспанско езеро, манастирот Трескаец во Прилеп(евтино ноќевање) итн итн.

Слика на dimitar27

За ЈасСум, ете

За ЈасСум, ете ти тема друга, све ти е објаснето у детали, имаш и од мене коментари, некои пишувани од „ЛИЦЕ МЕСТО“.
Робо, за преспивање у Св.Наум, никад друже.Тоа на све личи само не на манастир, ептен е комерцијализирано.бАШКА ШТО Е ИЗГОР СКАПО, АМА ЕВЕ ДА (тибам капсот) вреди па и да плати чоек, ама не вреди.
У Бигорски е накај 5оо денари, а во Осоговски имаш соби од 200 ден и од 500 ден., тие се нови и реновирани па затоа.

Слика на PetarK

Во оваа тема

Во оваа тема имаш добри предлози за патување по Македонија.

Слика на JasSum

благодарам за

благодарам за информацијата :)
патникот одлично завршил работа на таа тема ...

Агрегирање содржина