4 декември, 2008 - 00:16
[веб кирилица]

Тура низ Македонија

од JasSum на 23 авг 2006 - 15:52

Решив да направам една мини тура низ нашата убава Македонија (верувам дека има многу што да се види па сето тоа ќе биде спакувано во повеќе наврати). Е моментот е следниов. Има премногу за шетање од тоа што се општопознати места. Но мене не ме итересираат тие. Сакам да видам нешто што го нема на карта. Нешто што некој го видел и знае дека е добро и интересно место. Верувам дека не откривам топла вода, дека и други имале вакви идеи, дека некои од вас можеби и ги реализирале идеите и прошетале некаде и виделе нешто што би сакале да го споделат со други. Тоа е моментот. Кажете интересни места што вреди да се видат, каде се наоѓаат, како да се стигне до таму, дали и каде може да се преспие (на лице место или најблиску до тоа место). Значи баграши, само напред.

Р.Ѕ. Има ли во галичкиот крај опција преспивање (изнајмување на соби и слично?). Исто прашање и за мариово.

Опции за гледање на коментари


Годинава на - од Robomarket на 23 август, 2006 - 20:46

Годинава на Пелистер се комплетираше стаза долга ХХ километри со неколку попатни станици за одмор. На крајот на патеката има планинарски дом со многу евтино сместување и храна.

Можеш да ноќеваш во конаците на Св Јован Бигорски само не знам колку чини.
Јас преспав една ноќ во конаците на Св. Наум кои веќе не се управувани од манастирот и се претворени во хотелче. Жив се изгорев ама вредеше.

За шетање имаш интересни места како Кокино, Кратово и кратовско, Смоларски Водопади, Стење на преспанско езеро, манастирот Трескаец во Прилеп(евтино ноќевање) итн итн.

сликата на dimitar27
За ЈасСум, ете - од dimitar27 на 25 август, 2006 - 13:56

За ЈасСум, ете ти тема друга, све ти е објаснето у детали, имаш и од мене коментари, некои пишувани од „ЛИЦЕ МЕСТО“.
Робо, за преспивање у Св.Наум, никад друже.Тоа на све личи само не на манастир, ептен е комерцијализирано.бАШКА ШТО Е ИЗГОР СКАПО, АМА ЕВЕ ДА (тибам капсот) вреди па и да плати чоек, ама не вреди.
У Бигорски е накај 5оо денари, а во Осоговски имаш соби од 200 ден и од 500 ден., тие се нови и реновирани па затоа.

Во оваа тема - од PetarK на 23 август, 2006 - 21:38

Во оваа тема имаш добри предлози за патување по Македонија.

благодарам за - од JasSum на 24 август, 2006 - 14:30

благодарам за информацијата [се смее]
патникот одлично завршил работа на таа тема ...