Кај може по Скопјево да се најде USB кабел за мобилен тел Samsung-X640? Ниту во Мобимак, ниту во Космофон го нема, а го нема ни по ова мобиларнициве низ центарот!
Демек, ретко се наоѓал за овој модел, а за беља моделов има фото камера, а нема инфраред!
Се изнасликав фотки, да ги праќам една по една како MMS на е-мејл, малку е скупо, а со оглед дека може да се разделам од телефонов,(пу,пу, скраја да е...ама сепак е службен) не би сакал да ги дилитирам!
Комплицирано ми е во цајтнот да нарачувам преку Интернет, башка може да кошта и повеќе, а едно време кога како да го видов дека го имаа во Мобимак, беше 15-ина евра!
Може и некој што го има, да ми го позајми да завршам работа!
Последни коментари