каде на одмор? а?
Испратено од bojadva на 17 јули, 2006 - 09:30
вака, имам одмор од 24 јули до 7 август, значи имам една недела да смислам каде.
арно ама:
1. во обзир доаѓа само мк! невестата нема пашпорт, да не и текне да шета лево десно и го скинав ;) ...шала, да не се фатите за ова
2. би сакал да одам кај шо не сум бил многу пати, и да видам нешто интересно, (да видам да не лажат на јаху за тоа чудата што ги имаме)
3. планина и езеро комбинација би било идеално. нешто како беровско, тоа ми е за проверка како No. 1! од охридско само струга е предвид (ради рендено), чима, предлог некој за смештај?
а ако бил некој некаде и има предлог само напред, алтернативен туризам и слично...
»
- Додај нов коментар
- 8366 читања

иди фати тура
иди фати тура по македонските водопади. лани другар мој ме замараше ама не тргнавме.
кај да одиш има некаде интересно.
2
Ц,ц,ц,ц,ц Бојадва па малолетнички ми шеташ А;)))
По Македонијава има многу убави места. Иди у Брајчино, Љубојно Пелистер. Таму има еко туризам и смештај по куќи. Ја работев на тој проект па да ти кажам дека е џам.
Иди на Бистра, Галичник или Лазарополе, нема да згрешиш. Накај Прилеп идеш накај селцено на Милчо па надаље. Мислам да не набрајам, рапсрашај се...и само ќе ти се каже.
П.С. Оној другарти го видов коа бев у Скопје, жив здрав насмеан како се шета усред плоштад. Сте го нашле, а не пријавуеш на загрижената Багра а?
брајчино
флех ма, вака, пред два виденда бев во мариово, тоа селцето и уште едно, останав два дена супер е. пелистер го иам изодено заедно со брајчино, истотака пред неколку викенди. фин тој проектот убаво, убаво, бев во таа кафаната на крај на село, ама ако одам накај преспа би одел во стење лани бев и супер е. само сакам нешто ново! за другар ми ај пп.
Шо бе за другар
Шо бе за другар ти у пп???!!!
А кога не глушеше овде да се секираме и да го мсилме,заборави тоа??Одма јавно да пишеш овде, или у ПП на сите БАГРАши кои беа инволвисани у слуцајот.
За шетање, мала е МК ама преубава, оди кај ке одиш, ама не пропуштај манастирите да ги видиш во секое место.У Берово имаш 2, женски и машки.За у Струмичка епархија да не правием муабет, кој не видел Водоча и Вељуса, ништо не видел.
На запад ако шеташ, иди од Маврово па надоле до Дебар...убавини.Башка таму ти е Бигорски...крај на приказната.
Како и да е, убав помин
и ако не си бил
и ако не си бил во селект исто ко у струмица да не си бил!
ах тој селект...
остај манастирите, во селект нема чесни сестри!:)
селект
а бе зелка, женет сум сега да му се сневиди на селект.... уствари па сега имам една причина повеќе да одам таму! нема чесни сестри а? е не ко во скопските дискотеки, од чесна почесна хахаха.
инаку го нема добрета, се препознала флекс. она за пп беше за да ми каже подетално околу тоа што видела. за да не ве тупам вас. ќе кажев јавно ако се појавеше ама го нема никаде. мистерија...
Бујрум!
http://bagra.org/node/7443
Водоча и Вељуса
Водоча и Вељуса се супер, бев ова лето таму, прекрасно е. И Охрид наш е прекрасен само не наидов на љубезност од луѓето таму. И како да одам таму другпат? На мое изненадување имаше доста странски туристи, но знаејќи колку охриѓани ги бива за туризам не верувам дека некој странски турист би се вратил повторно во Охрид.
иди у Цер
иди у Цер (Кичевско) феноменално е!
O: иди у Цер
сеа да гуглам а?
O: иди у Цер
слабо има на нет :) ја ова најдов...а овој ми е дедо :)
http://www.culture.in.mk/story.asp?id=14713&rub=36
Југоистокот
иди накај струмица. бајаги ствари, ако си запнал веќе према старски туризам. изволте:
смоларски водопад: http://www.novoselo.gov.mk/mak/index.asp?id=153
колешки водопад: http://www.novoselo.gov.mk/mak/index.asp?id=154
мокрински извори: http://www.novoselo.gov.mk/mak/index.asp?id=155
+ нетолку познатио габровски водопад и ред други ствари.
п.с. ме натераа да рекламирам.
Југоистокот
иди накај струмица. бајаги ствари, ако си запнал веќе према старски туризам. изволте:
смоларски водопад: http://www.novoselo.gov.mk/mak/index.asp?id=153
колешки водопад: http://www.novoselo.gov.mk/mak/index.asp?id=154
мокрински извори: http://www.novoselo.gov.mk/mak/index.asp?id=155
+ нетолку познатио габровски водопад и ред други ствари.
п.с. ме натераа да рекламирам.
дојран..
.. ако си за доживување катарза..
Дома
Брат, остани дома!
Со жена не се иде по водопади у Свирипичино, пешачење 10км узгорница и слично. Make some love, заковај некоја шајка и окречи собите.
Ако ептен си запнал, иди Трпејца, тоа ти е зен-туризам.
Абе уствари што ја знам, ама прашај ја жена ти кај сака да иде. Ја тоа би го направил.
O: Дома
А Чомбе Чомбе, ти ќе да беше во америките нели? эатоа така эбориш, трпејца брат од пред некоја година е станата Миами! и слепо и сакато отиде таму, баш лани поминав на еден ден, эамисли ја сцената миљон коли паркирани на пат, во средсело, а бе во шталите им беа напикани на тоа кравите. она плажичено крцато народ, башка сега секоја куќа што иэлегува на еэеро е направена кафана или кафиќ. ти эбориш эа трпејца од пред 10 години, тогаш одев и јас таму.
а эа кречењето ко да си ми читал мисли, баш вчера го праевме муабетот, и велам ај се пакуваме и правац некаде! а нели ќе кречевме?? ај, и велам, прво одмор после кречење.
и на крај иэлеэе сум бил на повеќето интересни места а оние што останаа се недостапни эа жена во 7-ми. иэгледа одам накај струга па беровско ако најдам место.
Се согласувам
Се согласувам со Чомбе, да не праиме бадијала муабет, прашај си ја женичката кај сака да оди, пошто таму ке одите СИГУРНО ! ! !
За Трпејца си 100% во право, умре таа Трпејца што беше до '95-97. Сега е тоа место за скоројевичи, а со такви не верувам дека ке ти се седи.
Ако идеш накај Берово, иди на езерцето, баш е онака...недопрена природа. Додуша не е баш недопрена, ама ај да речеме „малку е допирана“ :)) Скоро невина што викаат за удавачи :)
А да, има и убави места за шетање по тоа планинките над Берово.Има убаво мотелче, „Ловнио дом“ го викаат.Има неколку соби, ама затоа има јака тераса,башка тениски игралишта и такве ствари. Ја сум бил 2-3 пати у Берово и баш е супер.И никако да не ја одминеш градската им кафана „МРС“. Сам изведи заклучок од каде доаѓа името :)
Како си можел
Како си можел на жената пасошот да и го искинеш бе сељак еден!
:)
Батали Струга, таму 1299 -пути си бил, претполагам. А дали си бил на изворите на брегалница, 13-ти километар од Пехчево во `Суви гори` или `сува река` така некако го викаа мештаните? Тоа е зен бе брат. Имаш 2 (два) рибника и мотел со појадок= 550денари. Имаш колиби (викендички) покрај самиот брзак на реката (Брегалница, ко поток е таму, млада е и брза, студена ко скопјанка и брборлива исто така). Колибите, т.е. викендиците се како од приказната за Ивица и Марица, во бои целите-жолти-зелени-црвени, прозорците се од чоколадо итн.
Многу е убаво, едно 3 да 5 пати поубаво и поприродно, по-недопрено од грамзивата рака на туризмот за разлика од Беровско. И на Голак да преспиеш една вечер нема да зажалиш. Во хотелот на Гранит, со доручек, планински чај и сл. само 500 денара спиење, милина. Штета што неможеш со женати да ја правиш и онаа работа, инаку би и направил тројки, гарант.
---
Значи, тргаш од ск, стигаш Делчево, пред тоа скокни до кочанска стара брана (не Калиманци) или до Плачковица чисто онака уз пат, мада само на првата локација ке можеш да каснеш нешто, продолжуваш преку Истибања до Делчево и тргаш кон Голак. Сабајле прошетка до врвот (има едно црквиче кај радарите, запали свеќа ако мислиш дека е кул тоа), па се враќаш и правац Пехчево (20км), од таму на изворите на Брегалница. Сеа, колибата може да се букира за 1000 денари вечер, ама нема струја, само дрвја и скара и е мн. искулирано сето тоа таму, најважно е што нема луге, нема домородци и слични диви животни (охрид на пр.), ама затоа пак- многу е убаво! До изворите се шеташ едно 2-3км по питома патека и природа... Во рибникот имаш ресторан со базен! Да, базенче со сите нишани и лежалки и сунцобрани и се`. Храната е прекрасна и безобразно евтина. Се е на дрва. Од таму идеш за Берово до браната и спиеш во бунгаловот. ОК. Сабајле идеш од Берово за Струмица по планински пат и ке видиш убавини пак. Струмица, една вечер- Обавезно! Преку ден водопадите, Водоча и слично а вечер во Селект, ако си со женати нема везе, супер е таму и во двајца. Од Струмица можеш и до Сириус хотел на базен, ама боље ти е да фатиш накај Дојран. Дојран доживуваш катарза. Пред или после, идеш до Гевгелија (Мкд-калифорнија)и до Смрдлива вода на Кожуф планина и таму е многу убаво. После како те учи памет пари и време. Можеш накај Прилеп да фатиш, преку Крушево , па Битола. Пелистер и мариовско до грчката граница(заборавив како се викаше селото...Стрезимир, скочивир... нешто беше, има една река и е многу живописно)... и пак да слезеш до Струга, т.е. до Бисер хотелот и Калишта, тој_крај натака, па да се качиш до Горна Белица (преку Франгово и Ќафасан до Мали Влај, Три шилка па Горна Белица) преубаво е! Па она селоно со маскенбалот, па по стариот пат накај дебар, свети Јован Бигорски, кафе едно манастирско а и до бањата можеш да свратиш- многу е убаво средена `лејтли` и здраво е и за тебе и за женати,па Маврово една ноќ и еве те у Тетово- стариот град (јадете кај црквата св. Димитрија, ке се изненадиш што е ко да си во Охрид), Лешок, па назад и еве те дома во Сарај па Скопје.
Јас богами вака ке направам, ако правам вака, ми се допадна идејава.
Ја испуштив Преспа и пловењето на сплав по Преспанско езеро и спиење во селска куќа со локален водич и локални специјалитети за јадење), Ресен е само за поминување, изворите на Дрим се кул кај св. Наум ама сеа е катанга таму, затоа ги прескнав ладно.
Оваа тура е феноменална работа!
Баш ме интересира што ке направиш... повекето би отишле право за Струга... а ти?
:)
а бе ти..
ти си кокиче! ова твоето го принтам и поарно здравје! каков гајдбук, браво. дома ќе ја разгледам целата тура и гарант нешто од ова ќе посетам. браво и фала!
дечки, дечки, си размишљал да напишеш патопис?
Хе, не џабе ти е
Хе, не џабе ти е ПУТНИК никот :)
Пеер, ова од искуство или? Си шетал све ова по милата ни МК?
Уште да знаеш да кажеш дал може со мотор а се извозат путиштава, ептен кејф ке ми направиш? Имај у обзир, не возам ја онакви педерски бајкови на кои до Куманово да идеш кичма ке искршиш, напротив, возам NAKED, опасна машина, трпи и off-toad али не превише.
Ако си за (глеј сега пеери ке не направат) да се ставиме на машината и да истераме оваа твојава тура? А? Фака око? ама без дроги, само ракија и мезе, бива?
Колку дена треба бе за ова? Викенд не врши работа, па ни продолжен викенд.А одмор ја за ова лето неам више,потроши пред време ко и све остало:)
П.С.
Си го сејвуем ова и си го чувам за идеја кога се мислам кај да шетам по државичкава.
мотор & ракија
леле ама трип, турнеја на мотор. како во филмот за че!
ја неам мотор али би земал некој стар за ваков трип. е за ова ми е криво што не го направив док бев сингл. сега потешко, мада.. се е можно.
O: мотор & ракија
Зш бе сите така мислите? И еден дечко што ми шиткаше мотор вика го продавал пошо се оженил??!! И шо ако си женет, демек не иде бајк иена?
Не знам, ама и ја сум женет, и повекето кои возат со мене се со фамилии по дома, па гајле немаме.Е сега, друга работа е ако жена ти не те пушта, ама па тоа не е само за бајк, таа нема да те пушта ништо што она нејке да направиш, а тоа друже не е добро, за тебе највеке.
не е до жената,..
до баскетот голтање е :))))
O: Хе, не џабе ти е
Нема ништо боље од двајца голи фраери на мотор "напраени" на ракија и меэе. :)
O: Хе, не џабе ти е
Голи во седло? ;-)
O: Хе, не џабе ти е
Easy riders ами како. Баш така и возиме...easy...Ја ке бидам Џек Николсон, келав не сум, ама имам стомак пивски :))
И да, одлична комбинација е мушки на бајк наракијани и замезени, да не не? Уопште не е проблем со мушко, ако претходно си решил се во врска со својата сексуалност :))
Само ми го нема Путников, кај е?? Јави се Путнииииииииииииииккккккккккккк?? Иде викенд пеер, ке зимам некој друг со мене :)
O: Хе, не џабе ти е
Еве ме, не-в-и-к-а-ј! - ми го дупна увово, не сме на мотор сеа :)
Од кај му па на чомбе идејава за двајца голи фраери на ракија и салата, ја незнам. Обично добро се облекувам, ама добро, озбилно.
Овој викенд ке земеш некој друг, брат, а ја и ти можеме да се договориме за од следниот натака. А тој другиот ке има домашна задача -` Еве како со Д27 низ Мкд на бајк` -да пише на багра.
Не се секирај овде и у октомври се вози мотор, знаеш. Дали сум бил на сите овие места- да, и во лето и во зима. Каков филм е во зима бачко, ти незнаеш.
Ако се иде со мотор ке фатиме накај Кратово прво, Јоаким Осоговски накај Кр. паланка,рибникот у Гиновци (милина една) па назад преку Пробиштип(=Твин Пикс.мкд.цом.) до Штип, па влагаме у маршута од Кочани натака.
Може со мотор сегде да се иде, сеа негде е бааги стрмно (Голак, и калдрмливо- Смрдлива вода, Пелистер...) ама, ваљда ти е нов моторот, влече ко луд, така?
Добра ти е идејава и у начело ја прифаќам- лелеее пичињата во Струмица а ние на мотор! - не-м-и-с-е-в-е-р-у-в-а!!!
Ке идеме обавезно. У Чегевара маици, остај сеа. па и он бил на Харли со Капитал под мишка, што има везе :)
Ке се слушнеме у тек на неделава шо иде.
O: Хе, не џабе ти е
Само уште моторот во прашање да не е скутер(како на „глуп и поглуп“ :)) или јапанец.
Вакво нешто треба за една гран туризмо тура:
http://www.hotmatchcustomcycles.com/hme.html или за минимал фанови:
http://www.exilecycles.com/index.php?section=1
:)
епа да си земел
епа да си земел еден ендуро...
од асфалт на прашина, планини. само треба сила за тој ѕвер. не дај боже да ти падне.
псж ми го има праено истиот муабет јас кога му кажуев дека еден ден ќе си купам мотор и ќе пичам по тави маршрути, со моето апаратче сликајки ги најруралните предели на мкд.
само едно копиле не планирав...
TE CITAM OD MOBILKA.ZNAES
TE CITAM OD MOBILKA.ZNAES PEER KAJ SUM?U SOBA U OSOGOVSKI A?I PAZI OVA: BEVME KAO SAMO NA RUCECE U GINOVCI U RIBNIK I AJ KAO NA KAFE U MANASTIR I DA ZAPALIME SVEKA AMA KOGA VIDOVME UBAINI OVDE ODMA ZEMAVME SOBA.SEGA E 6 AM SAAT A JA BUDEN I NASPAN-CUDO E VOZDUHOT OVDE. I AJ POSLE RECI NEMALO ENERGIJA NA BAGRAVA ) )
TE CITAM OD MOBILKA.ZNAES
TE CITAM OD MOBILKA.ZNAES PEER KAJ SUM?U SOBA U OSOGOVSKI A?I PAZI OVA: BEVME KAO SAMO NA RUCECE U GINOVCI U RIBNIK I AJ KAO NA KAFE U MANASTIR I DA ZAPALIME SVEKA AMA KOGA VIDOVME UBAINI OVDE ODMA ZEMAVME SOBA.SEGA E 6 AM SAAT A JA BUDEN I NASPAN-CUDO E VOZDUHOT OVDE. I AJ POSLE RECI NEMALO ENERGIJA NA BAGRAVA ) )
O: TE CITAM OD MOBILKA.ZNAES
бРАВО друже! Речено- сторено. Поштујем...поштујем ;)
Ти стварно зема `некој друг` да сибеш... Ако, сеа по договор `лицето НН` -да каже како е? Или може и ти, што да не, баш ме занима како си поминал и до каде ти стискал гз да отидеш.
П.С. Сељациве те оставиле на МИНУС бодови иако убево ни рече дека пишуваш од мобилка. Тоа дека не си им нив другарче, ти текнува? Они си ставаат плусеви и кога се за минус, што би било симпатично да не е патетично. Селективното практицирање на .... отидов ке ме заклучат у канцеларија :)
Латиница е
Коментарите на латиница автоматски добиваат оценка -1.
Мислам..
Нели :) Џаба:)
--------------бРАВО
--------------бРАВО друже! Речено- сторено. Поштујем...поштујем
Ти стварно зема `некој друг` да сибеш... Ако, сеа по договор `лицето НН` -да каже како е? Или може и ти, што да не, баш ме занима како си поминал и до каде ти стискал гз да отидеш.
П.С. Сељациве те оставиле на МИНУС бодови иако убево ни рече дека пишуваш од мобилка. Тоа дека не си им нив другарче, ти текнува? Они си ставаат плусеви и кога се за минус, што би било симпатично да не е патетично. Селективното практицирање на .... отидов ке ме заклучат у канцеларија------------------
Знаев јас дека на -1 ке идам, сакав дури и да напишам да не ме минусираат.Ако е аутоматски, може ваљда да се оверврајтира тоа.
За шетањето, да, ептен кејф наоправивме.Божем само ручече у Гиновци, ама кога попивме кафица у манастирот Осоговски се предадовме, појако беше чувството од нас.
На цела смеа и концерт закачивме „у Паланку“. Деца некој као рок маваа, од Бугарија, од Стара Пазова.И таа една од цурите што пееа сакаше да ме носи со неа дома, ама ептен ја нели бев со „некој друг“, и за беља тој „друг“ беше невестето ми мило ))
Следниве викенди гарант идам на некое од местата од твојот „Туристички Водич низ Македонија“, ке Ве информисам сите навремено.
А ти Путнику, прво јави се да те частам кафе по Скопјево, а после ке прајме муабет за шетање, не сум ја така лесна цел )
ЧИСТО ПРОЦЕДУРАЛНО
Немет во Бугарија град Стара Пазова, туку Стара Загора. Пазова е во Србија, па така или било Бугарче девојчето или Српче, ти не ја примети по муабет од каде е?
(Ова беше `мииин` од моја страна).
:)
O: ЧИСТО ПРОЦЕДУРАЛНО
Загора де, СТАРА ЗАГОРА, јебала ме Пазова да ме јебала :)
Блгарка бе, апла, со документ.Живеела у УСА ама врнала се.Полсе сконтав дека се од Евангелска Црква од БГ и доаѓаат у МК да прповедаат за таа Црква.Јеби га...на сите начини се обидуваат да привлечат народ.И песмите им беа све со религиозна тематика ама у рок стил.
Нема везе, рече ке ми прати слики што ме сликаше, па ке видите у ориганлу :)
DORJAN ! !
Odi vidi ga dorjan eb*go go polnea demek se ocekuvale poveke teroristi da se drpaat na kamenjata...aj min pesocnite plazi.
За времево
За времево потребно за турава, зависи... Со згуснат распоред (по две локации на ден, спиење на третата)- имаш спиење Голак или боље, спиење Пехчево (изворите на Брегалница), потоа спиење Струмица или Дојран, па спиење Битола или Преспа, се враќаш полека накај Скопје од Струга, Дебар, Маврова попатно... Значи 3-4 нокевања би биле доволни, 5-6 идеални без брзање и фурки. Ама може со 3 да се помине сосема кул. Јас углавно така сум идел. Викенди.
---
П.С. Онаа линијата по должина на Вардар, стално ја одлагам (со малку мрдање лево и десно од реката), Скопје, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Неготино, Валандово, Дојран, Гевгелија и назад преку Радовиш, Струмица, Штип, Свети Николе, Кумановско до браната во Липково, Старо Нагоричане, местата по течението на Пчиња (Кокино опсерваторијата и манастири до Прохор Пчињски), Скопје по стариот пат преку Арачиново, до Тетово, Гостивар и назад. И тоа не е лошо.
Немој Охрид
Немој Охрид жити бога, поминав недела дена сега таму, нерви искинав со имбецили. Никој нема да те услужи, и кога ќе дојдат да те услужат
ќе ти мрчат цело време. Дискотеките се тапа, плажите ужас и кај и да е ќе воведат туристичка такса за дишење воздух. Брат земи си конак во Бигорски, неколку книги со тебе па ќе искулираш максимално.
O: Немој Охрид
подполно те поддржувам за охрид бев 2 дена и тоталка се разочарав..уствари ИЗБЕГАВ!
Охрид не чини
Овој став е многу здрав. Не доаѓајте домашни туристи, особено откако странците почнаа да се враќаат во Охрид по нашите 15 годишни балкански лудувања со калаши по шумите. :-)
Јас сум за тоа пивото да се продава 200 денари во Охрид. Ама и ренде да се набавит.
Абе и 7 Евра да
Абе и 7 Евра да ми продава пиво ќе го платам кога ќе ме третира за моите пари онака како што треба. Пази случка. Одам со странци другари на Св.Наум шетаме овие у несвест паѓаат и седнуваме на тоа островчето да нарачаме храна. Кога овој имбецилов неќе да не услужи многу сме биле?!?!?!?!?!?!?!?!?!
Ајде станавме живи срамови отидовме у тие кафанчињата подоле. Се убаво добра храна иде у позадина староградска музика, кога тоа муфљузот келнер, ми пушта бугарски турбофолк. Незнаев дали да го тепам или себеси да се убијам.
Така да Охриѓани FUCK OFF!!
Ренде
На квалитетот на услугата и мислев со тоа со рендето. Инаку, се плашам дека оваа приказна е македонска, не само охридска (односно дека добри и лоши примери има насекаде).
Туристичкиот бизнис во МК го водат разни фуфи и бифши државни директори на хотели и ресторани кои немаат појма да го работат или идеа како да го направат подобар. Тие кои малку знаат или барем работат чесно ќе ги познаеш по тоа што имаат редовни клиенти од година во година.
Овој бизнис е многу карактеристичен, бара поголема непосредност со клиентите и повисоки стандарди за перфекција. Ова што кај нас го има е многу далеку од просекот, а камоли од идеалот.
Нешто од туризмот знам и од прва рака, бидејќи како детиште сум работел сезонски по рецепции во хотели, Охридско лето и слично... Туризмот е многу пари, ама и многу музика.
Аха
Така е!
Ренде па ренде!
Ебаве рендето, земет си од Скопје две , у ранеци чао :D
Ок, шала! Незнам зашо уште се разглаба Охрид. Од Охрид једино странцу неупуќени се одушевљени. Мислат дека тоа е шарм на охридскиот менталитет. Мај ес! Нема везе. Жално е што тоа е ставрно убаво место.
Од увек викав ја, на Охрид не му фали ништо, Охрид си е убав, Охриѓани за кур не ги бива. Би било убаво онака, у мејкбеливе, да се ислеат сите комплет...
Значи. Кога почнуваме со селенје
И сеа кога почнуваме да ги селиме Охригани?
А богами добро прашане е и каде да ги селиме, па овие се за никаде кој ке ги земе? Кој ги сака бе?
Ајде бирајте место на кое висе никат не би отишле и таму ги селиме сите Охридски “фраери„
;)
Додека бевме во
Додека бевме во Охрид, еден другар доби генијална ама и малце монструозна идеја. Прво сакаше бомби да фрла, но сконта дека е греота ради архитектура итн... Е сега негов предлог е сите охриѓани да се стават колективно во конц-логори. Интензивно да се малтретираат да учат услужување на клиент, и странски јазици. Кој успее да преживее и научил, го враќаме рехабилитиран назад. Кој згинал во меѓувреме, му го даваме на Велија Рамковски да прави ѓубриво за во нива од него. Оние што преживеале а не научиле, одма на електро-шок терапија, додека не станат растенија. Е тогаш им кажуваш од двор подалеку никако, и кога ќе видите туристи ќе мафтате со рачињата и ќе викате: Хело велком ту охрид, хев а најс деј :P
јавен повик
јавен повик до еврејското лоби во макдонија
ВЕ МОЛАМ ПРЕВЗЕМЕТЕ МЕРКИ ВО ОХРИД!!!!!
1.да се иселат сите охриѓани
2.да се населат евреи во нивните куќи
пошо тоа ѓубре од народ уше малце ке го исушат езерото за инат на скопјани...
како место егејците не ги иселија охриѓаните на времето
O: јавен повик
Ти си екстремен есктремист :D :D :D :D: :D :D