Правам сајт на кој ќе има еден вид виртуелна тастатура, со сите unicode знаци. Ќе треба само да кликнеш и ќе го добиеш кодот кој ти треба (па потоа само ќе го копираш во твојот текст).
Сеуште е under construction, ама еве ти линк: HTML Keyboard.
хммм... ја или - од toomuchisnotenough на 3 јули, 2006 - 08:14
хммм... ја или сум оглупел, или сум бил глуп и порано, ама не сум приметувал...
друже, ич не контам како да ја употребам html тастатурата -- не ги ни гледам буквите што ми требаат.
исто, не ги контам „è и ѝ“. ако тоа се алт+# комбинации (како што беа за тие знаци у .ttf, онда имам друг проблем: користам лаптоп, па немам нумеричка тастатура.
сум пробал и insert symbol у word, арно ама го најдов само e', али и' уште ја барам.
Помошта од GoodBytes ти стигна во облик на HTML кодови за карактерите.
Еден начин да го ископаш и` е да отидеш во онлајн тастатурата до 1117-тиот карактер - ќе го видиш и`-то и можеш да го копи+пејстнеш.
Интересно е што сајтот малце си игра со декодирањето, па не ја гледаш интерпретацијата на кодот директно - само самиот код.
Алтернативно, можеш да кликнеш на реплика со цитат, да „вклучи rich-text“ и - цап - ќе се појави од тоа езотеричниот код 1117 асално и` :)
Така е де, и јас проверував во правопис кога ја правев македонската тастатура за Linux.
Значи, цртката кај „е“ и „и“ (ѐ и ѝ) расте на лево!!! Тоа е спротивно од цртката кај ќ и ѓ - ќ и ѓ се посебни букви, ѐ и ѝ не се баш.
Исто треба да се знае, дека цртката кај „е“ и „и“ нема врска со акцент, кој расте на десно.
На англиски цртката кај „е“ и „и“ се вика grave, кај нас изгледа „надреден знак“?
Знам дека прашањево ти е за Дамјан, ама еве гледам дека Развигор проверувал за о со надреден знак (и можеби во истото и за е' и и') во:
XIV издание на „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен од Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, Р. Угринова-Скаловска под редакција на Тодор Димитровски, издаден од Просветно дело, Скопје, 1999 година...
Јас немам при рака некое ново издание за да видам за сигурно. За ова, фала им на сите заспани институти, академии и луѓето кои работат во нив, што не знаат да направат една публикација и да ја стават достапна на Интернет.
Можно е да немале технологија тогаш да ги напишат како треба... или па да згрешиле?!? Сигурен си дека не си гледал акценти (кои немаат врска со букви)??
Инаку гледав во правописот кој е релативно нов (почеток на 90-ти) и што моравме да го имаме во средно.
Дообјаснување - од GoodBytes на 3 јули, 2006 - 12:49
Не знам дали во меѓувреме успеа со кодовиве, еве да ти објаснам...
Тие кодови кои ти ги копирав во одговорот, треба такви какви што се да ги копираш во полето каде го внесуваш твојот код - претпоставувам дека ти треба за на веб. Сајтот кој го посочив има навигација, под и над табелата: Home, 1, 2, 3,... Со помош на овие копчиња можеш да се движиш низ HTML unicode табелата (од 1 до 30.000) и да ги бараш кодовите за знаците кои ти требаат. Кога ќе кликнеш на знакот, подолу ќе се напише неговиот код. Ти само треба да го копираш и вметнеш таму кај што ти треба.
Бидејќи го спомна и Word, и таму го има „и со цртичка“. Само, за да го најдеш, ќе мора во прозорецот Insert Symbol како фонт да избереш Tahoma. Инаку, Мајкрософт има и еден специјален фонт со цела јуникод табела, но мислам дека не се дистрибуира со стандардна инсталација на Windows. Фонтот се вика Arial Unicode, а малку е големичок, околу 30 МБ ми се чини.
Патем, Windows фонтови кои имаат кирилична поддршка (ако ти е инсталирана), а кои доаѓаат стандардно со Windows се: Arial, Century Gothic, Comic Sans MS, Courier New, Impact, Tahoma, Times New Roman и Sylfaen.
Кажувај дали ова објаснување и за веб и за Word ти заврши работа, или што треба да ти дообјаснам.
извини, не - од toomuchisnotenough на 3 јули, 2006 - 13:54
извини, не појаснив од почеток дека ми треба за њорд. го погледнав и линкот на развигор, си ги ископирав обата у њорд фајл, па сега си праам копипејст ко ми требаат.
Добро, значи се среди проблемот. Ако ти требаат често знациве, а ако пишуваш често на кирилица ти требаат, ќе ти советувам и да си направиш кратенка преку тастатура до нив. На пример, со CTRL + ALT + E да се добива „е со цртичка“, а со CTRL + ALT + I да се добива „и со цртичка“. Еве како:
1. Во Word, оди на Insert + Symbol.
2. Во Font избери Tahoma (заради ѝ).
3. Во Subset избери Cyrillic.
4. Најди го è и кликни за да го селектираш.
5. Кликни на копчето Shortcut key.
6. Во полето Press new shortcut key внеси ја комбинацијата која ти одговара (на пример, CTRL + ALT + E).
7. Кликни на копчето Assign, а потоа на Close.
Повтори ја постапката од точка 4 за буквата ѝ.
Напомена: буквите ќе изгледаат различно ако текстот го пишуваш со друг фонт. Сè додека пишуваш со Tahoma, изгледот ќе биде ОК. А зошто „ѝ“ не е вклучен во другите фонтови, појма немам.
Yep, најголем проблем со ѐ и ѝ е што ги нема во default фонтовите во Windows. За среќа ги има во http://dejavu.sourceforge.net/ фонтовите (open-source TrueType фонтови).
BTW во Linux е многу лесно да се напишат овие букви, додека е тастатурата во кириличен режим, само се притиска на ` (копчето над TAB, лево од 1) и после на и или е.. voila.
Ова со буквите е одлично поучно четиво, фала на Тумач, него она дека и на „О“ се ставало капче како овде што пишуе:
---Истото важи и за „о со капа“, кое се употребува во „ôд“ (чекор), а во српскиот сум го сретнувал често и во „кôд“, па веројатно и кај нас по аналогија би требало да се користи. Неговиот ХТМЛ-кôд е ô.---
ич не ми е познато??!!!?? Искрено вака јас не сум ни прочитал негде, ни учел „на чколија“, и да не се фалам ама не сум ептен тапа по граматика, и кога пишувам „службено“ ептен внимавам.
Значи каде тоа се става капче на О-то? Во „Од“ како „одење“??!! Ноп, не ми иде у глава.Помош молам....
ДОПУНА (едит):
Сега пробав у Ворд бе, лесно е,само одбираш тоа инсерт симбол и одма ти дава, само нели тоа ТАХОМА мора да е.Просто,а за на нет ако го пастирам нема да испадне исто ко у ворд?
ДОПУНА (едит):
Сега пробав у Ворд бе, лесно е,само одбираш тоа инсерт симбол и одма ти дава, само нели тоа ТАХОМА мора да е.Просто,а за на нет ако го пастирам нема да испадне исто ко у ворд?
Ако со копирање од Ворд не ти успева за на веб, користи ја мојата алатка која ја спомнав погоре: HTML Keyboard. Таа дава кодови кои се користат кај HTML.
Последни коментари