BLAIR WITCH PROJECT!!!!!!

ако некој не го гледал овој документарец мора да се заангажира и да го најде...
те потресува до лудило,не е толку страшен колку што ти дејствува депримирачки.
мене ме интересира ваше мислење за филмот и воопшто за легендата што постои за проколнатата шума.ова би го интересирало секој еве и за оние кои не го гледале да го најдат и да не размислуваат 2 пати!!!
многу луге се ставиле на интернет да бараат податоци дали ова е вистина или не...сешто ке се најде дајте сите што знаете по нешто пишете го овде!!!
BLAIR WITCH PROJECT!!!!!!

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Kan

Интересно

Интересно филмче, ама ептен многу нема врска со вистина. :)
Кога излезе, на интернет имаше инфо дека е вистинска случка, но покасно се испостави дека нема везе, така да..
Искрено, неќам ни да помислам дека може да е вистина :)

Слика на Robomarket

Во филмот нема

Во филмот нема ни В од вистина. На дечките им текнало да профитираат од таа фама за постоење на некаква сенишна куќа или настран човек/фамилија во буквално секое гратче во Америка. За филмот потрошиле...ма не бе, за филмот НЕ потрошиле ни долар а заработиле милиони. Човек се нафурува и влегува во филмот кога на почетокот пишува....акординг то тру ивентс или така нешто, и многу филмови почнуваат или завршуваат со слична порака ама знаеме дека вистината е релативна работа.

Слика на excellent

Стварно, од

Стварно, од каде ти е податокот дека се работи за документарец? И дека има легенда за проколнатата шума (освен во филмот).

А има и втор дел од филмот, кој е очај невиден. И немој да се лажеш да го гледаш.

Иначе, Робо, мислам дека стварно само 20000 долари ги коштал, и според ratio-то вложено-заработено е на врвот на листата најисплатливи филмови.

Слика на Zelka

јас имав 16-7

јас имав 16-7 кога го гледав на мртвиот скопски фестивал во кино на домот на армијата. се усрав ко зајче што го брка волк. некој да кивнеше во салата ќе умреа 3ца од инфаркт. многу добар адреналин од посерување ради фамозната вештерка.
сеа сум голем и не плашам на-на-на!

Слика на bojadva

блер

а бе хелоууууу.

кај ти текна темава после 100 години од снимањето на филмот. башка се знае дека нема везе со вистина, уствари има, вистина е дека го снимиле и заработиле хехехе.

Слика на smole

BLAIR WITCH PROJECT

Ја го глеав пред некое време и уште мислам дека фо имам на дивх.Не е битно. Мое мислење е дека фимот е језив и откачен,али нема врска со реалноста.Тоа би било исто како да искочи филм во кој како документарец се прикажува патувањето на главните ликови низ утробата на Nessy(чудовишчено од Loch Ness)

Слика на Kan

Лох нес манстер

Те поздраи компарациава :D

Слика на smole

Фала lol

Фала lol

Слика на itra

Тој филм не е

Тој филм не е документарец. Снимен е на тој начин за да има подобар бууууууу ефект. Така да еднаш го гледаш и после некој ден кога поминеш низ ошумен сокак на темно се смочаш од страв.
После овој филм имаат и други пробано да го искористат ефектот на home-made филм, кога се ставиш стварно во чевлите на ликовите. Кој го има гледано Open Water знае на што мислам. Направен со многу малку пари, камера од Ebay и двајца досега непознати актери,ама кога ајкулата напаѓа и ти си таму.

Слика на ГоранОдЧаир

оупен уотр

itra wrote:
Тој филм не е документарец. Снимен е на тој начин за да има подобар бууууууу ефект. Така да еднаш го гледаш и после некој ден кога поминеш низ ошумен сокак на темно се смочаш од страв.
После овој филм имаат и други пробано да го искористат ефектот на home-made филм, кога се ставиш стварно во чевлите на ликовите. Кој го има гледано Open Water знае на што мислам. Направен со многу малку пари, камера од Ebay и двајца досега непознати актери,ама кога ајкулата напаѓа и ти си таму.

филмот е страва и цело време се надевав дека некој ќе ги спаси, ама јок бре, чоек двапати да размисли дали да нурка кога ќе отиде на одмор. Башка, најјезив моменат ми беше на крајот со ајкулата и фотоапаратот, кој ќе го најдат во нејзината утроба...тинанана..тинанана...спуки.. за тензија да не расправам: медузи, ајкули...ти реков-ми рече... мило ми е што незнам да пливам, па никад не би отишол до толку длабоко... ;)

Агрегирање содржина