Published on Опасна Багра (http://bagra.org)

Енергетска империја (2 дел) - Третиот пат

Од Lenin
Креирано 13 јун 2006 - 03:42

Во обраќањето во Федералното собрание, Претседателот на Русија како главна задача ја постави целта за надминување на високата смртност на населението. Нејзиното решение е невозможно без објавувањето на причините за влошувањето на здравјето на мнозинството. Истражувањата покажаа дека динамиката на општопознатите фактори на ризик не влијаела на демографската криза. Еколошката ситуација се подобри благодарејќи на намалувањето на индустриското производство; консумирањето алкохол се наоѓа на нивото од почетокот на 80-те години, пушењето бележи стагнација, здравствениот систем се подобрува, кардиоваскуларните болести се намалени поради тоа што после падот на комунизмот, луѓето почнаа да работат и по две-три работи.

Фактори на ризик

Во медицината е познато дека тагата, агресивноста, безизлезноста - сето тоа го зголемува ризикот од заболувања. Сиромаштијата не играше голема улога, бидејќи во иста мера и богатите страдаат од инфаркти и кардиоваскуларни болести.
Отсуството на разбирање за она што се случува во рамките на традиционалните престави ги натера научниците да се обратат кон диховната сфера поврзана со човечката психа. Духот - тоа се вредностите, смислата на животот. Кој сум јас? Зошто живеам? Што ќе постигнам, кон што целам? Во медицината е познато дека тагата, агресивноста и безизлезноста го зголемуваат ризикот од заболувања.
Но, социјалниот оптимизам, служењето на високите идеали - сето тоа води кон зголемување на резервите здравје.

Од почетокот на Перестројката во СССР се забележуваше одреден духовен подем кој доведе до снижување на смртноста за 20-40% кај сите возрасни групи. И не е работата во законите против алкохолот колку што е во процесите кои се случуаа во сите социјалистички држави во Источна Европа.

Во 1989 година векторот `перестројка` нагло го измени правецот. Русија почна да гради капитализам со што дојдоа до судир два сосема спротивни света. Наместо поранешните системи на вредности кои утврдуваа дека `човекот на човекот е пријател`, `првин мисли за Татковината, а после за себе`, `чувај ја честа од млад` - дојдоа сосема нови системи на вредности од типот `секој сам за себе`, `парите не растат на дрво`, `земи се што ти дава животот`. Во тој момент почна `пресадувањето на душата` каде според законите на транспланрацијата, ако пресасуваната идеологија противоречи со културните традиции на народот, таа се отфрлува и настапува смрт.

После сето тоа, `резултатите` веднаш беа видни: раст на убиствата 3 пати, огромен пораст на депресијата, двојно зголемување на самоубиствата...
Зборувајќи со медицински јазик, во државата се појави епидемија на `агресивно-депресивен синдром`, која ги разрушува имунолошкиот и другите заштитни системи на организмот. Имено социолозите сметаат дека смртноста на населението рапидно скокна поради овој синдром.

Либералниот начин на живот се покажа како кај Русија така и кај другите соц земји како сосема неадекватен и неприфатлив за високиот степен на културен и нравствен развој на поранешните советски држави. Од смртноста не спасуваше ни значителниот раст на материјалната благосостојба. Еве пример - поранешна Источна Германија - реформите се остваруваат строго по разработени шеми, користејќи за тврдата рака на Х. Кол и огромните инвестиции во размер од 2.000.000.000.000 (трилиона) марки. Стандардот кај `источњаците` се зголеми за два-три пати, иако како одговор криминалитетот порасна многу повеќе од тоа, самоубиствата, смртноста, паѓањето на наталитетот - сето тоа многу пати повеќе порасна отколку стандардот. Објаснување за тоа дава германската пеачка Б. Таљхајм - `На местото на диктатурата на граѓаните на И. Германија, дојде диктатурата на парите, тој систем е исто така болен, мојата генерација сака да живее еднакво, рамноправно, дури и тие кои во бившата комунистичка Германија беа најбедни, сега не се осеќаат воопшто посреќни`. Ориентацијата кон `профит и само профит` доведува до снижување на прагот на чувствителноста, хуманоста, расте интересот кон мртвото, изживеаното... Телевизијата и современиот шоу-бизнис тоа ни го сервираат секојдневно.

Зошто расте смртноста?

Во 1989 година започнаа горенаведените промени... Дури и патриотската државна политика на Претседателот на Русија - Путин - во рамките на либерализмот не доведе кон измени во демографската политика. После 1998 година стандардот многукратно се зголеми, стресовите се се помалку, штрајкови скоро и да нема. И покрај тоа, новото на самоубиства, убиства и криминалитет се на високо ниво. Значи, душата на народот преживува тага, озлобеност, безизлезност бидејќи векторскиот пат на реформите не се измени.

Заклучок: причина за изумирањето на популацијата во Руисија е либералниот курс, неадекватната природа на рускиот карактер. Луѓето физички не можат да живеат во атмосфера на алчност, разврат, понижување... Значи, за да се избегне сето ова, на Русија и е потребен друг модел на општествено уредување. А кој модел?
Дел од популацијата тежнее да се врати во социјализмот од 70-те години во СССР. Но и да се случи тоа, повторно не би се подобрила демографската криза бидејќи и во тој период смртноста растеше. Во државата тогаш се појави духовна криза поради разминувањето на високите идеали и двојниот морал во животот. Самата држава се покажала недостојна да ги задржи тие системи на вредности кои самата ги изградила. Тоа беше и една од главните причини за пропаста на Советскиот Сојуз. Секако постои и мислењето дека пропаста се случи поради неможноста за економско натпреварување со Западот. Но, за каков економски потенцијал можеме да зборуваме кога тој потенцијал бил до толку моќен, што дури и декади после распадот на СССР, БДП (Бруто - националниот приход) обезбедува прилично добар стандард.

Алтернатива на капитализмот

Светската јавност после распадот на СССР веднаш осети дека не се најде на прагот на општа хармонија, туку на прагот на Трета светска војна. Во таквата ситуација која владее до ден денес и отсутството на `трет пат` лесно стана да се убедат луѓето дека постојат само две насоки на развој: или поразениот социјализам или неговата алтернатива - демократскиот капитализам. Ако е тоа така, тогаш Русија е осудена на пропаст. Луѓето не сакаат да се враќаат во социјализмот, а не ни сакаат да умираат во атмосфера на демократскиот социјализам.

Но можеби и постои сепак `трет пат`, непознат за науката кој ќе дозволи движење кон посветла иднина. Философите и политичарите не убедуваат дека такво нешто не постои. А зар да седиме со скрстени раце. Дури и обичните луѓе со здрав разум чувствуваат дека некаде, скриен чека систем во кој може да живее слободата на зборот со силата на законот, бесплатното образование, здравствен систем, моќ на планот и неизвртливост на пазарот.

За да го најдеме излезот треба да ги отфлиме идеолошките завеси кои му пречат на здравото расудување. Тогаш ќе се види дека барањето на хармоничниот `трет пат` Русија го има најдено во последните 150 години од нејзината историја на општествено - економски формации (робство, феудализам, капитализам, воен комунизам, НЕП, бирократски социјализам и пак одново капитализам), шест форми на државен систем (апсолутна монархија, уставна монархија, парламентарна република, советска власт, власт на КПСС, претседателска република) и три етапи на политчки режими (диктатура, демократија, анархија). НИТУ ЕДЕН НАРОД ВО СВЕТОТ НЕ РАСПОЛАГА СО ТАКВО ИСКУСТВО кој дава возможност да се споредат сите можни варијанти на развитокот и да се создаде едно оптимално решение.

Русија мора да го најде спасителниот систем - хуман, ефективен, справедлив, инаки ќе се појави со Црвената книга на историјата. Друго нема. В тоа е и смислата на националната идео.

`Новото политичко мислење` не се појави. Острината на геополитичките проблеми не се намали туку многукратно се зголеми. Финансиските кризи се се почести. Во многу држави се симнуваат социјалните програми, расте невработеноста, наркоманијата, детскиот криминалитет. Антиглобализмот и меѓународниот тероризам - тоа се само појави како реакција на луѓето за тоталната несправедливост на планетата. Човештвото е пред избор - го осозна губитокот од социјализмот но и од капитализмот.

Значи најпосле дојде НАШЕТО ВРЕМЕ - времето на тие кои не се гледаат како кукла во бирократската номенклатура или финаскискиот капитал, туку домаќин во `својата Земја`.

За да се сопре демографската криза во Русија, потребна е картата за спасоносниот пат. За тоа е непходно да се даде интелектуалниот потенцијал на расудување на Проектот на Сенародниот Дом. Почетен пат кон тоа градење може да стане рускиот весник кој го осветлува патот кон здрава Русија.

Превод од руски
вз.ру
автор Д-р Игор Алексеевич Гундаров


Изворно URL:
http://bagra.org/node/7535