(шо бе рап/хип-хоп?)?!
...се чудам шо порано никој не постирал тема, а вечерва видов еден куп баграши на концерт.
Е, сега, баш сакам да прочитам впечатоци.
Моите се следни
Прво, слушнав дека ЛИТИУМ ги „купиле“ „Масовен Напад“ за 25000 евроси, во последен момент АВАЛОН влетале со понуда од педесет илјадарки, и пка СЏФ влетале во последен момет со понуда од 60000.
И после чуди се оти толку скапи карти. Мислам, алоооооо...
Не дека не вреди да дадеш 20 евра за концерт на актуелен бенд, ама исав бе малку...
4000 карти во продажба. Или не? М? Шо мислите вие?
Концертот пристоен, ама сите со впечаток дека многу кратко траеше, мислам, тамам се осети флуид меѓу сцена и публика, тамам атмосферата достигна кулминација(барем според мене), си се спакуваа дечките.
Очекував подолг и поисцрпувачки концерт.
Си ветив дека нема да пишувам како таму некој се однесувал на концерт, дека на некои не им било таму местото, оти, искрено, смачено ми е кога некој ќе коментира како само тој/таа и уште неколкумина заслужувале да се на таков настан, а другите поим немале каде дошле.
Мислам, и да не би ми бил познат бендот, ако имам пари, и ако слушнам дека прави добра музика, одам да слушам музика.
Арно ама... ќе си го прекршам ветувањето дадено на себеси. Како што напишав, отидов да слушам музика. Некои луѓе не. Отишле да се видат со пријателите и да си ги прокоментираат натпреварите што се играа денес.
И ај сега....
Без оглед на се, се исклучив од се и си поминав супер.
Вие?
Последни коментари