4 декември, 2008 - 04:51
[веб кирилица]

фашизам

од ZisDead на 11 јун 2006 - 06:50

Излезен е нов документарец од Арон Русо - from freedom to fascism, нешто слично на филмчињата на Мајкл Мур, со таа разлика што овој всушност би требало да има некаква врска со реалноста. Можеби ќе заскокотка нечиј мозок.
Инаку, Арон Русо е поранешен холивудски режисер.
http://en.wikipedia.org/wiki/Aaron_Russo

Ова е интервју со авторот:
http://video.google.com/videoplay?docid=-5291973427234326281&q=freedom+to+fascism

Опции за гледање на коментари


Се ми изгледа - од dragan733 на 9 јули, 2006 - 16:18

Се ми изгледа ова е масло на Демократите, за да се оцрни Бушовата администрација и Републиканците. Сето тоа што го спроведуваат Републиканците не им е по ќеиф на Демократите. Демократите секогаш се залагаат апсолутно за слободата и демократијата. А Републиканците асполутно секогаш се залагаат за рационалното. Сите последици и проблеми што ќе ги направат Демократите со нивната филозофија ќе мораат да ги лечат Републиканците, преку нивниот рационализам, кога ќе дојдат на власт после владеењето на Демократите. Така да не смее да се прави релација на рационализмот со фашизам. И комунизмот се залага за рационализам, па затоа велат во комунизам нема слобода. Ама од претерана слобода секогаш некого глава ќе го здоболе. Кога ќе се види последниот Демократ што владееше беше Клинтон и тој направи многу да завладее слободата во Комунистичките земји. А денеска се гледаат последиците од таа слобода. Главното е народот да биде секогаш исфустриран и никогаш задоволен и чувствата да бидат во приоритет. Мислам дека сега Бушовата администрација гледа да ја поправи таа ситуација и последиците на владеењето на Демократите, каде уште од времето на Кенедиевците се влече таа филозофија за апсолутна слобода. Ама како што реков ваквите политички потези на Бушовата администрација не им е по ќеиф на Демократите, како сега Буш се залага за некој рационализам во односите, па Демократите тоа го исповетуваат со црниот фашизам, што далеку од тоа е. И плус денеска кој ти збори за слободата? мото кое владее секогаш за време на владеењето на Демократите. Сите сакаме сега некој ред, а по мое мислење Бушовата дминистрација сака да го спроведе преку разни сретства и методи. Лошото е што кога повторно ќе дојдат на власт Демократите повторно ќе ја спроведуваат нивната филозофија за демократија и слобода, и се знае повторно негативни последици, односно демократија и слобода само за одредена класа на луѓе. И после Републиканците ќе треба да ги лечат таквите состојби. И така бескрајно.

сликата на toomuchisnotenough
точно - од toomuchisnotenough на 9 јули, 2006 - 20:28

точно драгане!

откако демократите проникнаа во доктрината на перцептивната логика, мислат дека општествените придобивки можат да му се натурат на поединецот (во рационален смисол) да преземе полу-објективни чекори за решавањето на статусните прашања. но, како што знаеш, таквите концептуализации се однапред осудени на пропаст. токму тоа е она што републиканците се обидуваат да го излечат, а кутрите демократи се слепи при очи!

републиканците, пак, од друга страна, покажуваат истанчен сенс за социо-економските реалности на новиот светски поредок и преведувањето на таквите идеалитети на јазикот на домашната и странската јавност. морално втемелени во безвременските мудрости на исусовата религија тие се оние врз чии што плеќи почива безбедоста на денешницата.

но, во поново време се повеќе се слуша и за фракциите во републиканскота партија, како земјоделско-военото крило, индустриско-педагошкиот комплекс, трипартитната поликоалиција и слични андерграунд политички ентитети кои што преку своите интра-итеграциски перипатетики си ја тераат водата на својата воденичка. ама, така е секогаш така во високата политика, далеку од очите на плебсот. [се смее]

добро е овие работи да се кажуваат на глас, затоа што еве на пример што ќе се случи ако на другите избори победат демократите, па потоа кога ќе победат пак републиканците ќе треба да се лечат работите на еден пообјективен (во декартов смисол) пристап кон општеството, а за природата се интересираат тие од факцијата на земјоделско-военото крило.

поздрав!

сликата на ZisDead
трла - од ZisDead на 9 јули, 2006 - 22:43

трла баба лан, да јој проџе дан.

И кој те разбра? - од dragan733 на 15 јули, 2006 - 21:55

И кој те разбра? Применуваш апстрактни поими и судови, во вид на диспарантност, каде еден поим не се поврзува со вториот поим. Остануваш на ставови на апстрактни фрази не знаејќи да наведеш конкретни факти за нивен афирмитет. А и примерите што ги даваш повторно водат во диспарантност кога се обидуваш да ги поврзеш со втори поими, а сето тоа поврзување го правиш за да се формира еден логички дисконтинуитет во мислењето место да постои логички континуитет, од кој логички континуитет секогаш се добива катарзата.
Значи неуспешен ти беше приодот на еден апстрактен начин да ја негираш рационалноста на сметка на ирационалноста, во смисол твој дека ирационалноста е тој идеализам и едната страна на работите, а не владеењето на дијалектичкиот дуализам во Универзумот.

O: И кој те разбра? - од fLeX на 17 јули, 2006 - 10:51

dragan733 напиша:

И кој те разбра? Применуваш апстрактни поими и судови, во вид на диспарантност, каде еден поим не се поврзува со вториот поим. Остануваш на ставови на апстрактни фрази не знаејќи да наведеш конкретни факти за нивен афирмитет. А и примерите што ги даваш повторно водат во диспарантност кога се обидуваш да ги поврзеш со втори поими, а сето тоа поврзување го правиш за да се формира еден логички дисконтинуитет во мислењето место да постои логички континуитет, од кој логички континуитет секогаш се добива катарзата.
Значи неуспешен ти беше приодот на еден апстрактен начин да ја негираш рационалноста на сметка на ирационалноста, во смисол твој дека ирационалноста е тој идеализам и едната страна на работите, а не владеењето на дијалектичкиот дуализам во Универзумот.

A!!?!?!?!?!??!?

Сега јас станав - од dragan733 на 23 јули, 2006 - 20:40

Сега јас станав апстрактен, па кој разбере разбере [се смее].

Односно треба полека и внимателно да се чита мојот претхосен текст, за да бидам разбран.

А денеска баш се злоупотребува диспарантноста во комуникацијата, со цел да станеме глупи и збунети. Пример во еден разговор се сконцентрираме на една тема и одеднаш се спомнуваат работи во таа тема која нема никакви допирни точки со разговорот.