4 декември, 2008 - 05:50
[веб кирилица]

Албанија, неодкриената нова туристичка земја?

од Zelka на 7 јун 2006 - 18:04

Албаниа. најлошата економска земја по нас (добро е да си предпоследен, можеш вакви глупости да куцаш), но има еден ресурс повеќе од нас - Јадранското море. Јадранот како што знаете е едно од најубавите мориња во европа, со чиста, незагадена, тиркизно сина боја на водата. за разлика од бугарскот црно тиња море полно со медузи и што ти ја знам друго.
Бидејќи нивните комшии преку море имаат тиња море, загадено и се што јадранот не е, инвестираат во хотели и се друго што е туристичко. значи дека итаљаните инвестираат за нивните деца да се бањаат на албанските плажи. хммм?
Албаниа е католичка земја, значи сите прерасуди паѓаат во вода. имам слушнато муабет дека нивните сонардоници од македонија и косово не се многу омилени меѓу мештаните. туристичките места се обезбедени и сигурни за туристи, нема криминал (во јужниот дел, северониот дел немојте ни помислите да одите, тој си е останат олд скул).

искрено со моите примања, грчка и турција не бил можел да си ги дозволам. а не ни сакам гужви, сакам да искочам од главниот пат и да ги прошетам споредните сокачиња. плажите биле со 10 души, а долги се по неколку км. топлес сунчање за девоки, топ!

сакам некој да го сподели неговото искуство доколку бил и да каже дали е така како што велат. многу луѓе ја фалат, а годинава би сакал да биде солена водата во која ќе се бањам, секако по финалето на светското првенство.
хајнекен на плажа е 120 денари.

Опции за гледање на коментари


сликата на leki81
Аха да и јас се - од leki81 на 8 јуни, 2006 - 00:41

Аха да и јас се запнав лани во Септември да одам во Валона [се смее] Супер се ефтино немможам да ти раскажам, се до моментот кога на улица ничим изазвани ми се појавија 3ца батки, да ми порачаат да се губам одма од Албанска територија пошто сум непожелен. Да не беше другарка една од Тирана со мене, ќе го кркав и тоа дебело. Такашто леп провод, али пази се. Се што лета не се јаде [се смее]

ова - од NikDdik на 8 јуни, 2006 - 08:30

...секаде може да ти се деси.
треба човек да е претпазлив кога е надвор од „на татко му дворот“. пробај да се уклопиш. почитувај ги домородците. не се понашај ко американец/енглез.

иначе и јас сум нешо заинтересиран за албанија у последно време. шо ќе праиш, сиромаштија. сите не поминааа веќе, кај и да отидеш треба да се истуриш од пари давање... е добро сеа хоспиталити клуб, каучсрфинг и слично ама пак...

сликата на Julls
Тие што ти - од Julls на 8 јуни, 2006 - 09:29

Тие што ти порачале да се губиш биле наши или Косовари. Локалните, особено од југот не се такви неандерталци.
Зелко бе, АлбаниЈа е аман! И тоа што си чул дека е добро, добро е.

сликата на Zelka
па ние за некој - од Zelka на 8 јуни, 2006 - 10:15

па ние за некој сме Фајром:) шо има везе.
вчера се расч`кав по нет и сликите од селендра (ор ватевер), се ко од кабул, најискрено. сакам некој што бил да ми каже како било, како изгледа и што навистина се случува во Албанија?
или некое друго туристичко место да ѕирнам.

сликата на Julls
Саранда на - од Julls на 8 јуни, 2006 - 10:44

Саранда на пример [се смее]

сликата на Zelka
сеа ќе ме возиш - од Zelka на 8 јуни, 2006 - 12:01

сеа ќе ме возиш или ќе ми кажеш дали да одам или не?

сликата на Julls
Абе Саранда ти - од Julls на 8 јуни, 2006 - 12:17

Абе Саранда ти го посочив како убаво место во Албанија, се наоѓа на југ, карши Крф ориентационо. Гуглај Зелко [се смее] и слики и све ќе ти дае!

сликата на PassENGER
Албанија не е - од PassENGER на 8 јуни, 2006 - 12:15

Албанија не е католичка земја. Тоа е лага. Легенда на заблудените македонци кои тоа би го сакале, па зошто и да не биде така. Реалноста е тотално поинаква. Албанија е секуларна држава.
Религијата е одвоена од државата (повеке одколку кај нас), инаку повеке од 80% се муслимани, околу 10-15% православни (што грци, што власи, македонци и сл.), `те нешто католика у приобаљу`, би била религиозната слика во албанија.
Инаку е ОК. Генерално. Не се ко нашиве ГЕги (збориме за југот) и за живо чудо ги сакаат Македонците, што не им смета за кафе да ти наплатат 1еур, за вотка 2, за пиво 2, за лежаљка и сунцобран негде 10 или слично- зборувам за Драч. Саранда е дури и поскапа, претпоставувам. Мене меи беше онака, ама јас имам многу пари, така да не сум меродавен у ситуацијава, нели, така играме `лејтли` ми се чини.
Ја ке идам на Родос, `ол инклузив` 14 дена, јеби га... Да. И тоа ме честат. Фала, да ви се врати.

сликата на Zelka
абе ти се фалиш - од Zelka на 8 јуни, 2006 - 13:40

абе ти се фалиш или посочуваш? да одам или не?
гледав слики велам на кабул личи. гуглав ја знам, ама ете. сликите викаат едно, луѓето друго? на што да верувам?
плажите какви сЕ?

карши Крф од NikDdik
Јас бев за 1 мај - од PetarK на 8 јуни, 2006 - 23:40

Јас бев за 1 мај на викенд во Тирана и Драч. Супер си пројдовме, луѓето беа многу љубезни (во три дена, два пати сами се понудија луѓе и беспари не возеа до соодветното место во гратот). Веќе два месеци се канам да ги ставам сликите на Багра. Сакав да го насловам текстот нешто како овој пост, ама веќе на двапати во весници и сега ти ја споменуваш таа тема, така што ова е последно лето кога одење во Албанија е некаква „авантура“.

Сума сумарум, слободно оди, фино ќе си поминеш. Цените во Тирана и Драч се некои 10% пониски од Скопје.

сликата на Zelka
изгледа ли ко - од Zelka на 9 јуни, 2006 - 07:55

изгледа ли ко кабул? гледав нешто слики, малку се подразмислив оти! вреди или не?

кој изгледа - од PetarK на 10 јуни, 2006 - 12:31

кој изгледа како кабул? тирана? не, како скопје изгледа, малку помедитерански, барем делот од градот што ти е интересен како турист.

самиот драч изгледа како некои македонско провинциско гратче (барем центарот колку што го видов една врнежлива вечер) а плажата со хотели си е така, нормално, што знам, не сум по плажите...

сликата на Zelka
...се пишманив, - од Zelka на 10 јуни, 2006 - 19:02

...се пишманив, не идам. Монтенегро хир ај кам.

сликата на Julls
Размисли пак за - од Julls на 12 јуни, 2006 - 14:09

Размисли пак за Монтенегро. Иди боље у Хрватска...

сликата на Зелен

да за србчињава монтенегиноси се д бед гајс сеа

сликата на Julls
Зелен, како - од Julls на 12 јуни, 2006 - 16:05

Зелен, како прво: препорачав Хрватска заради тоа што во Црна Гора нема ништо посебно, сем неколку места (Котор, Петровац и Улцињ). А плажа саглам на вториве две само! На второто ако не му пречат нафураните Албанци. Како второ: нит србчиња се споменаа, нит монтенегроси, кој курац ти е тебе, а?

сликата на Zelka
ја би џулс у - од Zelka на 12 јуни, 2006 - 15:38

ја би џулс у јужно афричка на плажа и да бркам ледени санти што се топат од јужниот пол ама $$$!
сеуште не сум доволно платен да одам у хрватска. другата година.

сликата на Julls
Види прво колку - од Julls на 12 јуни, 2006 - 16:11

Види прво колку ти се исплати да идеш у Црна Гора, и тоа и го мислам. Ај да, Хрватска е ебено скапа...
Лоши патишта ќе те уморат у Црна Гора и услуга шит. Лани бев. Седам у еден кафич, нарачуеме две кафиња-за мене и мојата мушка половина [се смее] и ми вика фраерот конобар: за две кафе сте ме устајали!?!
Значи, Котор е преубаво местенце и најмалку нафурани се и со најокеј ноќен живот (не знам за ова, бев вон сезона, ама ако више идеш глеј фати го карневалот у август), Петровац има убава плажа, ама ако ти се свиѓа пензионерска варијанта, такво е местото. Улцињ ако ти се свиѓаат долги песочни плажи (единствени на Црногорско приморје) и ако не ти пречи 97% албанско население. Не сакаат нас македонците, не би требало да ти пречи, а?
Пак на крај, иди у Турска, у Олимпос...еве, Сељачиште нека ти каже за цена и перформанси...бар да ти се исплати патот и морето.

сликата на Zelka
уљцин го - од Zelka на 13 јуни, 2006 - 12:17

уљцин го паметам дека има многу добра плажа, многу плитко море, и многу, ептен, ектремно ептен ЖЕЖОК ПЕСОК! плус дува, па ти се лепи цел песок по нозе и пече зошто е 100 степени и така... и изгледаш дека газиш на минско поле не на плажа или дека играш шота.

Цитат:...за - од Българин на 9 јуни, 2006 - 00:01

Zelka напиша:

...за разлика од бугарскот црно тиња море полно со медузи и што ти ја знам друго...

Хехе.. другото е - Македонци като тебе [намигнува]

сликата на Zelka
две мориња се - од Zelka на 9 јуни, 2006 - 07:56

две мориња се на балканов: Јадран и Егеј. не си ласкај дека ви е добро морето, плус бугарија не е за со девојка. извини.

сликата на PassENGER
O: Цитат:...за - од PassENGER на 9 јуни, 2006 - 13:44

Българин напиша:
Zelka напиша:

...за разлика од бугарскот црно тиња море полно со медузи и што ти ја знам друго...

Хехе.. другото е - Македонци като тебе [намигнува]

ха-хаа ЛОЛ Б`лгарин ме насмеа слатко [се смее] Баш е така, се` тоа и куп македонци ко него [се смее]

Туку сакам нешто да те прашам. Кликнав на твојот ник и искочија неколку твои блогови, и сите беа за Македонија и околлу неа... Па живо ме интересира, од кај таа толку голема фасцинација, опсесија, или што ли е кај тебе, во врска со македонија? Љубов, можеби? Од каде?
Да не си ти обаче Македонец? По дедо, баба... што знам.
И на колку години си, ако не е тајна.
Може и со ПП да ме удостоиш, а може и другите ги интересира. Во секој случај мислам дека ја сакаш МКД и сакаш да помогнеш, само кога би знаеле како. Кип вид д гуд ворк...

сликата на Zelka
дечкото е многу - од Zelka на 9 јуни, 2006 - 13:58

дечкото е многу напатен за внимание, така да не му го пружај. жити мене. кај го преживеавме фрајер, сеа уше еден таков херој никна!

O: дечкото е многу - од дамјан на 13 јуни, 2006 - 10:15

Цитат:

дечкото е многу напатен за внимание

... за разлика од другите на баграва.

сликата на PassENGER
O: дечкото е многу - од PassENGER на 13 јуни, 2006 - 12:54

дамјан напиша:
Цитат:

дечкото е многу напатен за внимание

... за разлика од другите на баграва.

ЛОЛ [се смее]

П.С. Оф Топик :
За србиве сеа бољи се хрвативе од црногорциве. Тоа и реално би било така, тука барем не грешат, само колку време им требаше да го видат тоа?! 18 годинки, машала средно школо. Факултет коа ке завршат за едно 6 години, албанциве ке им бидат супер ама тоа војвоѓаниве мамето ке им го... Хе-хе-хе ... србијанци, србијанци, аман што сте предвидливи.

сликата на dimitar27
Путников - од dimitar27 на 14 јуни, 2006 - 09:20

Путников стално ме изненадуе )
Да, Албанија не е баш католичка земја, кој не знае, бара:
http://www.cia.gov/cia/publications/factbook/geos/al.html

Не знам, не сум бил у Албанија, ама знам дека кога лани бев залетан да одам, имав исто слушнато вакви муабети ко Зелкава што чул, демек ептен е добро, ептен е супер, ефтино и све тоа.
После тоа дојде чоек што бил таму и ми кажа дека не е баш све ко што кажуваат.Било прљаво, несредено и тако то....
Сега не можам да зборам пошто лично не сум бил, ама јас не би се мислел да отидам, ако ништо друго барем авантура.
А и да, ЗЕЛКО, Турска бе друже не ти е скупа а?
Или и ја не сум меродавен пошо имам пуно пари ко и Путникот [се смее]))

сликата на Zelka
абе ја радо би у - од Zelka на 14 јуни, 2006 - 13:20

абе ја радо би у јужно афричка ама ете. 100 евра навистина ми се проблем, плус пола пари се зајмуем, па телефон купив и него го одплаќам...
ми рекоа да се обидам за 3-4 години во албанија.

сликата на PassENGER
O: абе ја радо би у - од PassENGER на 15 јуни, 2006 - 08:29

Zelka напиша:

абе ја радо би у јужно афричка ама ете. 100 евра навистина ми се проблем, плус пола пари се зајмуем, па телефон купив и него го одплаќам...
ми рекоа да се обидам за 3-4 години во албанија.

А на тебе сликарче младо, би ти препорачал да ја прошеташ прво Македонија. Да отидеш до Делчево,Пехчево, Берово, изворите на Брегалница, Голак, езероно и боровата шума... Струмица, ... манастирите и Јоаким Осогоивски, Водоча.... Маврово, Дебар па манастирот таму, па да се изнасликаш, Крушево па Битола, Прилеп пелистер, Мариово да го видиш па Струмица пак, Тетово е многу убав град...па Преспанско езеро, па сртуга и селата до Горна Белица,... па Дојран па гевгелија и Демир капија, нашата Калифорнија.
На крај ела до Сиетл(Ку-во) преку Кратово, али само на кратко [намигнува] и цело време сликај сликај сликај... Тоа би ти бил НЕЗАБОРАВЕН одмор од некои 14 дена и нешто најубаво и најпаметно што си го направил во животот! Верувај ми. Знам што зборувам. А ке те кошта ни 150 евра, а богатството на искуствата што ке го добиеш- нема цена.

сликата на Zelka
тоа ми е во - од Zelka на 15 јуни, 2006 - 10:03

тоа ми е во предвид, ама после интензивно журкање на фестивали годиниве сакам во солена вода да се бањам! може годинава да го рипнам предлогов?
вчера гледав слики од багра јузери во албанија ама ќутат нешо!

O: Путников - од Сељачиште на 14 јуни, 2006 - 14:16

[се смее] Абе, Диме, вики неможе, а ција може, а?

Што мислиш, кои од двава извори е понеутрален?

сликата на dimitar27
O: Путников - од dimitar27 на 15 јуни, 2006 - 11:41

Сељачиште напиша:

[се смее] Абе, Диме, вики неможе, а ција може, а?

Што мислиш, кои од двава извори е понеутрален?

ХАХАХ, прав си Сељо,ама прво ми налета на гулање, јеби га, мрза пуста.
Да, ЦИА се ептен за верување, провери што пишува за Макеоднија за религиозна структура и све ке ти стане јасно:
http://www.cia.gov/cia/publications/factbook/geos/mk.html

Оп???Промениле педерите амерички, пред 2 месеца пишуваше за Православни 55% само?? Имам доказ за ова, пратив кај Јанко мејл и он објави на Скај ТВ истово.Ако ако, се поправаат Амриве, од на Бучко политикава ќе да е [се смее])
ЕТе бе, глеаш, кога го почнав коментарот не веруев на ЦИА, сега и верувам, што ти е прогрес [се смее]))