8 октомври, 2008 - 02:35
[веб кирилица]

Во потрага по еден охриѓанец

од john.smith на 30 мај 2006 - 22:20

Барам помош околу стапувањето во контакт со еден постар човек, хрват кој подолго време живее во Охдрид, а го имам видено пред неколку години на ХРТ во емисијата “Жива истина“. Не се сеќавам на неговото името и презиме, во таа емисија рече дека е рибар, а поводот за неговото снимање беше тоа што човекот е колекционер - поседува раритетни плочи, фотографии и автограми од Битлси и истите не ги продава (наводно е единствен човек кој на едно место има автограми од сите членови на Битлси).
Бидејќи неодамна почнавме со снимање на документарен филм за хрвати кои живеат во Македонија и македонци во Хрватска, сакаме тој човек да се појави во филмот. Се распрашувавме во ХРТ, во МТВ, по луѓе... засега безуспешно. Можеби некој кој е од Охрид го познава дотичниот господин, било каква информација е добредојдена.

Однапред благодарам!

Опции за гледање на коментари


сликата на ГоранОдЧаир
пинк тв - од ГоранОдЧаир на 31 мај, 2006 - 15:10

контактирај со пинк тв, таму има една емисија се вика „Све за љубав“, они 100 % го наоѓаат. Кога можеа мајки, татковци, сестри и браќа кои не се виделе по 50тина години да ги најдат, за колекционероф не се ни сомневам [намигнува]

А зошто не - од PetarK на 2 јуни, 2006 - 20:08

А зошто не отиде некој до вас до Охрид за викенд, и оп, од село до село да прашува за Хрват рибар со многу плочи? И да не го најдете, пак ќе доживеете многу интересни случки. Ако ништо друго ќе ги запознаете Хрватите од Охрид.

сликата на john.smith
@Чаирски шмекер - од john.smith на 2 јуни, 2006 - 22:18

@Чаирски шмекер - и на хрватски РТЛ има слична емисија, се вика “Вјеруј у љубав“. Неверојатно е колку Хрватите имааат потреба да си ги кажат љубовните маки пред цела нација, Џери Спрингер во однос на оваа емисија е мало дете [се смее]

@Петарк - изгледа само тоа и ми преостанува, иако чудно звучи патување од Загреб до Охрид, барајќи човек кому ни името не му го знам.

Замолив пријател од Охрид да се распраша кај рибарите дали чуле за таков човек и одговорот беше дека наводно го познаваат, го викале Капетанот, а моментално е во психијатриската болница во Демир Хисар поради обид за убиство и алкохолизам. Проблемот е што не се сигурни дали е Хрват. Ако навистина се работи за истиот човек, тој заслужува да се сними филм само за него. А јас си мислев во Охрид сите се познаваат...

сликата на Julls
Биди малку - од Julls на 2 јуни, 2006 - 23:03

Биди малку стрплив, мислам дека до понеделник ќе ја дознаам информацијата...ако може да се почека, се разбира.

Хрватот од Охрид - од PetarK на 4 август, 2006 - 17:03

Што бидна со приказнава?

сликата на john.smith
Ништо - од john.smith на 5 август, 2006 - 09:32

Бев во Охрид на 3 дена, за жал не го најдов. Најблиску до описот беше Шпиро Нижетиќ, пензиониран капетан родум од Сплит, работел во морнарицата на ЈНА во Охрид и останал таму. Не е колекционер, нема ништо друго заедничко со човекот кој го барав.

Значи ни фали 1 филмски лик од МКД, условот е да е Хрват/ка или со хрватско потекло и да има интересна животна приказна, професија или хоби. Возраста не е битна, битно е да сака да се појави во документарен филм и да помине најмалку 2 дена со филмска екипа.

Ако се препознавте во описот или пак познавате таков човек, молам јавете ми на пм.

За спореба, некои од ликовите се: 14-годишно дете од мајка Хрватка и татко Македонец - ученик и манга цртач, 24-годишен полу Хрват - студент и trance Dj, 50 годишен музичар - македонски Турчин во Загреб, 33 годишна Македонка во Загреб - сликарка и следбеник на Комаја...

Уште едно прашање, музиката во филмот ке се врти околу една тема од Џансевер, која ке биде снимена во неколку аранжмани. За оние кои не знаат Џансевер е Ромка од Македонија, по моја процена денес би имала 50-тина години, има карактеристичен алт, направила завидна кариера во Турција, каде и емигрирала, наводно поради хомосексуални склоности. Во Шутка најдов неколку VCD-a со нејзини настапи во живо, изгледа како маж, носи исклучиво одела и секогаш се придржува на бастун. Прашањето е: дали е жива?