Филмовите, телевизијата и криминалот или television - the drug of the nation!

Пред некој ден го дознав ова и морав да го постирам. Претпоставувам дека сте слушнале за филмот Super Size Me, кај нас преведен Како се здебелив, кој пред извесно време цела недела беше најавуван на Телма. За жал, во најавениот термин филмот не се емитуваше, без никакво извинување или објаснување од телевизијата, а знаете ли зошто?

Свето Јаневски, познат бизнисмен-криминалец, сопственик на најголемиот синџир за перење пари во државава, се јавил кај директорот на телевизијата Ристо Лазаров и му сугерирал филмот да не се емитува на неговата телевизија. Телма, која ги има откупено правата за емитување на овој филм, но од пред половина година е дел од пералната на Свето ја прифатила сугестијата, па на македонските гледачи им беше ускратена можноста да го видат филмот кој освои огромен број награди, а кој зборува за штетното влијание на брзата храна на човечкиот организам. На директен удар на филмот е McDonalds, компанија која во Македонија ја застапува СЈ Компани, една од многуте фирми на споменатиот криминалец.

До каде ли се подготвени да одат? Зарем толку им е страв од еден филм? И онака во Македонија никој не е луд да јаде во Мекдоналдс.

Мене ме чуди што никој не реагира на ваквите појави. Можеби ова е банално, но е само дел од другите работи што ги прават „бизнисмените“ во Македонија. Не ми е јасно, како може власта да не знае некои работи што ги знае целиот народ и што се објавуваат во медиумите. Зарем немаат обврска да реагираат по службена должност? Зарем немаше да ги апсат „фараоните од даночната пирамида“ или да ги сечат „пипците од октоподот“? Зарем само власта не знае дека синџирот Пивара - Инвест Банка - Идеа Плус - Продукција Плус - Тиквеш - Авалон Продукција - Вечер - Сити Радио - Мекдоналдс - Телевизија Телма - Канал 5 - Клуб ФМ - Имиџ ПР (простете ако испуштив неколку десетици фирми) е организиран со една единствена цел, а тоа богатење на поединци преку затајување на данок. Тоа во нормалните држави се казнуваше, нели? Во држави како нашава криминалците од калибарот на СЈ имаат советнички места во Владата.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Chima

Од што се плаши ?

Јас не знам од што се плаши Свето кога сигурно ни 1% од македонците не јадат во McDonalds , имаме ние свои fastfood-и за екстра дебелеење како на пример 7-ца , ни McDonalds не им е рамен :)

Слика на Lans

од кај знаеш...

дека и 7ца не е на свето пивара?
може само навидум иаме "избор"?!?!?!
ако не купиш од ваму ке купиш од таму,парите пак идат кај исти човек:D

Слика на NikDdik

се е

на свето. и 7мица и ти и ја. сите не има. става магија у пивото и така не контролира.
бтњ, 7мица е на столе попов. и тетовирање е на столе попов. бифор д рејн не е на столе попов. на свето е. :)

Слика на Zelka

вечер не им е

вечер не им е перална(повеќе), ама затоа македонија денес...
можеби тоа со мекдоналдс не држи многу вода, ама имам работено за таква перална фирма и го знам муабетот.
многу брзо искочија од вестите затајувачите на данок. штета што бабура само 2 дена у притвор има поминато. мислев ќе го ебат во идризово.

Слика на Ladykiller

немора да иде у

немора да иде у идризово да го ебат :) у идризово може да го силуваат, а за ебење верувам дека и вака општо...не му е стран тој феномен. Иначе кој нормален би стенкал „DJ Бабураааааааа!“ - по етерот ни жалосен???

Слика на Tripnotic

Вратар

Кој фактор е па Диџеј Пиперка?!? Само бил доволно глупав за да го стават на местото директор во радиото, па тој да биде потписник на сите договори. Ако се вратиме на муабетот за даночните пирамиди, Пиперка ќе испадне нешто како вратар во пирамидата.

Фараоните се тие што би требало да се апсат.

Слика на кучевина.млаз

свето..

чекај сега..

негова телевизија, „негов“ мекдоналдс..

ќе си прави што сака..

бар овдека нема што да се приговара де. грд капитализам, тоа е. и нема врска со перење пари. (а перењето пари си постои, не дека не)

Слика на Tripnotic

O: свето..

кучевина.млаз wrote:
чекај сега..

негова телевизија, „негов“ мекдоналдс..
ќе си прави што сака..

Да не ги мешаме работите, ОК? Телма е телевизија на Макпетрол.

Слика на гоце

А Телма често

А Телма често врти реклами од пивара...

Слика на Zelka

корекција,

корекција, телма НАЈВЕЌЕ врти реклами на пивара!
рандом информација, управата за перење пари која постои 2 ипол години (ако сум грешка поправете), нема ниту еден фатен случај - перачи на пари. можда ако некој дур отишол на драј клининг и заборавил 10 денарка у палто...

Слика на NikDdik

така е.

така е. редакцијата на телма е крива шо без да го праша свето го најавувала филмот. :)

Слика на Robomarket

Џабе испаничил

Џабе испаничил дотичниот бидејки кај македончето не се лаже со малечките сендвичиња од МекДома. Поимот “брза храна“ кај нас целосно губи смисол бидејки никој не се брза да стигне на работа и на никого денот не му зависи од МекДоналдс. Во Америка Drive Through линиите се секогаш полни од луѓе кои мораат да “к`снат“ нешто на брзинка и од онакви кои го виделе огромниот златен знам “М“ и се присетиле дека се гладни.

Слика на Obi

мммм

Го гледав документарецот тука пред 2-3 месеци.
Малку е екстремен во поглед на тоа што фраерот е на мисија цел месец да јаде само МКД за поручек, ручек и вечера. Е сега, не викам дека такви идиоти во Америка нема, ама ако си ненормален и ако сакаш да се запушиш со холестерол пред да наполниш 40 години јади процесирана храна.
Факт е дека во Македонија (барем во Охрид) сите порции по сендвичариве се порастени бајаги во последниве 7-8 години. Сега порачуваш тост или ход дог и ти даваат 5000 калории спакувани во тост 5 луѓе да го јадат.
А и нашава домашна кујна е тотално базирана на шеќери. Без леб не може да се замисли јадење, компири, оризи, помфрити со све.
Како што луѓево стануваат посвесни и овие работи полека ќе се менуваат. Далеку сме од времето кога ќе тркневме во Жито леб и имавме избор од неколку паштети, сардини, гулаш, месо и леб :).
Има сега секаква храна, само треба да си паметен и да не се третираш себе си како канта за ѓубре. :)

За Свето нема шо да коментирам. Тој си го штити својот интерес а не вашето здравје. Ме изненадува што не успеал во своето лобирање да го спречи емитувањето на документарецот.
Филмот сепак не кажува нешто ново што било кој свесен човек не го знае за фаст фуд ланците во сад и светот генерално.

Агрегирање содржина