Пред некој ден го дознав ова и морав да го постирам. Претпоставувам дека сте слушнале за филмот Super Size Me, кај нас преведен Како се здебелив, кој пред извесно време цела недела беше најавуван на Телма. За жал, во најавениот термин филмот не се емитуваше, без никакво извинување или објаснување од телевизијата, а знаете ли зошто?
Свето Јаневски, познат бизнисмен-криминалец, сопственик на најголемиот синџир за перење пари во државава, се јавил кај директорот на телевизијата Ристо Лазаров и му сугерирал филмот да не се емитува на неговата телевизија. Телма, која ги има откупено правата за емитување на овој филм, но од пред половина година е дел од пералната на Свето ја прифатила сугестијата, па на македонските гледачи им беше ускратена можноста да го видат филмот кој освои огромен број награди, а кој зборува за штетното влијание на брзата храна на човечкиот организам. На директен удар на филмот е McDonalds, компанија која во Македонија ја застапува СЈ Компани, една од многуте фирми на споменатиот криминалец.
До каде ли се подготвени да одат? Зарем толку им е страв од еден филм? И онака во Македонија никој не е луд да јаде во Мекдоналдс.
Мене ме чуди што никој не реагира на ваквите појави. Можеби ова е банално, но е само дел од другите работи што ги прават „бизнисмените“ во Македонија. Не ми е јасно, како може власта да не знае некои работи што ги знае целиот народ и што се објавуваат во медиумите. Зарем немаат обврска да реагираат по службена должност? Зарем немаше да ги апсат „фараоните од даночната пирамида“ или да ги сечат „пипците од октоподот“? Зарем само власта не знае дека синџирот Пивара - Инвест Банка - Идеа Плус - Продукција Плус - Тиквеш - Авалон Продукција - Вечер - Сити Радио - Мекдоналдс - Телевизија Телма - Канал 5 - Клуб ФМ - Имиџ ПР (простете ако испуштив неколку десетици фирми) е организиран со една единствена цел, а тоа богатење на поединци преку затајување на данок. Тоа во нормалните држави се казнуваше, нели? Во држави како нашава криминалците од калибарот на СЈ имаат советнички места во Владата.
Последни коментари