Хименопластика

За хименопластика само сум слушал чаршиски муабети и никогаш не бев сигурен колку има вистина во тоа. Не ми ни текнало да побарам и прочитам нешто за постапката. Но, една вест на Време ми го даде одговорот на прашањето, без да го барам... Изгубениот химен може да се закрпи и повторно да зарасне. Тоа и го правеле некои приватни гинеколошки клиники во Македонија, но на црно.

Цитат:
Операцијата за обновување на хименот спаѓа во пластичната хирургија. Хименопластиката се вбројува во полесни операции, се изведува со локална анестезија и трае од триесет до шеесет минути.
.
- Со првиот сексуален контакт доаѓа до пукање на хименот на повеќе делови. Остатоците од хименот остануваат од страните, во внатрешноста на вагината. Парченцата се составуваат, се шијат со посебен конец од животинско потекло, кој во организмот се распаѓа. Со овој зафат се добива нов химен - објаснува лекар од една приватна гинеколошка ординација, која нелегално се занимава со хименопластика.
.
{Време: Повторно невина за 400 евра}

Додека кај повеќето од Македонците е речиси сосем изгубена традицијата за очекување/барање невиност до брак, кај некои малцинства, особено таму каде се практикува исламската религија, оваа традиција е силно изразена. Но, сепак не сакам да влегувам во генерализација, бидејќи секој случај е посебен.

Хименот е социјален и културен мит, кој доаѓа од длабоко вкоренетите сфаќања и стереотипи за улогата на жената во половиот однос со мажот. Од друга страна, постоењето на хименот не мора да биде никаква гаранција за „чесноста“ на жената, бидејќи на пример постојат неколку видови химени според формата, понатаму химените можат да имаат различна дебелина и еластичност, хименот може да се отстрани или, како во примерот погоре, да се сошие (хименот се губи сосем дури со првото вагинално породување). Дури има и случаи женски бебиња да се родат без химен. Како и да е, целата работа е комплетна бесмислица којa има долги историски корени и се темели главно на неинформираност.

Патем, „Химен“ е другото име на Хименаиос, бог од старогрчката митологија. Тој бил бог на свадбените церемонии, гозбите и свадбените химни. Хименаиос требало да присуствува на секоја свадба, а ако некогаш не дојдел, се сметало дека бракот катастрофално ќе заврши, па во тој случај Грците трчале наоколу извикувајќи го неговото име.

И покрај оваа преплетеност на значењата, лексикографите сметаат дека повеќе се работи за звучна коинциденција, отколку за етимолошка сродност.

Зборот „девица“ (virgo) кај старите народи имал поинакво значење, најчесто поврзано со комплетност, или самостојност и независност. Го носела девицата ловец Дијана, која по нејзин избор била сама, не била поседувана од маж бидејќи таа така сакала. Значајна промена на значењето на зборот се случува околу XIII век, кога тој добива сексуално и моралистичко значење. Во тоа време, зборот имплицирал дека ако невестата остане девица до брак, тоа ќе гарантира дека честа на нејзиното семејство ќе се пренесе од таткото на сопругот, како да се работи за објект кој се поседува и кој има материјална вредност. Всушност, материјалната вредност била и забележлива, бидејќи невините невести постигнувале повисока цена.

За среќа, овие понижувачки традиции се повеќе се губат во светот. Кај некои култури се сосем изгубени, а најмногу наоѓаат цврсто тло во региони каде нивото на образование и економска состојба се многу лоши, или во држави каде религијата цврсто го контролира населението преку фундаментализам и фанатизам.

--
Од: Panta Rei.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на toomuchisnotenough

за сунетисаните

има слична процедура: реставарација на препуциум.

овде во америка најчесто ги сунетисуваат бебињата на раѓање, без разлика на верската припадност. у последно време нешто се праи муабет као тоа не чинело, па некои си плаќаат да им ја вратат ролката.

мислам, стварно: да не ни требало кожичка, ќе сме немале. од друга страна пак, шо кур ќе ни е слепо црево?

Слика на Der_Beste

Еден мал шев

Еден мал шев: Како модерни муслимански жени стануваат повторно способни за венчавка

(од Die Zeit: http://zeus.zeit.de/text/1997/35/naht.txt.19970822.xml)

Лин - да ја наречеме Лин - има дваесет и неколку години, од сириско потекло, порасната е во Германија. Работи во едно биро и живее со нејзиното момче во заеднички стан. Секако таа и спие со него.

По еден зафат кој што Лин ќе го дозволи и кој што не трае повеќе од 10 минути, таа е повторно девица. Веќе седи во авион во правец Турција, каде што ќе се омажи за еден непознат маж, еден кој сигурно многу пари платил на нејзината фамилија. Лин ќе се качи во свадбениот кревет како „девица“. Потоа согласно со договорот на својот маж ќе му ги отвори портите од рајот Германија.

Случајот на Лин е еден од многу. Сабине Милер, лекарка за жени во слободниот центар за планирање на фамилијата Баланс во Источен Берлин, познава десетина такви судбини на млади Турчинки и Африканки. Речиси секоја недела се јавуваат муслимански жени за да прашаат за хименореконструкција, се разбира анонимно. Повеќето се наоѓаат пред венчавка - наредена венчавка.

Во јавноста не се разговара на оваа тема. Жените како и лекарите молчат. Еден гинеколог од Хамбург, кој што не сака да биде именуван, ја смета оваа операција за проблематична, но сепак ја изведува од „разбирање за ситуацијата на овие жени“.

Да ја наречеме Аспурс. Таа има 16 години и оди во 9. одделение. Нејзините родители доаѓаат од Либан. Веќе половина година таа има момче, и тој е муслиман. Со него се сретнува тајно, тајно дојде и до првиот пат. Тој постојано ја притискал, еден ден навистина препаднал. „Не, тоа не беше силување во таа смисла“, вели таа.

Таткото на Аспурс ќе патува наскоро во Турција, за таму да одбере еден маж за неа. Родителите на Аспурс не земаат во предвид дека таа сеуште оди во училиште. Тие воопшто не прашуваат. Нејзините родители сметаат дека таа ќе се омажи во Турција како девица.

Операцијата по себе е еден мал зафат. Со еден фин конец, кој подоцна сам се распаѓа, ќе бидат сошиени рабовите на хименот. Во советувалиштето Баланс овој зафат чини 50 марки, цитираниот гинеколог од Хамбург бара 200 марки, други двојно или тројно повеќе.

Зафатот, во тоа лекарите се единствени, не е за застапување - како од феминистички уште помалку од морални причини. Оттаму прва цела на советувањето е жената да се убеди дека секоја личност, па и самата таа, има право на самоопределна сексуалност. Наспроти тоа стои митот на девичанството - сеуште една од најзначајните индиции за ограничувањето на личната слобода на жената.

По правило се обидуваа лекарите и советителите да ги оттргнат жените од овој зафат, нудат исто така други, навидум побезопасни методи. Менструацијата може со помош на еден хормон да се помести точно на свадбената ноќ. Сабине Милер понекогаш непосредно пред свадбата им става на жените сунѓерче натопено со крв. „Или им давам една ампула со крв и им покажувам како треба да ги приклештат нозете“.

Една тажна игра, присилена од застарени морални сфаќања на многу луѓе кои живеат овде во егзил, на кои невиноста на ќерката за честа на фамилијата стои. Ако на свадбената ноќ се испостави дека жената е допрена, фамилијата на младоженецот ја враќа назад.

Во прашањето на сексуалноста особено крајно се покажува конфликтот во кој што живеат младите муслимани овде. Тие сакаат слобода, сексуалност и автономија како и нивните германски пријатели, а сепак не можат да се ослободат од моралот на нивната култура. Сабине Милер има „особено многу“ жени со аноргазмија во нејзините термини за разговор. „Недостаток на либидо е често застапена појава кај жените,“ вели таа. Овие жени изгледаат модерно, но нивниот традиционален кодекс на вредности колидира со оној на западот.

За Аспурс се подразбира дека една жена мора недопрена да влезе во брак. И сепак го бара правото својата сексуалност да ја изживее. Како оди тоа заедно? „На една жена, која не е повеќе девица, треба да и се даде втора шанса.“ Втора шанса - тоа за неа е хименореконструкција.

Аспурс ќе се оперира, тоа стои без сомнение. Нејзиното момче е дојдено со неа на советувањето, и тој е за зафатот, за да не и се случи нешто, како што вели. За што зборува тој? Ниту тој не може да каже. Аспурс со задоволство би се омажила за него. Таа е речиси сигурна дека и нејзините родители би го прифатиле. Сепак дваесетгодишниот не сака. Тој вели: „Една жена, која што не е повеќе девица, не би оженил никогаш.“

Слика на zejtin

Дупли шав

Кога сме кај суданките - во пубертет се прави мал зафат на влезот од вагината, најселски со игла и конец. Што е сигурно, сигурно е. Конецот го вади свекрвата, пред првата брачна ноќ. Не треба многу познавање од медицина да се замисли какви инфекции добиваат девојките од заостанати парчиња менструална засирена крв. Најверојатно тоа е еден од начините да се мотивираат што поскро да се омажат и ратисаат од поработ.
Не знам што да кажам за хименопластиката. Од една страна, навистина е спас за многу несреќнички кои сосе семејствата, би биле отфрлени и обележени. Од друга страна, сепак е поддржување и одобрување на оваа кретенска традиција на зацелување на вечната машката несигурност - дали сум најдобар ебач.
А целата одговорност е во рацете на жените - како невестички, како мајки и како свекрви, треба да стават еднаш крај.

Слика на itra

Ја мислам

Ја мислам свекрвите нема да сакаат да им дојде 'распуштена' снаа ако они самите биле невини кога се омажиле. Тоа си иде како традиција и ќе си ги учат синовите да само невина снаа е добра жена.
Тоа што има уште мажи што ќе се сексат со се и сешто а после излажат дете е глупа работа. Секој знае дека добар секс ТРЕБА у добар брак а како е можно да двајца знаат дека ќе можат да се задоволат еден-друг ако не се веќе пробале. Ајде швалерација после.
Како и други, ја оправдувам хименопластиката. Ако има начин да се има best of both worlds зашто не? Барањето невина ќе си остане у мода на некои места ама барем сега се има шанса за камуфлажа.
Ако тоа е стварно за сиротките душички што им ги шиле, тоа е најголема срамота и одземање на човекови права.
Хименопластика поддржувам, со тоа големите ебачи мажишта што сакат невина на крај се тие што ги заебат.

Слика на GoodBytes

Лажги

Но која е поентата тука, ако останува лагата и, што е уште полошо, идиотската „традиција“? И каков е тој брак во чии темели има лаги, дали има смисол да се обврзеш да живееш со некого и да растеш семејство, ако не можеш да бидеш искрен ни пред себеси, ни пред другите? Како може еден човек да си го темели животот врз мислењето на другите луѓе?

Хименопластиката е со право нелегална. Проблемот е во главите на луѓето, не е во невиноста или „доказот“ за невиност. Има култури во кои се уништуваат цели животи на луѓе и семејства заради овие глупости. ТОА мора да запре.

Слика на toomuchisnotenough

GoodBytes

GoodBytes wrote:
Хименопластиката е со право нелегална. Проблемот е во главите на луѓето, не е во невиноста или „доказот“ за невиност. Има култури во кои се уништуваат цели животи на луѓе и семејства заради овие глупости. ТОА мора да запре.

да бе, али додека не се запре, зш да е нелегална хп? зш да не му напраат ќеиф на некого како азис? ако а сељак, ако му е важно, ете му љумфер, нека кине! а ако девојчето стварно го бива, од сексот пред брак може само да знае боље да му напраи ќеиф.

Слика на GoodBytes

Легализирај, поништи

Ха, ха, а и тоа што викаш, можеби спротивниот пристап најмногу ќе помогне? Ако хименопластиката се легализира и почне да се користи масовно, можеби ќе се изгуби и целата смисла за барање цели кожички?

Слика на itra

Лажги

Идиотската традиција у која и да е мера ќе си остане. Ти у брак што е склучен ради невиност ли најде да бараш темели?
Кога веќе невестата е понижена до ниво на животно со -мамо оди види дали е невина- оти е исто со - тато види овај коњ има ли убави заби- зашто да не ги лаже и направе мајмуни од нив.
А какви понижувања има за младите невести што не крвариле. На мене ми баба имаше кажувано дека ако не е била невина, наредниот ден по свадбата ја качувале на магаре обратно и и ја ставале магарешката опашка у уста па ја шетале по цело село. Магариња едни!

Слика на GoodBytes

O: Лажги

itra wrote:
Кога веќе невестата е понижена до ниво на животно со -мамо оди види дали е невина- оти е исто со - тато види овај коњ има ли убави заби- зашто да не ги лаже и направе мајмуни од нив.

Не ја сфаќаш поентата сепак... Ти ја вртиш тезата во домен на расправија околу доминација или дискриминација на половите еден врз друг. Невестата треба да си стои на принципите и да не дозволува да ја „проценуваат“. Не и таа да учествува во тоа. Кој е резонот да влезеш во брак со некој кој така размислува за тебе? Каков е тој брак после со таков човек?

Традицијата нема да остане, а доказ за тоа е што во многу средини е сосем изгубена. Кажи им ја тезата дека треба да се чуваат невини до брак на било која од моите пријателки, па да видиш како ќе ти се изнасмеат во фаца. Дури и не можам да се присетам дали некоја девојка било кога во мојот живот ми рекла дека ќе се чува невина за брак.

Исто така, неодамна читав за една друга крајност: браковите во Јапонија се толку ретки (а знаеме колку „традиционална земја“ е Јапонија), што нивната влада отворила министерство или некое посебно владино тело кое ќе ја поттикнува младата Јапонка да влегува во брак. Јапонките се' повеќе решаваат да живеат сами, или да одгледуваат деца без брак и редовен партнер. Не го оправдувам ова (тоа си е индивидуално право), туку го напишав за да илустрирам дека традицијата се менува. Впрочем, составен дел од традицијата е нејзиното менување, прашај ги на пример етнолозите.

Агрегирање содржина