4 декември, 2008 - 05:01
[веб кирилица]

03.05.06 - TOOL NIGHT @ BONI

од Clutch на 2 мај 2006 - 20:13

Оваа среда, во чест на излегувањето на нивниот четврт студиски албум 10.000 Days, во Бони ќе се одржи вечер посветена на прогресив-рок составот Tool. Американскиот квартет, од многумина дефиниран како Led Zeppelin на својата генерација, претставува еден од најинтригантните бендови на светската рок-сцена во изминативе 15 години.

Членови на групата се Мејнард Џејмс Кинан (вокали), Адам Џонс (гитара), Џастин Ченселор (бас) и Дени Кери (тапани). Досега биле на турнеја со еден куп стилски различни артисти како шведските полиритмички херои Meshuggah или британскиот трип-хоп лудак Tricky.

Вечерта ќе биде презентиран дел од нивниот материјал поместен на албумите Undertow, Aenima, Lateralus и секако, последното остварување кое официјално се појави на 2 мај.
Дел од програмата ќе бидат и сајд-проектите како A Perfect Circle и Puscifer, но и групи со сличен сензибилитет на четворката од Лос Анџелес. Значи, ќе можете да чуете Nine Inch Nails, Deftones, Porcupine Tree, Queens of the Stone Age, Soundgarden и тако даље.

Ако ви се допаѓа идејата, можете да дојдете од 21.30 натаму.