Дали Багра е мртва?

Све помалку нови теми, пишувања, членови ...
Членови има ама изглеа не се вртат веќе толку често како порано.
Ме интересираше дали сте го приметиле истово?

 

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на KenobiBen

Се дешава, ама

Се дешава, ама далеку е од мртва. Да Живее Багра !!!

Слика на miopa

Хибернација

Привремена хибернација, ќе се врати :)

Слика на дамјан

Да бе после

Да бе после зимата, кога сакале несакале сите седеа по дома и интернетот им беше единствена занимација... сега дојде пролет сите си имаат поинтересна занимација, шетање, мување, шлањењ итн..

Дури, би рекол, позитивно е што нема никој на баграва.

Слика на Robomarket

На луѓето не им

На луѓето не им се пишува. Да ги ебам.

Слика на BugS

Ја свртевме.

Ја свртевме. Нема веќе нивоа за поминување.
:-D

Слика на green

блогерај..

Море пишуваат луѓето, ама на блогерај...

Слика на MarfiKalimero

Ако се обидам да ја

размрдам пак ќе ме банираат, јанезнам зошто.

За малку ќе заборавев :)

Слика на spaceman

Се што имам да

Се што имам да напишам на багра е „Опасна багра, без богови, без господари - ама јас се што пишувам на +2 иде, тра-ла-ла-ла-ла“.

А ионака не ми се допаѓа изборот на модератори.

Пријатно.

Слика на leki81

Не ми се верува

Не ми се верува дека е мртва, преоден период затишје пред бура :) А да факт е дека 90% од текстовите глава ме боли кога ке ги прочитам од општи филозофии, неразбрани, заклучени и благо депримирани луѓе. Што знам можеби е и одлика на моменталниот македонски менталитет. Се е во затишје, се е кажано ај сега да си ќутиме и да се гледаме..

Слика на ГоранОдЧаир

јок бре

приклучена е на апарати... ;)

јоој ова беше морничаво ;)

Слика на Tumanot

Поздрав со едно

Поздрав со едно селско песниче од нашите ЈУ простори "Стара багра"

Слика на ГоранОдЧаир

Стара багра...

Tumanot wrote:
Поздрав со едно селско песниче од нашите ЈУ простори "Стара багра"

...нова будала ;)

Слика на Diddy

конкуренција

блоговите им ебаа мама на баграта. нема колективизам, секој сака сам да си го мери (или сама да си ги мери у зависност од родот)

Слика на ГоранОдЧаир

2 пати мери еднаш... кажи ;)

Diddy wrote:
блоговите им ебаа мама на баграта. нема колективизам, секој сака сам да си го мери (или сама да си ги мери у зависност од родот)

ама ако секој си го мери сам, како ќе знае дека му е најголем ..и џабе и да му е ако нема (на баграшки)да се пофали ;)

Агрегирање содржина