Се враќам во својот кревет и легнувам и го затворам очите и финалноста на зборвите на Др.Бекер почнуваат да се впиват во мене и зборовите го разбиструваат мојот ум и ги убиваат сите пориви и го забавуваат срцето. Ја добив мојата казна. Неколку денови на редовно дрогирање и алкохол ќе ме убијат. Ќе умрам, ќе ме нема, ќе станам ништо. Ќе престанам да постојам на било кој начин, облик и форма. Ќе се запознаам со вечното црнило.
Некако од секогаш знаев дека вака ќе завршам. Некако отескогаш знаев дека ќе умрам од дрога и од алкохол. Го знаев тоа секогаш кога ќе се напиев пијачка, го знаев тоа секогаш кога ќе исшмркав линија, го знаев тоа секогаш кога влечев од цевката (crack з.н.а) или дишев од тубата или ќе лапнев табла. Не е ничија кривица, само моја. Го знаев ова секој пат. Никогаш неможев да престанам.
Можам да си го замислам некрологот. Вистината на моето постоење ќе биде тргната и ќе биде заменета со имагинарното добро. Вистината за тоа како јас живеев ќе биде одбегната и сменета и фрази ќе бидат налевани како "Сакан Син, Мил Брат, Поверлив Пријател, Вреден Студент". Луѓето ќе го сменат мислењето за мене, од Комлетен ФакАп во безпомошен Патеник, од опасна Будала во жалосна Жртва, од зависен Шупак во несреќно Дете. Ќе зборуваат "O Господи каква загуба. Толку многу работи се случува во негова корист, што ли се случи". И се би било ебано неточно. Јас знам Јас кој сум и знам што Јас сум направили и знам зошто умирам. Сум се соочил со реалноста и реалноста е многу едноставна. Јас сум Алкохоличар и Јас сум Зависник од дроги и Јас сум Криминалец. Тоа сум јас и таков треба да ме запамтат. Без среќни лаги, без измислени сеќавања, без лажни сентименталности, без солзи. Не заслужувам солзи. Заслужувам вистинито да бидам прикажан и не заслужувам ништо поверќе и почнувам да го запушувам во својата глава мојот искрен некролог. Го пишувам некрологот како што би требал да биде, но никогаш нема ваков да се појави. Ќе почнам од почеток и ќе се држам до фактите и ќе се движам кон крајот што ми доаѓа.
Џејмс Фреј. Роден во Кливленд, Охајо.Септември 12, 1969. Почнал да краде голтки од алкохолни пијачки на 7 години. Се начукал првпат на 10. Прв пат повраќал од алкохол на 10. Пушел трава на 12. Веќе во 13-та пушел и пиел редовно. Се онесвестил за прв пат на 14. На 15 е апсен три пати. За возење без возачка дозвола, за вандализам и уништување на имот, за јавна интоксикација и поседување на алкохол како малолетник. Одлежал една ноќ во затвор. На 15 пробал Кокаин, есид и кристал мет за прв пат. Апсен е уште тру пати на 16. Почнал да пие и да се дрогира пред оди у школо. Почнал да продава алкохол и дрога на другите ученици. Се онесвестувал и повраќал редовно. Три апсења повторно на 17. Ја добил првата каѕна ѕа воѕење "под дејство на опојни средства". Blew a 36 and set a Country Record (Чомбе помагај со ова, појма нема ша је!
. Бил во затвор цела недела. Пиел и се дрогирал секој ден. На школо, дома, секаде. Повраќал и се онесвестувал неколку пати во неделата. Прв пат пробал да се откаже. Искусил Делириум Тременс. Пиел за да му помине. Две апсења на 18. Прво предозирање, прво алкохолно труење. Пробал да се откаже пак. Тоа траело два дена. Повраќал крв за прв пат, и прв пат имал крварење на носот од шмркање кокаин. 19. Се онесвестува 5 пати неделно, повраќал пет пати неделно. Се измочал во кревет за прв пат. Се тресе видно кога не бил пиел...Се разбудил за прв пат без да знае каде е и како стигнал таму. 20. Се онесветувал седум пати неделно. Повраќал неколку пати на ден, седум дена во неделата. Пушел кокаин за прв пат, пушел метамфетамин за прв пат, пушел ПЦП за прв пат. 21. Три апсења, напад со смртоносно оружје, напад на полицаец, возење по дејство на опјни средства, давање отпор при апсење, пробал да започане побуна, поседување на наркотици со намера да се дистрибуираат... Skipped bail on everything (
. Пушел крек за прв пат, потоа тоа го правел редовно. Конзумирал се и сешто, кога можел каде можел. Едно предозирање, три алкохолни труења. 22. Зголемена злоупотреба на алкохол. Зголемена уоптреба на крек. Константно му беше лошо. Повраќаше и сереше крв дневно. Пробал да се откаже 4 пати. Никогаш не траело повеќе од 12 саати. 23. Забрзан пораст на употреба на дога и алкохол, следбено нарушување на здравјето. Две предозирања, константно алкохолно труење. Ретко знаеше каде е и како се нашол таму. Пробал да се откаже два пати, траело се заедно 6 саати. Паднал низ пожани скали и си го унаказил лицето. Примен е во клиника за одвикнување. Заминал од клиниката. Умрел два дена потоа. Фатални дози на алкохол и кокаин најдени во крвта. Прилина за смрта: случајна предозираност. Би требало да биде: самоубиство. Намерно самоубоство. Никој не го "преживеал": Неговата фамилија се откажала од него, ито така и пријателите.
Во мојот ум, мојот некролог е ѕавршен.
----------------------------------------------------
Ова е дел од книгата на Џејмс Фреј. Самата книга има графички описи на сите можни чуства и пориви и маки што ги преживува еден човек како него, т.е како се опишува самиот себе погоре во текстот.
Отпрвин книгата стана хит и се продаде во милионски тиражи , се додека не го раскринкаа и се дозна дека многу од ситуациите и луѓето во книгата не постоеле и дека на многупати се користел со лаги и со преувеличување на вистината ако како таква постоела.
Моја препорака е да ја прочитате, вистина или не, сепак е доста моќна како литераурен израз и сурова во секој поглед.
Линкичи:
http://www.thesmokinggun.com/archive/0104061jamesfrey1.html
http://www.bigjimindustries.com/
http://www.randomhouse.com/boldtype/0403/frey/ <---тука може и да го слушнете како самиот ја чита.
Толку. Се извинувам за лошиот превод, ама цура со добиено, толку ја бива ![[намигнува] [намигнува]](/misc/smileys/wink.gif)
Последни коментари