Животот е шах
Испратено од spaceman на 16 април, 2006 - 20:18
Некој ќе рече животот е шах. Добро, ок, нека е шах, добар сум во шах што значи ќе се снаоѓам некако. Работата е што шахисти има многу, ок, не е проблем можам јас да играм и на повеќе табли, но малку е тешко кога противниците ги кршат правилата и влечат по неколку потези наместо по еден, како што, нели, се игра шах според сите пишани и непишани правила. Епа господа, ниту еден Каспаров не би можел да победи во таква ситуација, но затоа победувал (скоро) секогаш кога се играло според шаховските правила.
И после животот бил шах.
Глупости!
»
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 2429 читања

грешка си
животот не е шах, туку табланет; некој збира, а некој не збира, ама затоа џандар увек собира ( у станица ) :lud:
животот е
животот е рандом тетка, некад добра некад подобра...
Колку?
Колку постови и теми стааш на Багра на ДЕН?
Зависи од тоа
Зависи од тоа колку сум спамерски расположен.
Ех да има
Ех да има правила, добро е. Ќе се чувствуваме хармонично. Ама се ми се чини дека некои сакаат хаос, необјективна средина, со цел да се чувствуваме превртени за 180 степени.
Луѓето не
Луѓето не сакаат шах затоа што се слаби шахисти.
Секоја чест на исклучоците.
конечно си го
конечно си го погоди соговорникот!
да бе, ја се
да бе, ја се матирав во петокот.