4 декември, 2008 - 07:14
[веб кирилица]

Бисери

од ogie на 13 апр 2006 - 04:12

... овековечување бисери од чкрабанициве што ги читаме по Багра [се смее]

Колку слатко сум се смеел [се гази од смеење]

Цитат:

Jonycus, еве и оваа девојка ти ја препуштам на тебе. Од што е толку љубоморен на девојкава и за да ја одбрани дека само нему му припаѓа девојкава, ќе поче да ламоти за мене дека не смејам да ја погледнам девојкава.
На, еве ти ја девојкава Jonycus, само мене да ми ја оставиш онаа другана девојка. Така да за секого има девојки, немој сега да бидеш расист и само за тебе да бидат сите девојки, ама највеќе изгледа ја сакаш оваа девојка, посебно кога ги гледаш зад грб.

http://bagra.org/node/4719#comment-64822 од dragan733

Проширете ја темава со други бисерчиња, може да служи како виртуелен графити ѕид на Багра =)

Опции за гледање на коментари


Ова нема врска - од spaceman на 13 април, 2006 - 22:30

Ова нема врска со темава, ама знам дека пред извесно време имаше предлог за „Стална колекција“ и таа би требало да содржи се што вреди на Багра.

Мој предлог е „За сите скептици“ од Карл Саган.

Морам да го - од spaceman на 14 април, 2006 - 00:51

Морам да го спомнам бисерот на http://mislam.blog.com.mk (колку мисли само?!)

Објаснува дечкото основи на интернетот (дека може да се наоѓаат и разменуваат податоци) и тоа го прави на интернет.
Батка, штом некој знае да ти го посети блогот, значи знае што е интернет!

И ова - http://milesrbinovski.blog.com.mk/node/15695

Имаше дозволено коменатри. Мислам коментари на биографија?! Но го поправиле, после мојата груба интервенција, хехе.

Ајт доста е, доволно непријатели си создадов за денес.

п.с. Не сум јас крив што ги забележувам глупостите што се случуваат окулу мене.

Кога нешто ќе - од dragan733 на 19 април, 2006 - 22:49

Кога нешто ќе коментираш Ogie земај во предвид какви биле односите во тоа време со Jonycus и кој бил Jonycus. А не само да се прикажуваат факти. Постот во тоа време бил пишуван со иронија кон Jonycus. А зошто така, проанализирај ги моите дискусии од минатото со него.

сликата на toomuchisnotenough
O: Кога нешто ќе - од toomuchisnotenough на 20 април, 2006 - 06:57

dragan733 напиша:

А не само да се прикажуваат факти.

не дај боже!!!

сликата на ogie
Текстот ти е бисер - од ogie на 20 април, 2006 - 13:15

Самиот текст во постот ти е бисер, без разлика во каков контекст е. Немам намера да правам анализа и осврт, ниту да исмевам, само да документирам на едно место бисерчиња од содржината на постови на членови - за после некое време полнење на оваа тема, кога некој ќе ја отвори да има на што да се изнасмее и реминисцира...

тмине, не зезај, тривијално малце редунданција за повеќе забава... кај и да е ќе ги ископам коментарите кога се чудевте со ЗисД дека почнува дијалогот на (кхм) културен муабет да ви личи [намигнува]
Ко што имаше некогаш tag-lines, па некои бисери од коментари стигнуваа статус на tag-line...
За „битните“ дискусии мислам дека би било пофино да бидат „залепени“ на врвот на листата на теми во катчињата. А има и статистики некои таму со теми сортирани по читаност/пишуваност... а тагови за содржина и рејтинг на Багра? [се смее]

И не ми ја полнете бре темата со ирелевантни коментари, пууу неразбрани сушчества!.. [се гази од смеење]

сликата на toomuchisnotenough
- од toomuchisnotenough на 20 април, 2006 - 06:51

Цитат:

Проширете ја темава со други бисерчиња, може да служи како виртуелен графити ѕид на Багра =)

твојата идеа практично значи правење нецелосен мирор на багра.орг. поефикасно ќе да е на ѕидот да ги стааме постовите што имаат некакви значење и смисол.

сликата на Zelka
свииииитииии - од Zelka на 20 април, 2006 - 13:48

свииииитииии вратиииии сееееее!

сликата на ogie
Бисерчиња - од ogie на 21 април, 2006 - 12:55

Цитат:

љубчо -- бичка!

Цитат:

пранко-бедер

Цитат:

Заборавив што се деси со тигарот, ваљда го дадоа у Bronx Zoo (еден од најголемите у свет) ама no animals were hurt, башка и најдоа два не-крокодил, не-алигатор... Како се викаше бе она, исто такво говедо, го има само у Јужна Америка и е пократок....Кајман му ебем, сеа видов на Википедиа.
Е со кајманите не знам што се деси, дал` се и они у Bronx Zoo или џандариве си направиле каиши и кондури.

http://bagra.org/node/7450
[се гази од смеење]

сликата на ogie
кој e nerd? - од ogie на 18 јули, 2006 - 13:04

http://bagra.org/node/4073

Цитат:

Можда јаболки се прејала или чај се препила од кај знаеш дека се начитала [се смее] Хех најгорнана книга е Историја на Светот...кој nerd сум...

од Obi на 22 март, 2005